Две работи ќе кажам
1. СЕ У ПИЧКА НА ФИА
Болидите што заостануваа еден круг требаше МНОГУ порано да бидат пуштени и да се вратат на нивните позиции. Да не се бунеа Ред Бул немаше ни да бидат пуштени да се вратат во лидерскиот круг со што ќе го блокираа Макс без причина.
Кога праша Хорнер зошто не ги пуштаат да направт unlap не доби никаков одговор од Маси кој беше тотално збунет. Виде дека нема да може да изврши кражба па тотално аматерски ги пушти во последен круг и не им даде 2 круга борба. И сега испадна дека му поклониле на Макс титула, а уствари за влакно не успеаа да го ограбат.
Исто така можеа комотно црвено знаме да покажат, за многу помали работи рестартираа трки сезонава.
Цела гоманрија започна уште на првата трка сезонава во Бахреин кога Хамилтон 28 пати без проблеми кратеше кривина без да биде казнет, а кога Макс го направи истото беше инстантно казнет. Од тогаш нема фер судење и сите одлуки беа во штета на Макс, освен во Бразил каде што се изрезилија ФИА за сите пари.
2. ПРАВДАТА Е ЗАДОВОЛЕНА
Искина цела сезона и ова е една од најзаслужените титули што ги имам видено за овие 20 години следење Ф1.
Ред Булот беше подобар на 5 трки (Монако, Баку, Австрија х2, Мексико). На неколку трки беа еднакви и победи тимот со подобра стратегија/подобри квалификации (Бахреин, Франција, Америка, Холандија), на остантите 10 Мерцедес беше подобар.
На ова додади ги изгубените бодови во Силверстон, Унгарија и Баку каде Макс имаше 0 (нула) вина, неправдите од ФИА и просто не ти се верува како всушност успеа да земе титула.
Мислам дека песнава е соодветна за после се што се случи сезонава