Todorovski iznel dokazi za deklariranje kako Bugarin od strana na K.Petkov Misirkov a prethodno ne dozvolil analiza od strana na Makedonskite istorichari na istite "dokazi" pristignati od Sofija.Ete tuka e celata zbrka.
Отворено писмо од Крсте П. Мисирков до Зоран Тодоровски
Тешко ми е и потешко не можит да бидит. По 100 години да се јавит јунак Бугарин да ме праи. И то Зоран Тодоровски - директор на Државниот архив на Р. Македонија. Прашуем која влада го стави во слободна, независна и самостојна Македонија Бугарин да ме праи. Или то је политика на влада? Кој знаит. Можит и да јет така. Време јет некој да се свестит, како З.Т., дека сите сме ти ние Бугари. А шчо да праиме со Македонците. Ги имат или ги немат. Шчо се тие, марсовци или виртуелност.
Тој зборит и то да сите Македонски револуционери сет Бугари и леви и десни и центар и напред и назад. Шчо се случует со мојата мила Македонија. Памет не ни идит. Тешко ми е и потешко не можит да бидит. Не можам сам да се бранам. А шчо и зошчо да се бранам. Како можит денес во то шчо остана од Македонија, слободна, независна некој да не вракат назад и Бугари од мене и сите да праит. И то со таламбаси. Негоите пријатели (на З.Т.) од Бугарија божем дневник мој откриле. А тој јунак нудел многу пари (чии?) да го купит. Ама Бугарите дале многу поеќе! Е, Зоране, Зоране, кога ти би сакал, шчо не сакаш, би дал многу поеќе за да го имаш то шчо сега Бугарите го имат, а ти сега како божем голем „Македонец“ ќе го објавуеш заедно со Бугарите. Браво. А како знаиш да ли или не јет фалсификат. А шчо ќе докажуеш. Дека ја сум бил Бугарин. Аферим. Знаиш да Македонецот секогаш страдал од Македонецот. Круша под круша паѓат. Ти не можиш да бидиш исклучок, то најдобро го знаиш. Ама можит ја грешам. Па и можит да јет така. Ти да не не си Македонец па и мене, сакаш да ме напраиш Бугарин (а не Б’лгарин како шчо стоит во „мојот“ дневник), па и сите Македонци. Се прашу’ем ти да немаш некоја мисија во Македонија!? Спонзорите се знаит.
Зоране, да сет бидит Бугарин јет било многу лесно и тогаш и сега, ама да сет бидит Македонец е многу тешко, беше тогаш, а и изгледа и денес. Ти то најдобро го кажуеш. А види, ти се чуда, не дааш одговор од кога то ние сме ти станале Македонци. Или сакаш да кажиш дека ние сме виртуелна нација, а само сме ти чекале некој како тебе, Месија, од бога даден, за да ни кажит дека овие 62 години сме замислувале дека сме ти Македонци. И сега ти ни го отвораш морето и ние како слепци те следиме на патот кон Европска Бугарија.
Почитуван г. Тодоровски, ја од моја страна ќе си позвол’ам со чистосрдечно прискрбие да видам во сегашното Ваше искажуен’е баране за целосно изменуаин’е на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг праец, или угрожаваат нему со полно унишчожааине. Народните идеали, или долгот кон таткоината, се разбираат од разни членои на народот различно, но вие изгледид го разбирате сосема погрешно. Си думав дека Вие во Македонииа сте го надминале прашаинето шчо не делеше нас. Но од Вашето кажуен’е се гледит да ке се делиме и понатаму. А то го велит чоек, директор на Државниот архив на Македонија. Велите дека сите Македонци, револуционери биле Бугари. Аферим, бе Тодоровски, нишчо ново. Ми сет чинит како нишчо да не сте научиле, али така ми сет чинит. Ај шчо не сте научиле ами и друзите грешно сте ги учеле овие години. Зар не мислите дека историата ке ве осудит. Вие се уште не сте наи верно иет разбрал истинцкииот и наи праииот народен идеал. Како да сте забораиле долгот кон таткоината и народо кон кои требит да се стремит секој свесен чоек Македонец до негоото осашчествуаине. Така ет било и така требит да бидит. Но вие требит да знаите дека искажуаинето на своието разбираин’е на народните идеали и критиката на таквииа не иет праздна работа, зашто идеалите сет душа на обшчата народна работа и од здравоста на таиа душа зависит и здравоста и плодитоста на самата обшченародна работа. А Вие ако не знаите, а требит да знаите лошо разбраните народни идеали само уголемуат народните нестреки, без да донесат полза на народот.
Вие изгледат погрешно сет разбрали долгот кон таткоината. И сега иас по требит одноо да доказуам зошчо сме ние Македонците Македонци. А много време немит, времето работи протин нас-Македонците, а посебно такви како Вас, који со политичка подршка работат против народните идеали. И како да сте забораиле дека иеден од наи главните долгои на македонцката интелегенција бил, а гледам дека уште иет да се отстранат иеднаш на секога од Македонииа бугарската и српска пропаганда. Вие како да се свестифте сега, дека нешто не јет како шчо требит со вашата си националност. А зошчо и како само вие знаите.
Г. Тодоровски, секој чоек како член на некоја нација и држаа имат извесен долг кон ниф. Долгот кон народот и таткоината зависат од приликите историцки, који преживуат једен народ и една земја. Дали знаиш дека долгот кон народор сфој и таткоината, до негоото осашчествуан’е, се велит дека јет народен идеал и кон негоото осашчествуајн’е требит да се стремит секој свесен Македонец. Требит да се знајте, ти посебно пак, народните идеали, или долгот кон таткоината, се разбираат од разни членои на народот различно. Г. Тодоровски искажуај’ето на својето разбирајн’е на народните идеал и критиката на таквија не јет праздна работа, зашчо идеалите сет душата на обшчата народна работа и од здравоста на таја душа зависит и здравоста и плодоитоста на самата обшченародна работа. Лошо разбраните народни идели само уголемуат народните нестреки, без да донесат полза на народот. Дали Г. Тодоровски Вие сте једен од тие кој сакат да уголемуе нестреките на македонцкиот народ? Ја сум зборуел зошчо отцепуеајн’е од Бугарите, а ти сега зборуеш за обединуенје со Бугарите и дека ја сум бил Бугарин. А ја зборуев за отцепуенј’ето вака: отецепуенј’е од тије шчо сме веке отцепени и со који никој пат не ке ни позвол’ат да се сојединиме, а за сојединуајн’е со тије, со који сојединејн’ето јет возможно. Ако со нашето отцепуајн’е од балканцките словенцки народи достигниме сојединуајн’ето на сето македонцко словенцко населејн’е во једно цело, ние не ке ослабниме, туку ке се усилиме. А и тогаш некоји од нашите „пријатели“ пита: дали од нашето отцепуајн’е од балканцките народи, ке се восползуат нашите непријатели и који се тије? Во Бугарија тогаш беше мода да се зборуат да сет најголеми непријатели на балканските словени Русите и Австро-Унгарците који сакаат на почва на македонцкото прашајн’е да се зафатит и продолжит једна борба мег’у Србите и Бугарите, која ке ослабит, силите и на једните и на друзите до таква степен, шчо ке требит да се набркаат во балканцките работи Русија и Австро-Унгарија и првата ке завојуват Бугарија и Стамбул, а втората Србија и Солун. Јас тогаш не се согласив со такво глабоко политично „далековидејн’е“. Можит, Бугарите и беа праи, кога мислеа, оти Русија без Бугарија не можит да сашчествуат, ни политично, ни економцки, но г. Тодоровски то јет била бугарцка политика, а јас ни тогаш не сум бил намерен да политиканствуам бугарцки. ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ И ИНТЕРЕСИТЕ на мојата таткоина ми се претставует тогаш така: НЕ РУСИЈА И АВСТРО-УНГАРИЈА СЕТ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, А БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И СРБИЈА. САМО ЕНЕРГИЧНА БОРБА СО ТИЈА ТРИ ДРЖАИ, ТОГАШ, КЕ ЈА ИЗБАИШЕ ОД ПОГУБУАЈНЕ НАШАТА ТАТКОИНА. И мој Зоране ти упорито ме буткаш во Бугарштината, а зошчо и како само ти знаиш. А требит да знаиш оти време иет (за тебе сигурно и доцна) да отфрлиш од очите твоји мрежите, шчо ти ги кладе (кога и како?!) бугарската пропаганда. А иас, види, погрешно сум мислил шчо ти како директор на ДАРМ во веке слободна, назависна и самостоина држаа Македонииа, ке се трудиш да работиш на докажуенје на нашата македонска нација. Но од вашето прискрбиие се видит шчо вие сте далеку од идеиата за полно отдел’аин’е на нашите Македонцки интереси од интересите на Бугарија и за културно-национално развииаин’е.
Ве думав за чоек со иасно сознааине на моралнииот долг на чоека пред негоата таткоина и негоиот народ. Арно ама, сум се излагал. Кога Вие, како висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, мислите да се Бугари сите револуциионери, шчо останало за друзите. А дали така мислит и друзите во ВМРО-ДПМНЕ? Тешко на Македонија со такви идеији, прискрбииа и раководители.
П. С. Убеден сум дека македонските историчари, чесни Македонци, не го делат Вашето мислен’е. Длабоко верувам дека сте редок исклучок од чесната македонска интелигенција.
К.П.М. вторпат за македонцките работи