Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Дисклајмеров на кутијата треба да се дополни со-во случај маската да се пере десетина пати...ич
 
Сите мерки се џабе ако не се затвори Скопје за продолжениот викенд, ќе има ширење во сите градови и села. И да се укини викенд без ДДВ нормално.
 
Короната не фаќа пред 22ч. :D

Исто така, многу ме интересира како ќе ја спроведуваат мерката „забрана за собирање на повеќе од 4 луѓе дома“, односно како ќе проверуваат? :D
Исто како и до сеа. :D
 
Ти напиша затоа што луѓето не носат маска. Од каде да знам дали мислиш во затворени простории или отворени.
Башка што новите рестрикции се повеќе за отворен него затворен простор:D
 
Само од смрдлив здив не чуваат маските ваши.
da807f886b8416f337758eb495a092ec.jpg
Маските, поготово овие хируршките, платнените, нема да спречат да се внесе вирусот по респираторен пат (т.е. со дишење). Но, кога збориш, плунката која ја испушташ ќе се задржи на маската во најголем дел. Затоа препораките се - носење маска + држење дистанца. Во таков случај нема шанси за пренесување на вирусот. Многу мала е веројатноста ако двете лица носат маски, а не држат дистанца. Затоа се вика дека маските се носат за заштита на другите.

Исто како и до сеа. :D

Мислам реално, собирање ќе има пред 22 часот на поголеми групи. Ова за носење на маска ако си сам по улица (а не спортуваш - патем, што се подразбира под спортување? :D ) е малце глупо, освен во случаи каде има поголема концентрација на луѓе (отворени трговски центри, а притоа не се наоѓаш во продавница и сл.).

АМА како ќе проверуваат колку луѓе сте дома? :D Ок, комшија може да викне полиција и да каже „Комшииве до мене галамат, МИСЛАМ дека се 9+ души“ :D . И, како полицијата ќе провери ако не им дозволиш да влезат во домот?
Да не зборам што пишува „максимум 4 лица од иста фамилија“ - што е со фамилиите во кои живеат 5+ членови? :pos: Во ред, да искочи ова во Службен весник, можеби има некој искчучок.
 
Ти напиша затоа што луѓето не носат маска. Од каде да знам дали мислиш во затворени простории или отворени.
Well pardon my French. Од сега ќе внимавам строго на моето изразување на форумов. По сто пати за истото ме цитирате. И да пишам така, пак ќе се најдеше некој паметен да ме цитира за маските.

Значи просто е. Во затворен простор, во гужви, на собиранки, кои не може да се избегнат, мора да се носат маски или марами или whatever. Може не ве штитат 100%, ама барем 50% ве штитат. И сега, ако ви е мил животот мора да носите, затоа што вирусот се пренесува аерокапково, преку т.н. флигеови капки. При кашлање, кивање, зборување истите се ослободуваат и многу лесно може да дојдат во допир со респираторната мукоза. Зборено е сто пати, на долго и на широко, ама еве пак, надежно дека ќе се подигне свеста на народот.
Ако немате потреба од излегување, не излегувајте.
 
И маскиве знак прашалник дали помагаат , ја нигде немам најдено на интернет дека хируршките маски го заштитуваат тој што ја носи маската.
 
Не пишав за целосно затварање, туку делумно, рационално.
Си пишал у ниту една нормална земја немало мерки, имаше локдауни у Њу Јорк рецимо, Калифорнија, понормални здравје.
И еве баш сеа прочитав "Кафулињата и баровите во целиот регион на Брисел од утре ќе бидат затворени еден месец со цел да се запре зголемувањето на бројот на новозаразени ".
Нели баш погледите у Брисел и ЕУ ни се насмерени.

И пак ќе пишам, лично не сум за никакви мерки. Ама кога иде нешто по ѓаволите мора да се интервенира.

Целосен карантин од по три - четири дена ко за 1 ви мај, Велигден немало никогаш. И тој полициски час после 7 што им беше не можеа да го спроведат и баталија. Целосен карантин (карантин од по неколку дена) ни во УК немаше али затоа кога се собираа Енглезите во групи по плажи и паркови идеше полиција и ги тргаше.
 
И маскиве знак прашалник дали помагаат , ја нигде немам најдено на интернет дека хируршките маски го заштитуваат тој што ја носи маската.
Имаше дури една студија, помагале/штителе 50%. Ама еве на СиЕнЕн рекоа дека биле подобри и од вакцина, јас им верувам на СиЕнЕн.
 
Well pardon my French. Од сега ќе внимавам строго на моето изразување на форумов. По сто пати за истото ме цитирате. И да пишам така, пак ќе се најдеше некој паметен да ме цитира за маските.

Значи просто е. Во затворен простор, во гужви, на собиранки, кои не може да се избегнат, мора да се носат маски или марами или whatever. Може не ве штитат 100%, ама барем 50% ве штитат. И сега, ако ви е мил животот мора да носите, затоа што вирусот се пренесува аерокапково, преку т.н. флигеови капки. При кашлање, кивање, зборување истите се ослободуваат и многу лесно може да дојдат во допир со респираторната мукоза. Зборено е сто пати, на долго и на широко, ама еве пак, надежно дека ќе се подигне свеста на народот.
Ако немате потреба од излегување, не излегувајте.
Овие процентиве од кај ги вадите :D абе се изнатресоа глупости докториве. Ако имаш со тебе на работа само господ те спасува да не се заразиш. Не за џабе 2 слоја скафандер носат докториве. Ја лично знам луѓе што се заразиле на работа со маски а дома без маски не пренеле на никој. Оди најди логика.
 
Anything is better than nothing.
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 269897
Во превод џабе носам маска ако соговорникот не носи.
Имаше дури една студија, помагале/штителе 50%. Ама еве на СиЕнЕн рекоа дека биле подобри и од вакцина, јас им верувам на СиЕнЕн.
И ја им верувам на CNN :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Како тргнало, не ни бега нов карантин...
 
Овие процентиве од кај ги вадите :D абе се изнатресоа глупости докториве. Ако имаш со тебе на работа само господ те спасува да не се заразиш. Не за џабе 2 слоја скафандер носат докториве. Ја лично знам луѓе што се заразиле на работа со маски а дома без маски не пренеле на никој. Оди најди логика.
Да. Секаде низ светов докториве глупости траскаат. Како тоа ти со твоето подпросечно медицинско знаење, знаеш дали јас траскам глупости?!

Абе многу сте силни вака на зборови. Знаеш со колку такви се соочувам дневно?

Влева низ врата, ни добар ден ништо. Уште не прегледан он мене ми кажува инјекција дека требало да му се стави. Чекај малку бе! Кој учел шест години школо тука, јас или ти???
Како го третирате медицинскиот персонал не е ни чудо што си даваат откази и си бегаат у Германија.

Засрамете се бе малку! Бонтон и култура покажете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom