• Војник •
БОРБА ТЕ ЧЕКА!
- Член од
- 6 април 2011
- Мислења
- 457
- Поени од реакции
- 1.263
Mасакрот во Вејце 2001
На 28 април 2001 година, комбинираната патрола, составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени „Волци“ при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17:45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.
Не смееме и нема никогаш да ве заборавиме! Вечна ви Слава, почивајте во мир.