Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
ПСЖ се уште се против Суперлигата. Од другите вести издвојуваме небото е сино а водата е влажна.
 
Ако земеме и дека другите англиски екипи ќе одбијат, реално уште Милан и Јувентус фалат од поголемоте клубови да се изјаснат.
Значи сакаш да кажеш дека до сеа сите големи тимови се изјасниле и останаа помалите хехехе
 
Се заебаа што денеска одма ја најавија новата Супер Лига, откако излезе одлуката од Европскиот Суд.

Требаше да почекаат, доволна победа им беше самата одлука. Требаше да тактизираат малце и наредниот период да го искористат за преговарање со владите на државите и нивните федерации. Не со самите клубови, со клубовите отпосле откако ќе ги исчистеа сметките со владите на државите и самите федерации.

Ич не сум зљ Супер Лига, освен што го насочува целиот бес од фудбалскиот свет према Реал и е сламка за спас на Барса никакво друго фајде нема.

Најлошото можно сценарио што се надевам дека нема да се случи е да се подели фудбалот и едните да играат во ЛШ, а другите во Супер Лига.
 
Какви медиокретски натпреварувања бе? Па си функционира системот, по 4 тима директ у ЛШ имаат најјакиве лиги, тие од Косово и Молдавија почнуваат од 1 коло претквалификации и треба да тепаат 2349 екипи за да се докопаат до групна фаза во ЛШ. Со ова Супер Лигава тимовите што ќе учествуваат во неа ќе ги боли стапот за домашните првенства и кое место ќе завршат таму, секако ќе си бидат пласирани во Супер Лигата и ќе лапаат огромен дел од колачот.
Од кој колач ќе лапаат дел? Од тој што сами го направиле? Тоа е нивен колач, треба да го трошат како сакаат.

Реал Мадрид може да постои како клуб уште 100 години ако се натпреварува во лига во која не игра Партизан. Партизан е тој што би мизерувал ако нема шанса да игра во лига со Реал Мадрид. И затоа гласот на Партизан не треба да биде еднаков со гласот на Реал Мадрид.
 
Колачот, или со зборови на тие што сакаат да успее Супер лигата, финансиска стабилност.
 
Ќе има испаѓање ама не како што моментално има туку само два тима од стар лигата ќе испаднат во голд лигата, два тима од голд лигата во блу лигата и десет тима од блу лигата ќе испаднат и нивните места ќе бидат надополнети со тимови кои ќе се квалификуваат преку домашните првенства. Ова значи дека за да гледаме некој дуел како Реал - Копенхаген на пример Копенхаген ќе треба прво да се квалификува во блу лигата, па да бидат еден од двата најдобри тима во блу лигата со што би се квалификувале во голд лигата и потоа и таму да бидат најдобри за да стигнат до стар лигата каде што би играле против најдобрите тимови. Не знам како ова би било добро за помалите клубови и за тимовите што не се од топ 5 лигите. Едино ако им се гарантира некој огромен финансиски буст.
Види, мене лично најмногу ми се свиѓа моменталниов формат. Кога нешто работи перфектно од 45-та наваму, нема потреба да се менува. Се усраа УЕФА и го прави истиот формат како и СЛ.

Парите од СЛ ке одат за клубовите а не за УЕФА. Автоматски повеќе пари се влеваат и за останатите клубови кои не играат во СЛ се до бетон лигите. Рамноправно се распределуваат парите и не мора да има ситуации Бепе Марота да проси за 2милионски играчи да плаќа на 60рати, Јуве да се бламираат со плусваленците, цела Шпанска лига да потроши 150милиони во летен трансфер рок, а од друга страна ПСЖ да троши колку си сака, Сити со 100тужби кур да не ги чуе, Јунајтед да фрли 100ка за Антони и да не се осети.

За помалите тимови секоја сезона тука на темиве има плачење. Кај залутале овие, Лига Европа група, не било интересно за гледање. Еве и ова осмина финале плачење не биле интересни паровите, се се знаело кој ке пројде. Мене лично ми е убаво е кога Шериф Тираспол ке дојде на Бернабе и ке го плесне Реал. Затоа најубаво ке беше уште на првото формирање во 2021 да воведеа ист формат и пласмани според националните лиги и сега ке си гледавме СЛ. Ситуавијава ми делува кое помало зло да одбереш.
 
УЕФА нема никаков кредибилитет..неможе Милан да го казнуваат за Ффп пошо ги купил Салемакерс и Кеси а Сити и ПСЖ што ги купија сите најдобри играчи и трошат поише на плата него цела Италија да си поминат без казна и за нив да не важи ффп.

Оној од ПСЖ муџата што се буни против Супер Лига демек за да се спаси фудбалот е ист како Али паша наш кога ќе каже дека се бори против корупција а самиот он е поим за корупција.
 
Види, мене лично најмногу ми се свиѓа моменталниов формат. Кога нешто работи перфектно од 45-та наваму, нема потреба да се менува. Се усраа УЕФА и го прави истиот формат како и СЛ.

Парите од СЛ ке одат за клубовите а не за УЕФА. Автоматски повеќе пари се влеваат и за останатите клубови кои не играат во СЛ се до бетон лигите. Рамноправно се распределуваат парите и не мора да има ситуации Бепе Марота да проси за 2милионски играчи да плаќа на 60рати, Јуве да се бламираат со плусваленците, цела Шпанска лига да потроши 150милиони во летен трансфер рок, а од друга страна ПСЖ да троши колку си сака, Сити со 100тужби кур да не ги чуе, Јунајтед да фрли 100ка за Антони и да не се осети.

За помалите тимови секоја сезона тука на темиве има плачење. Кај залутале овие, Лига Европа група, не било интересно за гледање. Еве и ова осмина финале плачење не биле интересни паровите, се се знаело кој ке пројде. Мене лично ми е убаво е кога Шериф Тираспол ке дојде на Бернабе и ке го плесне Реал. Затоа најубаво ке беше уште на првото формирање во 2021 да воведеа ист формат и пласмани според националните лиги и сега ке си гледавме СЛ. Ситуавијава ми делува кое помало зло да одбереш.

Целосно се согласувам. Нека се воведе salary cap, нека се забранат спонзорства од сомнителни компании кои веројатно испумпуваат пари од катарски и саудиски државни фондови и никој нема да има проблем со сегашниот формат. Пошто едноставно не може клуб ко Реал да ги поштува сите правила и да се окози за да изгенерира плус приходи, додека други клубови да бидат спонзорирани од нафташки земји. Нека секнат нафташките пари и ќе видиме кои од сите тие јужноамерички таленти и ѕвезди пре ќе ги одберат Сити и Њукасл наместо Реал и Барселона и чива лига би била најатрактивна. Јебем ти лигата кога шпанските тренери и попут некој шваба ти се најуспешните тренери и ти ја владеат лигата.
 
Од кој колач ќе лапаат дел? Од тој што сами го направиле? Тоа е нивен колач, треба да го трошат како сакаат.

Реал Мадрид може да постои како клуб уште 100 години ако се натпреварува во лига во која не игра Партизан. Партизан е тој што би мизерувал ако нема шанса да игра во лига со Реал Мадрид. И затоа гласот на Партизан не треба да биде еднаков со гласот на Реал Мадрид.
Па не е еднаков. Каков глас човече што зборуваш? Реал Мадрид може цела Србија со се партали да ја купи не пак Партизан како клуб, разликата е што во евентуална Супер Лига Реал ќе има многу повеќе отколку Партизан, односно гапот ќе се зголеми со тоа што најдобрите 15тина екипи ќе бидат енормно побогати од другите. Таков фудбал и свет јас не сакам, да се богатат најбогатите и да гледам досаден еднодимензионален фудбал.
 
Ете сам кажа. Реал во лига без Партизан - побогат од сега. Партизан во лига без Реал - мизерен.

Значи во моментов Партизан краде од Реал. Троши пари што друг ги продуцирал.
 
Реал Мадрид и сега може да ја купи Србија и Партизан.

Башка сме сведоци дека не секогаш парите победуваат, Копенхаген за неколку сезони може пак да игра со Реал ако имаат успех или Реал немаат успех па отидат надоле у таа Супер Лига.

А и да не играат со Реал а земат поише пари од Супер Лига него од ЛШ тогаш сигурно ќе паднат у депресија како не играле еднаш со Реал, мислиш секоја сезона играат еден против друг.
 
Ете сам кажа. Реал во лига без Партизан - побогат од сега. Партизан во лига без Реал - мизерен.

Значи во моментов Партизан краде од Реал. Троши пари што друг ги продуцирал.
Како тоа краде? Иста ли е распределбата на пари од ТВ права? Иста ли е распределбата на пари од спонзори? Зошто бе вакви работи кажувате не сфаќам...
 
Не е ни бренд вредноста на Пеко иста со тие на Најк и Адидас.
 
Како тоа краде? Иста ли е распределбата на пари од ТВ права? Иста ли е распределбата на пари од спонзори? Зошто бе вакви работи кажувате не сфаќам...
Не е иста, во корист на Партизан е. Реал продуцира 15% од парите (карикирам) а добива само 5% назад. Партизан продуцира 0.01% од парите, а добива 1% назад. Во кој свет тоа е нормално?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom