Кладилници, казина подалеку од населени места ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?

  • Вкупно гласачи
    259
Nekjam da se mesam.vo debata no kcokarnicite se 10k rabotni mesta sto pridonesuvaat za plus 54k rabotni mesta indirektno... koga kengi snema ovie 10 propaga cela spirala kako nabavki, kirii, danoci i togas zagubata e poveke pati nanesena finansiski na cel sistem otkolku samo ovie 10k....
Кажав.
Ќе се развива ИТ сектор, земјоделие.
Абе една Албанија ( пишав дека имале нук централи ама сум била грешка, бил предлог) , прати сателит во вселената. Ние во Македонија за што се објаснуваме.

Добро ај вака.
Јас сум дилер на дрога. Продавам хероин. Никој не ги тера да купат, така. Ама со хероин се знае кај завршуваш. Е сега, ја иам фамилија за ранење. Значи јас можам да продавам хероин, бидејќи имам дома маж и две деца кои чекаат леб? А може мојот хероин да утепа некој што носи дома леб. Зашто јас да лежам затвор? Јас работам за леб. Што правам штета?

Свесни сте што оправдувате?
 
Последно уредено:

Абе како може ваков пример да дадеш? Хероин е дрога и НЕ Е ЛЕГАЛНА СУПСТАНЦА, казино и коцкање се легални работи сегде во светот, освен во пар земји кои се бројат на прстите од едната рака. "Индустријата" за производство и продажба на хероин не плаќа данок, не допринесува за државата и се вика црна економија, криминал, како сакаш кажи го. Аман, разликувај основни работи.
 
Затоа реков не знам точно, можеби не е 97%, ама сигурно не е повеќе од 5-6%. Имам доста пријатели од тој свет кои имаат по повеќе слот клубови низ државата и сигурна информација кажувам. Не смеат да одат над тој процент. Всушност се може, ама доколку налета контрола ќе го јадеш дебело.
Според мене такви испади може да прават овие индијанските локалните слот клубови кои имаат по 1-2 клубови и тоа е тоа.

Abe vazi, 101% vrakjaat slotovite.
Prasanje e dali vrakjaat 70-80% od obrtot, a ne pa 95%.
 
Абе како може ваков пример да дадеш? Хероин е дрога и НЕ Е ЛЕГАЛНА СУПСТАНЦА, казино и коцкање се легални работи сегде во светот, освен во пар земји кои се бројат на прстите од едната рака. "Индустријата" за производство и продажба на хероин не плаќа данок, не допринесува за државата и се вика црна економија, криминал, како сакаш кажи го. Аман, разликувај основни работи.
Ама јас не правам ништо лошо со тоа што продавам хероин.
Јас имам леб за носење дома, не ти е жал за моето семејство?

Шиткање дрога не е океј, а коцкање е океј?

И немој да ме тераш да се повратам каква ПЕРАЛНА НА ПАРИ Е КАЗИНО.
Ќе повторам

ГЛЕДАМ ФАКТУРА ЗА БИРО 1,500€ БИРО ОД ИЛЈАДА И ПЕТСТОТИНИ ЕВРА.
А го гледаш бирото дека кошта ПЕДЕСЕТ ЕВРА.

ПЕРЕЊЕ ПАРИ. Ти мислиш дека сѐ што прикажуваат е вистина?
Сме чешлале како говеда, нема утка, уиграни се од сметководител до финансов со Владата. Можевме онде у Визбегово да нѐ спакуваат.
Шо не ти е јасно на тебе?
Идам таму како независно лице да правам проверка финаниска и ти кажувам каквo перење пари е тоа.
За да личи дека имаат помалце профит.
А пола вработени се на минималец. Кај е трошокот?
У 1,500€ биро?

Треба да го терам да ме носи од кај го купил? Да праиме вештачење?
Шо не ти е јасно?
 
Кажав.
Ќе се развива ИТ сектор, земјоделие.
Абе една Албанија има nuclear plants, прати сателит во вселената. Ние во Македонија за што се објаснуваме.

Добро ај вака.
Јас сум дилер на дрога. Продавам хероин. Никој не ги тера да купат, така. Ама со хероин се знае кај завршуваш. Е сега, ја иам фамилија за ранење. Значи јас можам да продавам хероин, бидејќи имам дома маж и две деца кои чекаат леб? А може мојот хероин да утепа некој што носи дома леб. Зашто јас да лежам затвор? Јас работам за леб. Што правам штета?

Свесни сте што оправдувате?
Која Албанија има нуклеарни централи? Најблиску што стигнале до нуклеус е кога 3ца со кечина се судриле со главите. За сателитите, коштаа 6 милиони евра, изработени од Аргентина, лансирани од SpaceX.

За казината, би било добро да се лимитираат до одредени зони или предели. Цел Џерзи оди Атлантик Сити за коцкање, нема во секој град казина.
 
Не сум 100% сигурна.
Имав уште пред некоја година читано статија.
У право си немале.
Ете се извинувам за грешката.

Еве што мислев.
Ми останало во сеќавање.

За ова се извинувам.

Во август 2023, медиуми во Италија и Албанија пренесоа информации за договор меѓу Италија и Албанија за потенцијална изградба на централа од околу 1.500 MWe, со инвестиција од приближно 4 милијарди евра, и со учество на компании како ENI, ENEL и EDISON

Ќе едитирам горе со *
 
Abe vazi, 101% vrakjaat slotovite.
Prasanje e dali vrakjaat 70-80% od obrtot, a ne pa 95%.
Ова ти се проверени информации. Разговарај со било кој поупатен, ќе ти кажи. Во цел свет не постои слот кој зема повеќе од некои 15%.
 
За нашите слотови немам информација и не можам да тврдам ама ваљда и тие подлежат на некои регулации и изместувањето горе доле не би било 1-2%, меѓутоа работам во Странска фирма во Дата тимот, која работи со интернет казина, лотарии слотови и слично, највисокиот процент на задршка кај поедини игри не надминува 7% за казиното, а просекот е измеѓу 5-6%.
Има игри како блекџекот и некои специјални модерации до 23 или 25 што бројат каде РТП е 99 99.5%
Значи со 0.5 1% работат на тие игри ама затоа 80% од ГГР - Гејминг Грос Ревјенуе на куќата е од тие игри зашто народот највеќе игра на нив и со најголеми влогови.
Процентиве се од репорти кои што ги спремаме за клиентите кои притоа се регулациски репорти за федералните држави во САД.
 
Не сум 100% сигурна.
Имав уште пред некоја година читано статија.
У право си немале.
Ете се извинувам за грешката.

Еве што мислев.
Ми останало во сеќавање.

За ова се извинувам.

Во август 2023, медиуми во Италија и Албанија пренесоа информации за договор меѓу Италија и Албанија за потенцијална изградба на централа од околу 1.500 MWe, со инвестиција од приближно 4 милијарди евра, и со учество на компании како ENI, ENEL и EDISON

Ќе едитирам горе со *
имаш ти читано некој коментар од некој смрден, гнасен одроден македонец = комуњар на фб, тие што државата ја вратија 200 години назад, денес тие постираат постови дека Албанија имала нуклеарки.
 
Не бе, на интернет беше.
Ми останало у сеќавање.
Ама ете не сум била во право :D
 
Интересна ми беше аналогијата горе со хероинот. Сум ја мислел и јас често, бидејќи работам во индустријата.

Според мене, следнава аналогија одговара повеќе:
Имаш базен. 97% од луѓето се однесуваат одговорно, си пливаат пополека, не скокаат од високо. За нив базенот е позитивна работа. Ако нема базен а сакаат да се разладат, ќе мора да се капат во езеро/река, каде што имаат поголеми ризици затоа што нема спасувач, кај што можеш да се лизнеш на влегување, каде што водата може да биде загадена итн.
Е сеа, ги имаш тие 3%, што трчаат околу базенот, скокаат и слично. Постои шанса некој од нив сериозно да се повреди поради тоа што самите си го прават. Дали вреди да го затвориш базенот заради ова?

Како што пиша некој погоре, ако се затворат казината, нема автоматски да изчезне побарувачката за нив.
Ако Стевче ја троши цела плата на апарати, кога ќе ги снема апаратите, тој ќе ја троши цела плата во подрум кај Трајче. Само што поради тоа што ова не е регулирано, Стевче може на коцка да стави и станови/коли/куќи, па утре жена му на Стевче да ја разбудат рекетари што ја бркаат од дома. Многу е пострашно кога можеш да го направиш тоа во 5 минути (особено кога си изгубил многу пари пред тоа) во момент кај што си напумпан и "сигурен" дека ќе добиеш наспрема да треба да потрошиш недели за да ги продадеш овие работи.
Муабетот е нешто како: Ако се скараш со некој што носи пиштол, поголема е шансата дека ќе те испука тука, отколку да потроши пола саат, да оди до дома, да земе пиштолот па да се врати да те испука.
Всушност од оваа причина и кладилниците/коцарниците имплементираат функционалности како cashout (не знам дали го има во МК ова), кои се насочени со цел да промовираат/стимулираат неодговорното коцкање.

Е сеа, не значи дека не може да се донесат закони кои можат колку толку да ја намалат шансата за некој да прокоцка се (пример да ставиме гума околу базенот со цел да не се убие некој на плочките).

- Казината (барем големите онлајн казина за кои што работам) знаат дека прават голем профит од овие 3%. Поради тоа имаат цели тимови кои се грижат за овие "VIP" клиенти, така што им даваат специјални понуди, ги бараат на телефон, имаат специјална поддршка за нив и слично. Според мене, ова треба да биде забрането со закон. Не верувам дека ова постои во МК.

- Треба да има лимит за тоа колку човек може да прокоцка на дневно, неделно и месечно ниво. Ова веќе е имплементирано во некои земји. Сега, ова може повторно да донесе до отварање на нелегални казина (за оние кои го надминале лимитот). Ама тука се враќаме на муабетот од погоре. Кога некој тргнал да губи пари и ти го пресечеш, голем дел од луѓето нема одма да тргнат во нелегално казино за да ги дотрошат и другите пари. Туку ќе се откажат и ќе си одат дома.

- На крај, ни треба добра едукација за тоа што е казино и као треба да се користи. Тука родителите треба да одиграат поголема улога, наместо да чекаат на државата да ги "реши" проблемите.
 
Ми се допаѓа ставот ( палче емоџи)

Но, не е целта ако се затварат легалните коцкарници, да никнат нелегални.
Така проблемот не се решава
 
А може ли бар да се дислоцираат од населени подрачја? Дека има луѓе очигледно со вишок пари и време, кои најчесто во 3 - 4 по полноќ решаваат да посетат казина и немаат многу обѕир дали некој спие тоа време.
 
Последно уредено:
Законов е многу глупаво склопен и која е целта на 500 метри далечина?

Тој што работел во обложувалница треба да дефинира што е спортска кладилница и што е казино.
Моментално обложувалниците ти се хибрид на казина.
јас посакувам да се врати старата форма на маалска кладилница.
Класична биртија на собирање каде што имаш шанк и гледаш и се кладиш на спорт.Толку.
Со ВЛТ апаративе ја уништија таа култура.Ти бутнале и Кано бинго и кучиња,сега воведуваат и рулети како најнова опција.
Друго,преголемата количина на отворени објекти.Која е целта од иста фирма и од исти газда да имаш на еден километар воздушна далечина отворено 3 исти кладилници?
Прво така ги разводенуваш играчите и ти бега концетрацијата на стари играчи кои кружат.Еден отворил кај Нерези,еден кај Стара Телевизија и една кај Сити Мол?
Ако му се оди во една кладилница нека се воздржи на една локација која е добро позната и се знае каде е собирот на играчи каде што е еден исти круг на луѓе.А не со отворањето на повеќе кладилници на кратка близина ти се разбегуваат луѓето.

ВЛТ апаратите треба под хитно да се избацат од кладилниците.Сакаш ВЛТ апарати,прави си специјално казина и нека си работат определено време после 20 часот и нека тера цела вечер како трета смена до 9 часот кога повеќето обложувалници ти отвораат со работно време.
Да се знае и да се канализира прометот ми е поента.Влт башка,башка коцкање на натпревари.
Со хибридов на кладилници,ти доаѓа играч и гледа апарати и одма му удира мисла во мозокот "абе да пробаме една" a претходно ти дошол со намера да уплати лифчиња,мислам каква небулоза. А и тие ВЛТ кои ги турка Лотарија во договор со фирмите и обло
увалниците се со многу мала процентажа на изнајмување на маржа.Збориме по 50 евра месечно од еден апарат.Просек една кладилница има по 5 ВЛТ апарати во објект.Тоа ти е 250 евра што плаќа Лотарија спрема СпортЛајф,Моцарт итн фирми познати во Македонија.Имаш и +50 евра од одреден процент на собрани пари од внесени пари во ВЛТ апаратите каде што се фиксирани 80 посто да голта и 20 посто да ти даде на добивка.

Толку е нејасен законов и толкава небулоза е елементов со 500 метра одалеченост кој нема никаков ефект.Прво треба да се направи чиста пурификација што е дефиниција на казино и што е обложувалница и да се задржат старите форми на објекти.Се знае чисто казино и што е чисто кладилница. А не се збутано е во еден објект и на гора на тоа немаат вработени.

Се зборува за фамозна бројка од 10,000 луѓе?! ЧИСТА ГЛУПОСТ!

Па сите после март се заминати во Хрватска или нагоре или како крајност се заминати засекогаш од Македонија и емигрирале.
Дали знаете дека воошто нема доволна бројка на вработени и има голем недостаток на работна сила во кладилниците?
Имате еден вработен каде работи по 3 кладилници во рок од 7 дена? толку има големи ротации што не се постигнува.
Имате вработен каде што работи и дупли смени колку да покрие еден работен ден.
А има минимална плата од 24,500 дена во 7 часа работна смена. А ако дојде со бонуси во еден месец како празници,недели екстра часови од предвидени 40 во една недела,е со плата постигната околу 35-38 илјади денари.

Рекордот на еден вработен во кладилница е исплатен на вработен во МаксБет со плата околу 82,000 денари со еден месец.Дечкото се вика Душан кој имаше работено дупли смени секој ден,без слободен ден,саботи и недели.Збориме за работна смена од 14 часа на ден. После 7 часа работна смена,секој прекувремен час е платен екстра 35 проценти од предвидена дневница.Неделите се посебна приказна.

Како и да е,има работа но нема волја кај младите да стапнат или воошто да работат во кладилница.Кладилница ти е збир на будали.Кој влегол во кладилница,тој е сигурна будала со тапија.

Мислам,ем небулоза е Синдикатов што вика дека ќе бидат избркани 10,000 вработани АКО ВООПШТО ги имаат како толкава бројка.Имате по двајца вработени во една кладилница.Да збориме за Моцарт кој има 108 објекти низ цела Македонија пута 2 вработени тоа ти е бројка на вработени околуи 220 низ цела територија на Македонија,ако додадеме во канцелариите на управата уште 20 души тоа ти се одвај 300-350 души. Имаш Моцарт,Златна Копачка,СпортЛајф итн и се на се пак ти доаѓа дирекно и индирекнто околу ОДВАЈ ОДВАЈ 4 до 5-000 вработени.

Немам коментар. Чисто срање и од СДСМ и од ДПМНЕ. Секта си е секта.Си тера свој правец.Исти гомна се веќе 35 години што создадоа ваков македонски менталитет.
Се е исто,исто гомно секој ден.
Поздрав до сите

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?​

  • Да, но само да се ограничат и оданочат дополнително​

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom