Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Подобро кошаркариве нека ги викнат, по талент за фудбал се тука некаде.
 
Моментално мислам дека никогаш фудбалската репрезентација не била во полоша положба на играчки план. Премногу сме слаби. Премногу. Очајни.
Мислам дека нема да имаме победа во квалификацииве. Евентуално една со Луксембург. :facepalm:
 
Ете го Ѓуровски со сензационалан изјава,против Шпанија не смееме брзо да ја губиме топката:eek::pos:.Жити мајка што ми рече:facepalm:.
Заборави да додаде и дека ќе треба да се обидуваме голој да клајме :pos:
 
За почеток да не тресе зелени.Нормално е дека не треба да се губи топката,е сеа и сам си знаеш,колку е тоа можно против Шпанија.Ние со Андора не можеме топка да чуваме,не па со Шпанија.
 
Не беше баш таква изјава мислам бе, општо велеше дека треба играчите да имаат самодоверба кога топката е во нив, е сега со Шпанија кој би можел да се пофали со посед? скоро никој..
Факт е дека сме можи најслаби до сега ама тоа е јебига, поарни играчи немаме и најмногу ме нервираат изјави од типот кошаркарите нека влезат или јас поарно да играм, ти ако знаеше немаше пред тастатура да седиш..
Пак ќе речам слаби се играчите, со ограничени можности, на последната утакмица имаше залагање во склоп на можностите...шо ќе биди нека биди, само да не се плука толку и самите играчи губат на самодоверба...
 
што и да кажел секогаш ќе се најде некој да пројаде. таков е менталитетот на народот.
не е менталитет,тоа е македонскиот начин на живот . Смислата на Ѓуро му беше ,да не се брза со акциите ,да се држи посед и што повеќе топката на земја и логично да се игра , ако го изгледавте шо збори ,тоа му беше поентата . Неколку пати изјави дека кога ќе земеме топка , а поготово средината ,гледаат одма долга топка или пак да се ослободат и делуваат нединамично .
 
Факт е дека сме можи најслаби до сега ама тоа е јебига, поарни играчи немаме и најмногу ме нервираат изјави од типот кошаркарите нека влезат или јас поарно да играм,.
Јас го кажав тоа со кошаркарите и стојам на тоа. Тие барем имаат желба за надигрување, да покажат дека се подобри од она што цела јавност ги мисли и засега добро им оди тоа. Речиси од заминувањето на Катанец репрезентивците играат без желба, доаѓаат колку да се видат со фамилијата, да изиграат, да се испијанат и си заминуваат, а ние после го трубиме со месеци. Треба целосен ремонт на овој тим кој го имаме сега, треба да се гради репрезентација која би имала бар нешто да покаже за пет години, оти со играчи од Партизани Тирана далеку ќе стигнеме. И во ситуацијава во која сме во моментот, мора да се повикуваат играчи како Бабунски, Велковски, Аврамовски, Димитриевски, не мора да играат, ама добро би било да се дел од атмосферата. Ако сериозно работеа од ФФМ немаше да се замараат за мечот против Шпанија, ќе се замараа за некој меч кој ќе го играат после пет-шест години.
 
Добро, што треба според вас да каже за натпреварот против Шпанија а да избегне сеир?
Дека претходниот пат на Филип Втори Арената се спасија ама овој пат малку потешко!!!
 
Јас го кажав тоа со кошаркарите и стојам на тоа. Тие барем имаат желба за надигрување, да покажат дека се подобри од она што цела јавност ги мисли и засега добро им оди тоа. Речиси од заминувањето на Катанец репрезентивците играат без желба, доаѓаат колку да се видат со фамилијата, да изиграат, да се испијанат и си заминуваат, а ние после го трубиме со месеци. Треба целосен ремонт на овој тим кој го имаме сега, треба да се гради репрезентација која би имала бар нешто да покаже за пет години, оти со играчи од Партизани Тирана далеку ќе стигнеме. И во ситуацијава во која сме во моментот, мора да се повикуваат играчи како Бабунски, Велковски, Аврамовски, Димитриевски, не мора да играат, ама добро би било да се дел од атмосферата. Ако сериозно работеа од ФФМ немаше да се замараат за мечот против Шпанија, ќе се замараа за некој меч кој ќе го играат после пет-шест години.
Ремонт да правиш немаш можности, ало ти имаш се на се 20 играчи шо би можеле да се вбројат во репрезентативи, потенцијални..
Кој ти сега би уфрлил за да имаш по 5 години? тие се играчите млади и стари.
Не можиш да речиш така ова да не гледаш а да планираш за по пет години, доколку сегашното го сработиш како што треба тоа по пет години само ќе си дојди.
А да очекуваш ти нешто успех е невозможно зошто и на овие играчи толку му е капацитетот, слично како во кошарката само шо оваа репрезентација ја бие лош глас а не како овие на стара слава ги пратат луѓето.
Еднаш треба да е јасно дека фудбалот е неспоредлива работа со ништо во светот!
Желбите и можностите не секогаш се поклопуваат..
Има многу работи што треба да се сменат, пред се во клуовите, ништо не е случајно..
 
Ако не друго, оваа репрезентација е мултикулктурна и го задоволува сите стандарди на рамковниот договор. Ако приметивте точно 25% од репрезентативците се Албанци а се разбира имаме и припадници од другите делови од народи кои живеат во Македонија. Каква случајност нели?
 
А демек па ако стаиш некој чистокрвен македонец место нив, исто ко Меси да си го стаил, нели? :tapp:
Сите се приближен квалитет, ако си играат и не се чаламат и не прават протести како што имаше пред некоја година од повеќе репрезентативци албанци, ќе бидат третирани како и останатиот дел од играчите.
Отиди наредна утакмица на стадион ќе видиш дека најмногу аплаузи ќе има за Агим, пошто се труди дечкото и се гледа дека игра со срце, без разлика дали бил албанец или нешто друго. Тоа се цени.

Него друго, што е со откажувањата за младинска репрезентација, што се замислуваат тие бе, глеам и Бабунски и тој Таљант откажале.
Играчишта од светска класа за младински репрезентации играат до 22-23 години, овие на 17 години повици откажуваат. :facepalm:
Како што наслушнав тој Таљант не сакал да игра ради главоболка... :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom