10 совети за штедење гориво

  • Креатор на темата Креатор на темата STARTER
  • Време на започнување Време на започнување

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
936
Поени од реакции
248
Веб-сајт
soncevgrad.myminicity.com
Во продолжение следат 10-те совети за зголемување на економичноста на вашиот автомобил(заштеда и до 60 %):

1. Намалете ја брзината
Ова е еден од наједноставните начини да се заштеди на гориво. Како што расте брзината на вашето возило, економичноста се влошува експоненцијално. Обидете се да ја прилагодувате брзината во рамките на пропишаното.

2. Проверете го притисокот во пневматиците
Недоволен притисок во пневматиците предизвикува и поголем отпор на тркалање, што значи дека вашиот автомобил ке потроши повеќе гориво. Пневматиците губат притисок со тек на време (0.06 бари месечно) и при намалување на температурата на воздухот. Затоа се препорачува почеста проверка на притисокот и тоа кога пневматиците се оладени, бидејќи додека се во загреана состојба нивниот притисок моментално е покачен.

3. Проверете го филтерот за воздух
Нечист филтер за воздух негативно влијае врз протокот на воздух во моторот, а со тоа и на перформансите и економичноста. Па така, за да заштедите гориво почесто менувајте го нечистиот филтерот за воздух.

4. Претпазливо со педалот за гас
Наглите стартови и агресивни забрзувања се погубни кон потрошувачката на гориво - но ова не мора да значи дека треба да возите бавно, туку постепено да забрзувате, да возите при пониски вртежи на моторот и да одржувате прописно растојание од возилата пред вас. Доколку забрзате до некоја брзина и треба нагло да закочите, тоа е залудно потрошено гориво.

5. Одржувајте постојана брзина
Доколку возите со постојана брзина се избегнуваат наглите кочења и притискања на педалот за гас, па со тоа се придонесува до заштеда на гориво. Треба многу повеќе гориво да се придвижи возилото, отколку да се оджува во движење.

6. Вратете се кон природата
Во летните периоди исклучете го клима-уредот во вашето возило и отворете ги прозорците. Можеби ладењето нема да биде толку ефикасно но така штедите гориво при мали брзини. При повисоки брзини пак, ладењето се клима-уредот е поефикасно во однос на економичноста, поради зголемениот отпор поради отворените прозорци или сончев покрив.

7. Возете со стандардните бандажи и пневматици
Новите бандажи и пнематици можат да изгледаат одлично и секако ја подобруваат управливоста на возилото. Но доколку се пошироки од стандардните тие ќе предизвикаат поголеми отпори на тркалање и ќе ја зголемат потрошувачката на гориво.

8. Намалете го товарот во вашиот автомобил
Зголемената маса значи дека ќе треба и поголема силина за придвижување на возилото, што секако лошо влијае на потрошувачката на гориво. Затоа исфрлете ги непотребните работи од багажникот на вашето возило и возете со резервоар полн до половина.

9. Купувајте помали автомобили
Помалите автомобили се значително поекономични поради помалата маса и зафатнина на моторот, и во последно време се доста попространи, поудобни и со значителна зголемена безбедност при судири и со поголеми возила благодарени на напредните системи вградени во нив како што се зајакнатата каросерија, воздушните перничиња, анти-блокирачки систем за сопирање итн.

10. Не возете
Иако овој совет не е многу популарен, очигледно е дека ќе заштедите доколку не го користите својот автомобил. Пешачењето и возењето велосипед е добро за вашиот паричник, здравје и за животната околина. Пред да влезете во вашето возило запрашајте се : ,, Дали ова возење е навистина потребно ? "



Превземено од http://www.men.mk/razno-kolumni/10-soveti-za-stedenje-gorivo.html
 
Купете хибридно возило :smir:
 
tacno vozete tocak ama vekje so ovie soveti se znae ako sakas da vozis ke si platis ako sakas da ja stiskas kolata ke si platis plus na benzinska i toa e toa a ne nekoi finti da mi kazuvate za 100ml sto ke zastedat
 
Не застанувајте на црвено
Секое застанување и тргнување на семафор додатно троши гориво

Крадете бензин
Се уште можат да се најдат возила со капачиња за бензин без клуч или на кои бравата не функционира или на кои не им е заклучен капакот за бензин
 
6. Вратете се кон природата
Во летните периоди исклучете го клима-уредот во вашето возило и отворете ги прозорците. Можеби ладењето нема да биде толку ефикасно но така штедите гориво при мали брзини. При повисоки брзини пак, ладењето се клима-уредот е поефикасно во однос на економичноста, поради зголемениот отпор поради отворените прозорци или сончев покрив.

Mythbusters го истражуваа ова дали е точно.:pos2:И да со исклучена клима помалу се троши.
 
кога наидувате на горниште почнете да додавате гас пред горништето а не кога ќе почнете да искачувате да додавате гас кога ќе приметите дека возилото губи снага, затоа што тогаш ќе мора повеќе да го нагазите односно да му дадете наеднаш повеќе снага слично како да тргате од место
 
8. Намалете го товарот во вашиот автомобил
Зголемената маса значи дека ќе треба и поголема силина за придвижување на возилото, што секако лошо влијае на потрошувачката на гориво. Затоа исфрлете ги непотребните работи од багажникот на вашето возило и возете со резервоар полн до половина.
Сега не знам под ова што се подразбира ама изгледа сликата кажува се :smir:

mlinaricautotxt.jpg

 
Не возете Лада како мојата од 1975 година!!!!:smir:
 
Не застанувајте на црвено
Секое застанување и тргнување на семафор додатно троши гориво


Застанувајте само на зелено, оти некоја будала може да ве искрши... :)
 
Deka mnogu ke se zastedi so ovie soveti neznam mozebi 0.5 litri na 100 km ama toa e nisto, taka da ako ti e bitna potrosnata ne kupuvaj mokna kola zemi si mala do kaj 1 400 cm3 so 55 kw po moznost francuska ili nesto slicno,Pezo, ili Tiko, Matiz, Swift, i sl.
Taka da i ke se vozis i ke zastedis ama nema da se percis-nema da te znaat site vo gradot.
A za tocak nema problem ama na dolgi destinacii ne se obiduvajte :drk:.
 
Е и од мене еден совет, поготово наменет до скопските таксисти, кои да можат на урина да возат, и неа би ја штеделе:

Џабе гасните мотор кога застанувате на семафор! Просечно, во Скопје еден семафор на црвено може да ве зафати 35-40 секунди. Во најлош случај, ако ви се затвори пред вас, и до 90. Значи, минута и пол. За минута и пол, никој автомобил нема да потроши повеќе гориво ако константно работи, одколку ако го изгаснете, па повторно стартувате. Со самото стартување на моторот се вбризгува поголемо количество на гориво, така да - исто ви се фаќа. Со негаснењето на возилото, барем заштедувате бламажа.
 
Купете си коњ, заебете ги шеиците од Дубаи ќе немаат нафта на кој да му продаваат а трева расти секаде во Македонија.

Советите горе долу се ок, ама се сведуваат на колку помалку возиш, толку помалку трошиш. Ако ја чуваш колата паркирана во гаража, нема ич да ти потроши.


А еве неколку од мене. Дизел возилата се далеку поекономични од бензинските, особено за низ град. Ако возите бензинско возило, менувајте свеќички, кабли (евентуално и платина ако ја има) навремено, бидејќи доста се “покачува“ на трошење гориво ако нешто од ова не штима.

А дека ќе заштедиш со гасење на возилото на семафор, ќе заштедиш. Но гледај ја негативната страна, во просек дневно ќе имаш 10 старта повеќе на возилото ако го гасниш на секој семафор. Од друга страна пак, акумулаторите и анласерот (стартерот на моторот) страдаат. Незнам колку сте имале искуство со таксисти, ама ако ги запрашате што најмногу страда на возилото во Македонија, по предницата доаѓа акумулатор и стартер. Така да колку е исплатливо за пола литар бензин на 100 км да купуваш 1 годишно акумулатор е прашање...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom