Контактни леќи

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување
Јас требаше да носам наочари уште од пред 4 години, кога заминав во тогашно време како регрут ми најдоа маана на десното око неможам од далеку да гледам ко што треба т.е. ми се мешаат малите бројки, но ме пуштија бидејќи имав предобар психо тест и премногу дипломи.

Дојде време за стрелање, кога не учеја тогаш уште почетник бев, се плашев што ќе направам демек ако промашам на 300 метри далечина краток рафал или пак на 250 метри поединечно, за на крај да испаднам најдобар од 400 души и да добијам војнички чин и наградни 5 денови.

Сега пак го имам проблемот не исчезнал туку станал малце полош, се плашам да одам на лекар дан ми влезе во досие тој преглед а од друга страна се плашам кај приватњак да ме предаде злобниот :)

Ама мора да одам кад тад, затоа деца мој не очајувајте, и не се плашете, постојат примери каде што врска нема диоптерот така да ништо не е страшно.
 
Здраво, ќе ве замолам ако може некој да ми помогне од каде би можел да си купам леќи во Скопје? Фала
 
Леќи се продаваат во секоја оптика во Скопје, сепак, цените не се сегде исти, исто и производителот/фирмата од која имаат леќи, не сите имаат на лагер за одма да ти ги дадат кога ќе ги купиш, негде се чека неколку дена, затоа треба добро да прошеташ низ оптикиве по градов пред да купиш.
 
Здраво, ќе ве замолам ако може некој да ми помогне од каде би можел да си купам леќи во Скопје? Фала

Геталдус во Бисер и кај Камени мост, Офталмос кај Италианска амбасада...
 
јас сум заинтересиран за да купам леќи може да ми кажете отприлика колку се движат цените ???
 
јас сум заинтересиран за да купам леќи може да ми кажете отприлика колку се движат цените ???
Зависи какви сакаш ти. За меките знам дека идат од 2000 па нагоре во зависност од времетраењето и квалитетот.
 
ПА да бидат по квалитетни и за 6 месеци или повеке, се уште не сум одлучен :)
 
јас сум заинтересиран за да купам леќи може да ми кажете отприлика колку се движат цените ???
На една тезга на зелен пазар продаваат 2 пара меки леки што се носат по 3 месеца (значи вкупно 6 месеца користење) за 1.500 денари. Секако, леките не се "од тезга", туку дечките си имаат оптика и од таму ги набавуваат и ги продаваат поевтино.
 
И бидна и тоа чудо. Леќите ми се на очите и дефинитивно е подобро чувството од тоа да носиш наочари. Ставањето и вадењето не би требало да бидат проблем (на доктор за помалку од 15мин ги извадив и ставив пак) што е над моите очекувања како почетник во целата работа. Па со Господ напред ќе видиме како ќе се покажат и дали ќе има некакви проблеми.
 
Во Тетово годишни леќи си земав за 2000 ден една,ме интересира во која оптика во Скопје цените се приближни до оваа цена што ја пишав,зашо сакам да сменам малку:)
 
Во Тетово годишни леќи си земав за 2000 ден една,ме интересира во која оптика во Скопје цените се приближни до оваа цена што ја пишав,зашо сакам да сменам малку:)

Од каде зеде?
 
И бидна и тоа чудо. Леќите ми се на очите и дефинитивно е подобро чувството од тоа да носиш наочари. Ставањето и вадењето не би требало да бидат проблем (на доктор за помалку од 15мин ги извадив и ставив пак) што е над моите очекувања како почетник во целата работа. Па со Господ напред ќе видиме како ќе се покажат и дали ќе има некакви проблеми.

За месец дена ќе се навикнеш и иначе какви леќи имаш?
 
Само што ги зедов моите ,одговорната не беше таму па ми ги тутнаа в раце без да ми објаснат како со нив.Утре се враќам пак
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom