FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Јас се извинувам за пропустот со Азербејџан, но условите периодов не ми даваат друг избор освен да користам Нетфликс. Се надевам дека за Хрватска ќе бидам поуспешен филмаџија.
 
Јас знам само дека Битката на Неретва нема шанси да го гледам, ќе умрам од досада од таков филм.
Нема.

Мада не знам од кај е овој хрватски филм, кога дејството е во Босна а режисерот е црногорец.
Добро ваљда по Јадран филм што е дел од продукцијата.
 
Нема.

Мада не знам од кај е овој хрватски филм, кога дејството е во Босна а режисерот е црногорец.
Добро ваљда по Јадран филм што е дел од продукцијата.
Цела Југославија учествувала во снимањето, се смета за хрватски заради продукцијата. Исто ко што реков: Три Ани е македонски.
 
Има некој да пушти добар торент од Ustav Republike Hrvatske? Најдов само еден на рутракер од гигаипол или нешто така, ама сакам подобар.
 
Ја има и како Letterboxd листа, во моите линкови погоре. Јас знам само дека Битката на Неретва нема шанси да го гледам, ќе умрам од досада од таков филм. Мене прв кој ми фати око е Samo jednom se ljubi со Мики Манојловиќ, тој ќе биде веројатно првиот.

Ако не сум грешка, и дејството беше таму, не само снимен таму. ОК филм, ОК секс сцени, супер цицки. :цицки:

Друго ОК филмче што може да го ѕирнете: Zvizdan (2015)
Sutjeska (ваљда српски или босански е) го имам гледано и преживеав. :D Али се сложувам до негде, поголемиот дел партизански филмови што се снимале се убер досадни. Од тие, Отпишаните мислам ми беа едни од ретките што ми се свиѓаа.

А за дејството во Караула, ми текнува беше граница на Југославија со Албанија, е сега дали беше Охрид или некој друг град, не знам.
Автоматски споено мислење:

Х8 со автобусот кој не го гледал, да го гледа. А ако има реставрирана копија, пишете.
Симнат и планирам тој прво да го гледам. Снимкава што ја симнав е 1080p TVrip oд HRT, ама не е реставрирана.
И од мене апел, ако некој успее да најде реставриран рип нека праќа. (лани реставрирана снимка од филмов беше прикажана во програмата Класици на Кан).
 
А за дејството во Караула, ми текнува беше граница на Југославија со Албанија, е сега дали беше Охрид или некој друг град, не знам.
Охрид беше, Охрид, сега ми текна. Тој беше хрватски војник кој се заљуби во Македонка.
 
Sutjeska (ваљда српски или босански е) го имам гледано и преживеав. :D Али се сложувам до негде, поголемиот дел партизански филмови што се снимале се убер досадни. Од тие, Отпишаните мислам ми беа едни од ретките што ми се свиѓаа.
Најголемиот дел да, како шпагети вестерн се. Но „Битката на Неретва“ стои рамо до рамо со најдобрите воени филмови, барем од тој период.

И сите овие спектаклите се југословенски. Не се ниту хрватски, ниту српски, ниту босански.
 
И сите овие спектаклите се југословенски. Не се ниту хрватски, ниту српски, ниту босански.
Сите се југословенски, до еден. И на сајтот на Академијата како земја на потекло стои - Југославија. Исто и за анимираните. Исто и за Дае на Столе Попов. Само што во зависност од тоа кое студио го продуцирало филмот, во денешно време ги сметаат дел за српски, друг за хрватски (тие од Јадран Филм и Загреб Филм)... Дае и Три Ани за македонски...
 
За спектаклите ко Сутјеска, Неретва во кои учествувале сите републики и се фрлиле огромни пари, да.

Ама пример „Среќна Нова '49-та“ или „Црно семе“ и останатите создадени од Вардар Филм, Македонија Филм и уште некои здруженија на филмски работници, се македонски филмови создадени во време на Југославија.
 
Имаше југословенски филмови кои беа продуцирани од републичко студио и во кои комплет или најголем дел од екипата и актерите беа од таа република. За нив е ок да се каже дека се од таа република што е сега држава.
Но овие големиве филмови каде што играа и учествуваа поединци од сите краишта на Југославија, не може некој да ги присвои.

Си го пишал истото пред мене :)
 
Последно уредено:
Имаше југословенски филмови кои беа продуцирани од републичко студио и во кои комплет или најголем дел од екипата и актерите беа од таа република. За нив е ок да се каже дека се од таа република што е сега држава.
Но овие големиве филмови каде што играа и учествуваа поединци од сите краишта на Југославија, не може некој да ги присвои.
Да, да, те сфатив на што мислиш. Еве конкретно „Битката на Неретва“ според мене е повеќе босански отколку хрватски, зашто најголем дел од студијата кои го продуцирале се од денешна Босна. Има дури и италијански, и германски и американски продуцент.
 
Првиот од Хрватска за мене е Метастазе - 2009.

Филмов го имам гледано пред некои 10 години и баш се потсетив денес дека го има на YouTube.

Приказна за 4 другари и нивните авантури низ Загреб. Секој лик е претставен низ своја приказна, секој со своето зафркнато минато и сегашност.

Метастазираат, стагнираат во својот Загреб кој ги ништи исто како и болест.

Има свои комични моменти кои највеќе ми се допаднаа, а и во целина ми се допадна сега, исто и како пред Х години. Стилот на фокусирање на секој лик одделно пред да ги склопи во финалната заедничка авантура е највпечатливо за мене.

8/10 зошто обработува секојдневија кои се познати и за нас и за нашето тло.
 
Има некој да пушти добар торент од Ustav Republike Hrvatske? Најдов само еден на рутракер од гигаипол или нешто така, ама сакам подобар.
Добра е снимката. Барав и јас, нема други.
 
Што па толку ве нервира да гледате воени филмови? Читам реакции против Сутјеска, Неретва, Козара :)
Не се измислени настаните, се учеше во школо за тие битки, не знам најновиве генерации дали ги спомнуваат, ама полесно е да изгледаш филм од саат ипол - два отколку да читаш цел ден за битката за оценка :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom