Заслужена титула за Макс, маестрално извозе цела сезона. Едно ниво подобро од сите останати. Луис и мерцедес веројатно прележерни влегоа во сезоната и тука лежи поразот. Прекасно го подигнаа нивото, последните трки повторно наликуваа на мерцедес од изминатава деценија, ама макс и рб беа достоен противник. На крај, со последната одлука веројанто мерц беа оштетени, ама генерално имаше одлуки во нивна корист во текот на целата сезона, па немаат право да се бунат. Според мене најферски ќе беше црвено знаме при инцидентот на љатифи, па да гледаме рестарт со софт гуми кај двајцата, тоа ќе беше прав пекол иако и ова беше 10/10 финиш на една епска сезона. Ако имавме ригидно следење на правилата, тогаш луис ќе освоеше со сејфти карт, и ќе беше најоспоруваниот шампион во историјата на ф1. И за него подобро што не освои така, ионака веќе е најомразениот шофер на гридот. Вака ќе има можност следна сезона ферски да атакува на осмицата.
Се на се, за мене како неутрален (во однос на луис-макс) феноменална сезона. На почетокот го поддржував макс, во текот на сезоната се префрлив во камп луис пошто мислам дека преголем неоснован хејт јадеше човекот. Како и да е, одличен крај. Да освоеше луис сигурен сум дека ќе снимаа филм за сезонава, со некој вил смит во главна улога и кандидат за оскар ради блм. Вака, нема толку голема приказна за холивуд (освен ако не се врати следна сезона со 8 титула и пензија). Се гледаме следна година!