FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Што па толку ве нервира да гледате воени филмови? Читам реакции против Сутјеска, Неретва, Козара :)
Не се измислени настаните, се учеше во школо за тие битки, не знам најновиве генерации дали ги спомнуваат, ама полесно е да изгледаш филм од саат ипол - два отколку да читаш цел ден за битката за оценка :D
Можда пошто на Балканов се правени ко калакурница и поголемиот дел снимани по ист рецепт?
Си видел еден, си ги видел сите. Ко вестерните, бар за мене е така.

Имаш малку црнила, тажење, тежок животот, па ајде ќе се бориме сега, ќе чуваме стратешки објект, па малце мелодрама кај што некоја девојка го губи момчето, па гледаме како плаче по него и се решава и она ќе се бори против Германците, па доаѓа Тито тука и кажува овој објект ќе го чувате со својот живот, па Германциве "изненадно" напаѓаат со екстра сила и многу од партизаниве гинат, па се мобилизираат доста наши селани и тргнуваат и они во борба против Германците и бум-бам сами ги победуваат пошто на нивите учеле стрелање Германци и уништување тенкови, а не копање и вршење.
 
Што па толку ве нервира да гледате воени филмови? Читам реакции против Сутјеска, Неретва, Козара :)
Не се измислени настаните, се учеше во школо за тие битки, не знам најновиве генерации дали ги спомнуваат, ама полесно е да изгледаш филм од саат ипол - два отколку да читаш цел ден за битката за оценка :D
Не реков дека ме нервира да ги гледам или дека се настаните измислени. Ако еден филм е правен според вистинска приказна, не значи дека е интересен. Едноставно, мене таквите историски воени филмови не ми се интересни, не можам да ги гледам, сите се правени по еден ист калап, баш беше убава споредбата со шпагети вестерн филмовите кои исто така ми се еден од најомразените жанрови.
 
Си видел еден, си ги видел сите.
сите се правени по еден ист калап
Па добро таква била војната, најверојатно речиси сите борби по ист калап се одвивале :D :D :D
Различен е можеби оној со тифусарите („Преко воде до слободе!“).
И филмот за Бошко Буха. Било невидено нешто дете-бомбаш.
Уште подосадни се ако може да се каже така, нашите борби, во Македонија.
Освен ослободувањата на градовите, кога на крај ослободителите партизани влегуваат херојски на коњи, другото е веќе видено.
 
Па добро таква била војната, најверојатно речиси сите борби по ист калап се одвивале :D :D :D
Различен е можеби оној со тифусарите („Преко воде до слободе!“).
И филмот за Бошко Буха. Било невидено нешто дете-бомбаш.
Уште подосадни се ако може да се каже така, нашите борби, во Македонија.
Освен ослободувањата на градовите, кога на крај ослободителите партизани влегуваат херојски на коњи, другото е веќе видено.
Ама збориме за филмовите, не за борбите.

Можело на далеку подобар начин да се покаже таа борба како што тоа го има во Отпишаните, во Денови на искушение или Солунските атентатори. (Први вака што ми паѓаат на памет што држат внимание од почеток до крај.)
 
Ама збориме за филмовите, не за борбите.

Можело на далеку подобар начин да се покаже таа борба како што тоа го има во Отпишаните, во Денови на искушение или Солунските атентатори. (Први вака што ми паѓаат на памет што држат внимание од почеток до крај.)
OK, ама еве сме заклучиле дека филм снимен по вистински настан обично не е толку интересен дека не смеат да додаваат измислени работи (како оној The Courier што го анализиравме).
Инаку, Отпишаните не е по вистинска приказна, има додавки, затоа е интересен.
Солунските атентатори сами по себе се интересни :D
 
Пјевајте нешто љубавно 2007

Го одбрав по предлог на Shawn кој го стави овде, а никогаш претходно не бев слушнал за него. Ме привлече самата содржина, пошто баш тој период некаде престојував во Хрватска и успеав донекаде да се запознаам со таа нивна андерграунд сцена. Hladno Pivo, Zoran Misic кој се проби тогаш. Убави времиња. :D

Ми се гледаше и нешто по лајт, онака да се насмеам добро, ама како и секој балкански филм - комедија мора да премине во трагедија и да има некој црн хумор. Такви сме. Експерти за овакви филмови. Па така и овој иако навидум лајт филмче се продлабочува се повеќе и повеќе и го доловува балканскиот менталитет кој владее со типично стереотипни ликови на сјебани фамилии, татковци пијаници, безработица, безнадежност и апатија, корумпирани цајкани, љубовни проблеми итн. итн.
Малку и на носталгија ме фати од тој период. А и јас кај го нашле Божо бе, кој лик. :D И ја имав еден таков Божо на времето што ме викаше шогоре.

Сега кејф ми се прави едно Зајечарско ладно да си отворам... :D


Ќе му дадев оценка више ако ја свиреа "Ту ноч кад :цицки: удавала" на свадбата. Вака 7.
 
Пјевајте нешто љубавно 2007

Го одбрав по предлог на Shawn кој го стави овде, а никогаш претходно не бев слушнал за него. Ме привлече самата содржина, пошто баш тој период некаде престојував во Хрватска и успеав донекаде да се запознаам со таа нивна андерграунд сцена. Hladno Pivo, Zoran Misic кој се проби тогаш. Убави времиња. :D

Ми се гледаше и нешто по лајт, онака да се насмеам добро, ама како и секој балкански филм - комедија мора да премине во трагедија и да има некој црн хумор. Такви сме. Експерти за овакви филмови. Па така и овој иако навидум лајт филмче се продлабочува се повеќе и повеќе и го доловува балканскиот менталитет кој владее со типично стереотипни ликови на сјебани фамилии, татковци пијаници, безработица, безнадежност и апатија, корумпирани цајкани, љубовни проблеми итн. итн.
Малку и на носталгија ме фати од тој период. А и јас кај го нашле Божо бе, кој лик. :D И ја имав еден таков Божо на времето што ме викаше шогоре.

Сега кејф ми се прави едно Зајечарско ладно да си отворам... :D


Ќе му дадев оценка више ако ја свиреа "Ту ноч кад :цицки: удавала" на свадбата. Вака 7.
Дебитантски филм на Куленович. Ја препорачував и серијата 'Crno-bijeli svijet' од него. Ептен feel good ми беа и филмов и серијата.

Лани го снимаше вториот филм 'Smrt djevojčice sa žigicama'. Очигледно и во Хрватска е слична состојбата како кај нас - луѓе што знаат да направат филм, прават еднаш на 15 години, а некој ко Матанич добива секоја втора година, де филм, де серија од HRT.
 
Пјевајте нешто љубавно 2007

И јас само што го изгледав предлог-филмот од списокот на Shawn. :)
Како и devilko и јас очекував на свадбата да биде „Ту ноч кад си се удавала“, штета што не ја испеа таа прва. :D
Многу крвој како за комедија, ама си имаше и свои шеги. Ми се допадна дека има прилично музика.
Не е лош филмот, вреди да се погледне.
7/10
 
#3 Хрватска

H-8... (1958)

Најдобриот хрватски филм според нивните критичари. Одличен почеток на патувањето низ 'липој Кроацији'.

Филмов започнува со најавна шпица која нè известува дека на 14 април 1957 година автомобил со регистарски таблици кои започнуваат со H-8 предизвикал сообраќајна несреќа на автопатот меѓу Загреб и Белград, во која се судираат автобус и камион, и избегал од сцената. Инспирацијата за филмов е од тој несреќен настан.


Одлично напишан, одлично монтиран, и иако исходот го дознаваме уште во првата минута, ми го задржа вниманието до крај.

Низ останатите 99 минути од филмов се запознаваме со патниците и возачите. Одлични ликови, сите беа интересни, со добри реплики. Некои ликови ми беа баш смешни, како жената со бебето, имаше некој смешен глас: "Кажи чики може да се свртиии, искривиче главу тако свртееен" :D, детето на камионџијата исто беше доста интересно.

Музиката беше погодена да држи тензија кога е потребно. Немам некоја замерка конкретна, освен што гласот на раскажувачот ми беше ептен роботски, вештачки, само за тоа му одзедов една ѕвезда. 9/10 и препорака од мене да го изгледате филмов.
 
Торент за H-8 i Ustav Republike Hrvatske некоj да ми пушти?
 
Последно уредено:
How the War Started on My Island (1996)
Kako je poceo rat na mom otoku
MV5BMzE5NjVjMTQtODYyZS00NTJkLWFiZjYtZjEyMWU0YzFjZmJiXkEyXkFqcGdeQXVyNzQwNzQwMjA@._V1_.jpg


Вистинска приказна. Хрватска 91`ва, гласаат независност и почнуваат да функционираат ко независна и самостојна земја. ЈНА сеуште е присутна во касарните, но во едно место на едно островче локалниот офицер од ЈНА не ги почитува законите на Хрватска туку сеуште се држи до федералните, односно законите на Југославија и одбива да ја распушти војската.
Дел од хрватските војници одат на состанок со офицерот Алекса но тој одбива да попушти и се заканува дека ќе го разнесе цел остров ако некој се приближи или проба да нападне. Хрватите пред касарната си организираат концерти, поетски читања, митинзи, се со цел да го омекнат и предомислат офицерот Алекса. Во приказната се вмешува и еден родител на еден од војниците што се затворени во касарната.

Има комичен тек филмов, ко што прочитав ова е еден од првите филмови што вистинска воена приказна ја раскажува со доза на хумор. Режисерот на филмов присуствувал во живо на случувањата и забележал многу комични моменти и ситуации. Подоцна го напишал и режирал филмов иако тогаш планирал документарец од лице место ама немал камера.

Не е лош, мене ми беше досаден и не многу смешен. Хрватите не ми се смешни. И оној Метастазе го имам гледано одамна и добив впечаток дека со сила сака да биде ко српските филмови пуни пцовки и слични улични дешавки.
Плус го гледав на јутуб што секако влијае на самото гледање, друго е кога гледаш филм со квалитетна снимка а друго е двд рип 480 јутуб видео. Види ја сликава и види го видеото. Си има влијание и тоа.

Рене Биторајац има споредна улога како и Горан Навојец (Рефко :D ). Другите не ги познавам.

5/10 оценка.
 
Pjevajte nesto ljubavno

До сега во сеќавање од Хрватски филмови што сум ги гледал ми е "Метастазе" и сигурно некој од тие партизанските само не знам кој е хрватски, кој не. Некои од актерите ми беа познати, од серии мајка ми што ги гледа на тв. Не знам некако не ми одеше филмот, многу долго се извлекуваше приказната. Приказна веќе видена во повеќе балкански филмови, ме потсети на "Панкот не е мртов", и крајот со свадбата на тој од филм клуб словенскиот. Го гледав прееска пред фудбал, што го чекав цела недела, затоа и можеби немав доволно трпение за филмов, па и имаше моменти каде што скипнував понапред.

Му давам една 6ка и тука дефинитивно ќе морам да завршам со Хрватска. Сигурно има подобри филмови, но следната недела ми е турбо период со обврски, а и иам други филмови за гледање, па се слушаме од следната дестинација. :D
 
10. Samo jednom se ljubi / You Love Only Once (1981)

1649618909019.png

Доста комплексен филм. За да се објасни што е она што навистина го издвојува од останатите пост-воени југословенски филмови и кое е неговото значење во југословенската и хрватската кинематографија, мора да почнам со малку историја (иако го спомнав малку истото погоре). Кон крајот на 60-тите години на минатиот век, група млади филмски ентузијасти од поранешна Југославија решиле своето образование да го продолжат на познатата FAMU (Прашка филмска школа). Под влијание на Чешкиот „Нов бран“ и Прашката пролет, по враќањето дома, овие млади режисери во 70-тите и 80-тите создале авторски филмови кои се одликуваат со една слична естетика, кои ја вратиле Југославија на светската филмска карта и кои се многу поразлични од се она што до тогаш се снимало во Југославија. Така, наместо ликовите кои проповедаат некакви идеологии и стереотипизираноста која завладеала по т.н. „Црн бран“ во Југославија, во филмовите на овие млади автори (Лордан Зафрановиќ, Рајко Грлиќ, Срѓан Карановиќ, Горан Паскаљевиќ, Горан Марковиќ и нешто подоцна Емир Кустурица) главни ликови се обичните луѓе, а во филмовите доминира хумор, иронија, хуманизам и една навистина нова креативна енергија. Откако ваквите филмови почнале да ги собираат сите награди по домашните филмски фестивали (Пула, на пример), започнал митот за т.н. „Прашка школа филмови“. И иако овие автори никогаш сами не кажале дека претставуваат една група, еден правец, не истапиле со манифест или програма (како кај Догме филмовите во Скандинавија, на пример), сепак нивните филмови кои споделуваат една слична естетика и ден денес се сметаат за едни од најдобрите остварувања од поранешна Југославија на еден посебен „бран“.

„Samo jednom se ljubi“ е и малку подоцнежен филм во рамките на овој бран, па според мене креативната слобода тука е дури уште поголема, зашто времињата кога филмовите во Југославија биле само пропаганда се многу подалеку од претходно. Рајко Грлиќ извршил одлична работа тука! Сценариото е, реков, комплексно и за восхит. Дијалозите во филмот се беспрекорни. А Мики Манојловиќ (тука млад и со една енергија со каква го немам видено до сега на филм) е извонреден! Неговата глума одзема здив! За :цицки: на Владислава Милосављевиќ нема ни потреба да се зборува!

1649620412135.png


Инаку, во филмот станува збор за раните години во пост-воена Југославија, кога еден поранешен партизан, Томислав, сега член на Титовата тајна полиција, се труди да си го најде своето место под сонцето во новиот дом, но е растргнат помеѓу службата, и љубовта кон една балерина која потекнува од богата фамилија, а со која класните разлики се и повеќе од евидентни, па се чини дека новите „битки“ кои мора да ги извојува се потешки од оние во војната. Тука јас забележав и блага латентна критика кон социјалистичкиот режим, иако можеби немало таква намера. Но од денешна перспектива, не може да се занемари и такво толкување. За храбрите интимни сцени веројатно не ни морам да зборувам - во тој поглед ова може да се нарече: југословенскиот или хрватскиот In the Mood for Love, на пример (иако споредбата е секако неумесна). Овде единствено ми сметаше мракот и сенките, а тие ги имаше во изобилие, што верувам дека е уште едно парче од авторскиот печат на Грлиќ, но можеби да гледав подобра снимка од филмот (ако воопшто има таква) и немаше да ми биде до толку проблем. Вака на моменти се мачев да распознаам што гледам, до толку темницата играше главна улога во некои сцени. Пак ќе речам: ако некогаш ова се реставрира (или ако веќе е реставрирано), ping-нете ме, би сакал да го гледам и со поубава слика. Убав филм! 8/10
 
Никој не го одбра Окупација во 26 слики, многу голотија имало таму, дали вреди филмот не знам, јас не сум го гледала. Ама мислев вие машките ќе сакате голотија што не е порно :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom