10-те најубави антички градови во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Таму се раѓале цели цивилизации и се мешале различни култури. Денес не воодушевуваат трагите кои ги оставила долгата историја во која тие опстојувале и по 10.000 години. Ова се најубавите антички градови кои денес фасцинираат со спојот на долгата историја и модерното време.
Дамаск
damascus.jpg
Главниот град на Сирија е еден од најстарите градови кој бил континурирано населен. Со популација од повеќе од 4 милиони жители, овој град е толку пренаселен, колку што е стар, а се верува дека бил утврден пред речиси 12.000 години. Во тоа време човештвото само што излегло од Каменото Доба.
Пловдив
plovdiv.jpg
Овој втор по големина град во Бугарија, после Софија, бил населен од пред најмалку 4.000 години п.н.е., а се верува и дека можеби тоа било случај и пред 6.000 години. Иако не е многу позната туристичка дестинација, Пловдив изобилува со историски артефакти и споменици.

Бејрут
beirut.jpg
Бејрут го нарекувале Париз на Истокот, иако е постар илјадници години од него. Бејрут бил населен најмалку 5.000 години, а теориите сугерираат дека, всушност, можно е таа временска граница да се помести и 20.000 години наназад, што го прави овој град, кој денес најчесто е споменуван во вестите поради судирите таму, најстар на планетава.
Ерусалим
jerusalem.jpg
Ерусалим е нарекуван „свет“ од билиони луѓе околу светот и така било со векови. Додека неприликите во овој град со главните религии датираат наназад од пред околу 3.000 години, неговото населување се смета дека почнало пред 6.000 години.
Тел Авив
tel_aviv.jpg
Судирот на културите во пустината од пред 100 години водела кон официјалното раѓање на овој град, но луѓето живееле таму најмалку 4.000 години пред Тел Авив да го добие своето име. Јафа, првобитната арапска населба, сè уште стои таму како хаотично расфрлено предградие во пустината и како контраст на високо издигнатата модерна метропола.
Атина
athens.jpg
Со право наречена лулка на историјата, Атина беше круната на цивилизацијата повеќе од 3.000 години. Вистинската старост на овој град не е позната, но се смета дека е повеќе од 3.500 години. Нејзините руини привлекуваат стампеда на туристи преку целата година, кои сакаат да го видат со свои очи она за што толку многу слушале уште во училишните клупи.
Лисабон
lisbon.jpg
Лисабон постои околу 3.200 години. Се верува дека бил основан од Феничаните и континуирано бил освојуван од армии и армии 2.000 години. Откако освојувањата завршиле, Лисабон останува впечатливо фасцинантен, во себе носејќи ги искуствата и трагите од ваквата историја.
Сјиан
xian.jpg
Дом на познатите теракотни војници од античката Кјуин Династија, Сјиан, без прекин раснел најмалку 3.100 години. Популарен е меѓу месните жители и туристите заради местата со богато културно наследство и денес се поразвиената индустрија. Овој град денес е исто така дом на кинеската вселенска индустрија.
Рим
rome.jpg
На Вечниот град не му е потребно некое посебно претставување. Доволно е да се каже дека приказната за ова чудо на цивилизацијата започнува со митот за неговиот настанок, а продолжува да ги воодушевува сите кои ќе го посетат со неговата митска убавина. Се верува дека бил основан во 753 година п.н.е., а приказната за Ромул и Рем се уште е канон.
Делхи
delhi.jpg
Навистина неверојатен град, едно од најважните историски места во Азија. Овој индиски град се верува дека бил населуван 3.000 години и не покажува знаци дека тоа некаде ќе запре. Таму може да се посети познатиот гроб на Хумајун, а растечката метропола денес е дом на повеќе од 15 милиони жители, па така ја носи титулата осми по ред најголем град на светот според бројот на жители.
 
Незнам колку е точно ова али... Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
 
Незнам колку е точно ова али... Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
Скопје е држава, не заебавај :icon_mrgr:
 
Сите се познати туристички дестинации и делови од нив се под директна заштита на УНЕСКО, а Скопје и Кратово не се. Има уште многу други градови познати и непознати, а кој заслужуваат да бидат на листава. Скопје е дефинитивно аут од оваа листа. Како што гледате се бара со заштитени објеки а во Скопје ги испративме тие објекти уште пред 50 години. А и да НЕ беше земјотресот во 1963-та не гарантираше дека Скопје би се нашло на оваа листа, затоа што во Скопје на 500 години има јак земјотрес и доста од тоа наследство е изгубено со векови. И тоа малце што е останато не се заштитува земете го за пример Скопскиот Аквадукт.
Скопје е држава, не заебавај :icon_mrgr:
Незнам колку е точно ова али... Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
 
не знам колку е вистина за раѓањето нова цивилизација,но според мене е најстара и прва цивилизација се смета Ниневија (Нинива),и подоцна се појави други државикако на пр,ирак и итн.
SuperStock_1566-0104412.jpg

35124945.jpg
Ниневија(Нинива)
niniveh.jpg

Ниневија(Нинива) а асирскиот цар беше мислам дека е Ксеркс ?! не се сеќавам каде сум читал,но сигурно во Библијата пишува за раѓањето на оваа цивилзација.
 
Skopia. Ќути ќе те чуе некој грк :D

п.с. Нензам Пловдив што бара на листана горе, стварно

Прошетај до Пловдив некој ден и ќе сватиш што бара на листава. :D
--- надополнето: 25 декември 2011 во 23:31 ---
Иначе Ерусалим го сметам за најубавиот антички град во светот.
 
Тоа ли е потврда за неквалитет?

не спомнав неквалитет, мислев на заборавање и потцнеување на местото.

Има квалитет и Стоби, али меѓу топ10 у светот, незнам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom