14. Tko pjeva zlo ne misli / One Song a Day Takes Mischief Away (1970)

Уште еден од листата „Најдобри хрватски филмови на сите времиња“, ама за разлика од останатите овој јас не би го ставил ни близу најдобрите. Барем по останатите кои ги гледав и од кои сите беа одлични. По сетингот и начинот на раскажување на приказната (преку очите на малиот Перица кого очигледно ич не му е гајле за љубовните проблеми, триаголници и четириаголници на неговото лудо семејство) многу ме потсети на Amarcord на Федерико Фелини. И ми беше ОК првиот час, и баш беше гледлив, интересен и доста забавен. Ама последните 30 минути од филмов се тешка калакурница! Плус тоа „ја љуууууубиииим, јер тако жели срце мооооојеееее!“ почна толку да ми иде на живци што едвај чекав да заврши. Верувам дека Хрватите се на некој начин емотивно поврзани со ова и го гледаат како некое носталгично навраќање кон нивното детство, па од таму високите оценки за филмов (еден од оние филмови на LB кој има повеќе десетки (вкупно 65) отколку било која друга оценка). Инаку навистина не би можел да разберам како толку многу луѓе ова го сметаат за такво ремек дело. Инаку накратко: се работи за една фамилија во Загреб пред војната: убавата Ана и пијаницата Фрањо, кои запознаваат еден човек, претерано галантен, кој се заљубува во Ана, а и таа во него, а кога Фрањо сфаќа за што се работи, се труди да се спријатели со човекот и му ја мести тетката на Перица (не сфатив дали е негова сестра или сестра на жена му), една стара мома и малку лесна во умот. Но работите се комплицираат кога Фрањо ќе се опијани, а скоро цело време е пијан. Сето тоа се претвора во една калакурница во кога ниту еден од ликовите не е доволно like-абилен за да навиваш за него, сите се подеднакво иритантни, приказната се врти во круг, а последниот пола саат клопчето се одмотува на тој начин што филмов ко да се претвора мешавина на скеч од „Солзи и смеа“ со бурлеска, наместо нешто во кое некој би уживал. Само заради првиот саат од филмот кој си течеше сосема нормално, една 6/10 од мене. Ама генерално ни толку не заслужува!