Законов е многу глупаво склопен и која е целта на 500 метри далечина?
Тој што работел во обложувалница треба да дефинира што е спортска кладилница и што е казино.
Моментално обложувалниците ти се хибрид на казина.
јас посакувам да се врати старата форма на маалска кладилница.
Класична биртија на собирање каде што имаш шанк и гледаш и се кладиш на спорт.Толку.
Со ВЛТ апаративе ја уништија таа култура.Ти бутнале и Кано бинго и кучиња,сега воведуваат и рулети како најнова опција.
Друго,преголемата количина на отворени објекти.Која е целта од иста фирма и од исти газда да имаш на еден километар воздушна далечина отворено 3 исти кладилници?
Прво така ги разводенуваш играчите и ти бега концетрацијата на стари играчи кои кружат.Еден отворил кај Нерези,еден кај Стара Телевизија и една кај Сити Мол?
Ако му се оди во една кладилница нека се воздржи на една локација која е добро позната и се знае каде е собирот на играчи каде што е еден исти круг на луѓе.А не со отворањето на повеќе кладилници на кратка близина ти се разбегуваат луѓето.
ВЛТ апаратите треба под хитно да се избацат од кладилниците.Сакаш ВЛТ апарати,прави си специјално казина и нека си работат определено време после 20 часот и нека тера цела вечер како трета смена до 9 часот кога повеќето обложувалници ти отвораат со работно време.
Да се знае и да се канализира прометот ми е поента.Влт башка,башка коцкање на натпревари.
Со хибридов на кладилници,ти доаѓа играч и гледа апарати и одма му удира мисла во мозокот "абе да пробаме една" a претходно ти дошол со намера да уплати лифчиња,мислам каква небулоза. А и тие ВЛТ кои ги турка Лотарија во договор со фирмите и обло
увалниците се со многу мала процентажа на изнајмување на маржа.Збориме по 50 евра месечно од еден апарат.Просек една кладилница има по 5 ВЛТ апарати во објект.Тоа ти е 250 евра што плаќа Лотарија спрема СпортЛајф,Моцарт итн фирми познати во Македонија.Имаш и +50 евра од одреден процент на собрани пари од внесени пари во ВЛТ апаратите каде што се фиксирани 80 посто да голта и 20 посто да ти даде на добивка.
Толку е нејасен законов и толкава небулоза е елементов со 500 метра одалеченост кој нема никаков ефект.Прво треба да се направи чиста пурификација што е дефиниција на казино и што е обложувалница и да се задржат старите форми на објекти.Се знае чисто казино и што е чисто кладилница. А не се збутано е во еден објект и на гора на тоа немаат вработени.
Се зборува за фамозна бројка од 10,000 луѓе?! ЧИСТА ГЛУПОСТ!
Па сите после март се заминати во Хрватска или нагоре или како крајност се заминати засекогаш од Македонија и емигрирале.
Дали знаете дека воошто нема доволна бројка на вработени и има голем недостаток на работна сила во кладилниците?
Имате еден вработен каде работи по 3 кладилници во рок од 7 дена? толку има големи ротации што не се постигнува.
Имате вработен каде што работи и дупли смени колку да покрие еден работен ден.
А има минимална плата од 24,500 дена во 7 часа работна смена. А ако дојде со бонуси во еден месец како празници,недели екстра часови од предвидени 40 во една недела,е со плата постигната околу 35-38 илјади денари.
Рекордот на еден вработен во кладилница е исплатен на вработен во МаксБет со плата околу 82,000 денари со еден месец.Дечкото се вика Душан кој имаше работено дупли смени секој ден,без слободен ден,саботи и недели.Збориме за работна смена од 14 часа на ден. После 7 часа работна смена,секој прекувремен час е платен екстра 35 проценти од предвидена дневница.Неделите се посебна приказна.
Како и да е,има работа но нема волја кај младите да стапнат или воошто да работат во кладилница.Кладилница ти е збир на будали.Кој влегол во кладилница,тој е сигурна будала со тапија.
Мислам,ем небулоза е Синдикатов што вика дека ќе бидат избркани 10,000 вработани АКО ВООПШТО ги имаат како толкава бројка.Имате по двајца вработени во една кладилница.Да збориме за Моцарт кој има 108 објекти низ цела Македонија пута 2 вработени тоа ти е бројка на вработени околуи 220 низ цела територија на Македонија,ако додадеме во канцелариите на управата уште 20 души тоа ти се одвај 300-350 души. Имаш Моцарт,Златна Копачка,СпортЛајф итн и се на се пак ти доаѓа дирекно и индирекнто околу ОДВАЈ ОДВАЈ 4 до 5-000 вработени.
Немам коментар. Чисто срање и од СДСМ и од ДПМНЕ. Секта си е секта.Си тера свој правец.Исти гомна се веќе 35 години што создадоа ваков македонски менталитет.
Се е исто,исто гомно секој ден.
Поздрав до сите
Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?
Да, но само да се ограничат и оданочат дополнително