Ќе ви го опишам своето најсилно искуство кое би можело да биде гностичко, настан кој што целосно ми го промени животот. Пред 7 години не верував многу во Бога, но не бев ни атеиста додуша. Се почна кога почнав да ја читам книгата на Џозеф Марфи - Моќта на подсвеста, третиот дел - моќ на богатење. Пред тоа слабо бев упатен во автосугестија а кога почнав да ја читам многу ми се допадна. Вежбав и си рецитирав себеси позитивни сугестии, главно религиозни со Бога, и добро ми се виде. Еден ден решив да одам до крај, то ест според книгата, да ја доведам својата желба за седумка на лото до точка на прифаќање и Господ да ми ја исполни. Тој ден осеќав дека нешто ќе се случи, осеќав помалку нејасен страв и возбуда. Цел ден го поминав повторувајќи си позитивни сугестии за добитка на лото и тоа со полно внимание и концентрација. Ништо не се случуваше (а и што би се случило?), саатите минуваа а јас не се предавав, бидејќи тој ден имав желба да одам до крај. После 5 или 6 саати бев толку психички уморен да не можев веќе на ништо да мислам. Ме обзеде умор и неволност бидејќи умот ми беше како зашеметен од тоа долготрајно повторување и концентрација. Прекинав со вежбањето бидејќи изгубив сила а не затоа што сакав. Некое време се одмарав а не бев ни свесен дека уморот не се губи туку напротив расте и се претвора во депресија и страв за кои едвај да бев свесен бидејќи ѓи прифатив некако здраво за готово, а ѓи чувствував и тоа како. Се наоѓав во својата соба и не можев да си ја објаснам ситуацијата во која што се најдов прв пат во животот. Се чувствував бедно како црв, згазен од депресија и страв за кои мислев дека потекнуваат од мојот страв од иднината и сиромаштијата. Одеднаш, наизглед сосема случајно, изговорив тивко: „Помогни ми, Боже“. Како да се запали некоја искра во мене! Веднаш се почувствував подобро, го изговорив тоа уште еднаш, и уште еднаш, и повеќе пати... Стравот и депресијата веднаш исчезнаа а јас се осеќав како да ме исполнува некоја добра моќ и енергија. Тогаш се присетив на зборовите од книгата кои не ги сфатив но токму тогаш ги доживував - „За да се воздигнете, треба најпрвин да ги доведете своите желби до точка на прифаќање, а тоа во најдобар случај може да значи состојба на депресија! Тогаш треба да се охрабрите со автосугестија или молитва и да ја остварите својата желба“. Нејасно ми беше тоа, но сега знам дека за успешна молитва мора да постои вистинска желба или услов, а и не знаев дека ќе се чувствувам толку згазено и бедно. Значи, почувствував огромна моќ, добра моќ, прекрасно чувство на силен мир, како во рај, се чувствував баш како да сум едно со Бога. Се сетив за желбата за лото и ја изговорив, одговор во вид на сознание веднаш ми дојде, а тоа беше - „во ред, ќе добиеш на лото“. Потоа осетив и таква радост да не можам да опишам, баш како стварно да сум добил на лото. Остана уште малку до крајот на тој ден во кој животот ми се промени, до тогаш само верував во Бога, а од тогаш верував и дека го осетив Бога, а знаев и дека ќе добијам на лото. Легнав на спиење и следното утро се разбудив како најсреќен човек на свет. Но, ете невоља. Сомнеж! Сомнеж кој што ми зборуваше - „Помоли му се уште еднаш на Бога за да бидеш сигурен дека навистина ќе добиеш на лото“. Мислев дека нема ништо лошо во тоа, но тоа не беше молитва иако така мислев, туку неверување во тоа што се случи претходниот ден и... како се повеќе се “молев“ сознанието дека ќе добијам на лото исчезна. Сосема. Што се случи? Што направив? Се посомневав во Бога и ја поништив својата желба. Повторно се почувствував обично, сосема обично, се исчезна, и се разбира, ништо не добив на лото.
Од тогаш станав поинаков човек, видикот кон сите работи во животот ми се промени. Од тогаш се ми изгледа некако небитно но и понатаму ме погодува, многу повеќе од претходно, во смисла дека сум поосетлив. Повеќе пати се обидував да ја повторам таа вежба но никако со успех, бидејќи веќе никогаш немав таква волја, а треба огромна волја, сила и вера за тоа. И причина веројатно. Иако мојата причина наизглед беше прилично егоистична (лото), можеби несвесно бев тргнат кон Бога. Се прашувам дали од тогаш Господ можеби бега од мене бидејќи заврши со мене, го видов и толку. Слушав многу мислења за ова мое искуство, од атеисти дека се работи за пласибо ефект на сугестивна база, за индуцирана состојба на свест... Најдобар одговор добив во вид на прашање - „А зошто мислиш дека таа твоја состојба на Бог треба да се разликува од твојата секојдневна состојба?“
Ако ова спаѓа во гностичко искуство, значи човек сам може да реши да биде од избраните. Можеби и во зависност од околностите во мојов случај...
Фала ви за трпението што го прочитавте ова.