Таму се раѓале цели цивилизации и се мешале различни култури. Денес не воодушевуваат трагите кои ги оставила долгата историја во која тие опстојувале и по 10.000 години. Ова се најубавите антички градови кои денес фасцинираат со спојот на долгата историја и модерното време.
Дамаск
Главниот град на Сирија е еден од најстарите градови кој бил континурирано населен. Со популација од повеќе од 4 милиони жители, овој град е толку пренаселен, колку што е стар, а се верува дека бил утврден пред речиси 12.000 години. Во тоа време човештвото само што излегло од Каменото Доба.
Пловдив
Овој втор по големина град во Бугарија, после Софија, бил населен од пред најмалку 4.000 години п.н.е., а се верува и дека можеби тоа било случај и пред 6.000 години. Иако не е многу позната туристичка дестинација, Пловдив изобилува со историски артефакти и споменици.
Бејрут
Бејрут го нарекувале Париз на Истокот, иако е постар илјадници години од него. Бејрут бил населен најмалку 5.000 години, а теориите сугерираат дека, всушност, можно е таа временска граница да се помести и 20.000 години наназад, што го прави овој град, кој денес најчесто е споменуван во вестите поради судирите таму, најстар на планетава.
Ерусалим
Ерусалим е нарекуван „свет“ од билиони луѓе околу светот и така било со векови. Додека неприликите во овој град со главните религии датираат наназад од пред околу 3.000 години, неговото населување се смета дека почнало пред 6.000 години.
Тел Авив
Судирот на културите во пустината од пред 100 години водела кон официјалното раѓање на овој град, но луѓето живееле таму најмалку 4.000 години пред Тел Авив да го добие своето име. Јафа, првобитната арапска населба, сè уште стои таму како хаотично расфрлено предградие во пустината и како контраст на високо издигнатата модерна метропола.
Атина
Со право наречена лулка на историјата, Атина беше круната на цивилизацијата повеќе од 3.000 години. Вистинската старост на овој град не е позната, но се смета дека е повеќе од 3.500 години. Нејзините руини привлекуваат стампеда на туристи преку целата година, кои сакаат да го видат со свои очи она за што толку многу слушале уште во училишните клупи.
Лисабон
Лисабон постои околу 3.200 години. Се верува дека бил основан од Феничаните и континуирано бил освојуван од армии и армии 2.000 години. Откако освојувањата завршиле, Лисабон останува впечатливо фасцинантен, во себе носејќи ги искуствата и трагите од ваквата историја.
Сјиан
Дом на познатите теракотни војници од античката Кјуин Династија, Сјиан, без прекин раснел најмалку 3.100 години. Популарен е меѓу месните жители и туристите заради местата со богато културно наследство и денес се поразвиената индустрија. Овој град денес е исто така дом на кинеската вселенска индустрија.
Рим
На Вечниот град не му е потребно некое посебно претставување. Доволно е да се каже дека приказната за ова чудо на цивилизацијата започнува со митот за неговиот настанок, а продолжува да ги воодушевува сите кои ќе го посетат со неговата митска убавина. Се верува дека бил основан во 753 година п.н.е., а приказната за Ромул и Рем се уште е канон.
Делхи
Навистина неверојатен град, едно од најважните историски места во Азија. Овој индиски град се верува дека бил населуван 3.000 години и не покажува знаци дека тоа некаде ќе запре. Таму може да се посети познатиот гроб на Хумајун, а растечката метропола денес е дом на повеќе од 15 милиони жители, па така ја носи титулата осми по ред најголем град на светот според бројот на жители.