Ја мислам дека Јуве многу се потценува, а Јуве не промени ништо драстично летово. Лани требаше 2ри да завршат без одземените поени, а оваа година немаат товар од играње среде недела. Очекувам Наполи да падне кај 3-4 место. Во вториот дел на сезоната се виде дека паѓаат од форма, плус голем бенефит им беше што во Јануари бегаа 10 бода и никој не им дишеше у врат. Годинава се без Спалети, го немаат мотивот да бркаат легендарно скудето, нема светско среде сезона.
(Светското среде сезона барем кај Интер се примети, ем се чуваа за него играчите, ем се вратија преморени, пример Брозовиќ и Лукаку).
Кај Милан и Интер е исто скоро да не речам, се очекува многу од нив а од шупливо во празно е работава. Најтешко ми е да прогнозирам каква сезона ќе имаат они. Многу ќе зависи од засилувањата летово како ќе се вклопат и што ќе изиграат они. Лацио ќе падне на газ сезонава, 7-8 место ако не е

Инаку на сите досегашни предвидувања е дека Интер ќе земе скудето, ја се надевам дека ќе се исполнат, ама реално многу тешко дека ќе биде. Треба сите лани што имаа неверојатна сезона Ачерби, Дармиан, Ди Марко пак да играат така, треба голманон да се уигра со нога, треба оноа Бисек да се погоди и најбитно од се, да испадне прогнозава моја за Арнаутовиќ пошто Лаутаро си ги има тие неговите „Ја 3 месеца не давам гол па кој ве ебе“ периоди.