Четврт мобилен оператор-има ли место на нашиов пазар?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали има место и потреба на нашиов пазар за четврт мобилен оператор?


  • Вкупно гласачи
    74
Секако дека на нашиот пазар има место за 4 мобилен оператор .....јас се сложувам ....но каква понуда ќе понудат покрај овиа е неодоливи понуди на ВИП ,ама сепак сум си јас на Т-Mobile
 
Во Шведска има над 300 мобилни оператори а ние прашуваме дали треба 4 четврт?!
Јас мислам дека треба да се воведат минимум 100 мобилни оператори
и уште најмалце 20 фиксни оператори

Кога лажеш лажи со усул бре.
4 мобилни оператори се во Шведска и 2 виртуелни.

Oд Европа води Русија со 15 мобилни оператори. Ама 250 милиони жители.

Една Велика Британија има 4 мобилни оператори со 80 милиони жители и Германија има 4 со 100 милиони.

Па сеа видете дали и треба на Македонија 4ти оператор на 2 милиони жители...

листа на мобилни оператори во Европа
 
ИМА (ите како) Потреба од/за ЧЕТВРТ Оператор .....во Македонија
Доста со ГРАБЕЖОТ врз корисниците..со цените и услугите..споредено со соседите ..и другите подалечни корисници од нас ?
Како може (например) Телекомот да дели 100 МИЛИОНИ ЕВРА Дивиденда ..а цените да им се (сеуште) АСТРОНОМСКИ..и поскапи дури и од 10 кратно побогати Нации и Држави од нас!!!???.

Со настапување на ПООСТРА КОНКУРЕЦИЈА (а не како сегашнава) = Поголем КВАЛИТЕТ на услугите = ПОНИСКИ цени
пс
Ако ПРОСТОР за 4-ти Оператор НЕМА(ло) ..еден од ПОСТОЕЧКИТЕ , ќе мора да си замине од Македонија..занавек
И.. се така во бескарај .... за секој нареден кандидат за НОВ Оператор во Македонија...
:toe:
 
Многу ми е смешно кога некој ќе каже не треба зошто сме биле мала земја. Од аспект на корисници нас не интересираат цените и квалитеот. Бидејќи зголемна конкуренција значи намалување на цените, на секој корисник со здрав разум би му одговарало да плаќа помалце а со тоа и за да се воведат повеќе оператори. Ние секогаш ќе сме за што повеќе оператори, а сега дали некој оператор ќе се нафати да влезе и дали има економски интерес тоа е нивна работа. Сепак мислам дека поверојатна е оваа опција со виртуелен оператор бидејќи нема да има потреба да гради своја инфраструктура. Но од друга страна тоа значи помала шанса за некое значително намалување на цените.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom