10 работи од кои ви е преку глава

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
1. Носење фотографии од другар(к)ите во новчаник. Побогу, никогаш нема да можам да го сфатам ова. :icon_lol: Ја разбирам луѓе да имаат од деца, внуци и остало, али па ко ќе ми рече некој, чек другарка ми да ти ја покажам, смеа ме фаќа. :icon_lol: Ништо лошо али, поентата е...? :icon_lol:

2. Висење/лигавење на таблоата со матурантите. После цело лето, поминато, девојчињана уште одат и свршаваат пред излозите, ебаго. :icon_lol: Па тоа сликањето на типот со мобилен телефон, па и вриштењето и групното гушкање одма после тоа... :icon_lol:

3. Која ебана раса е кучето на Боки 13? :pipi:

4. Готовите дневници. :icon_conf Ало, недела не пројде, вие имате списоци и запишувате. Ријалити чек. Остајте не` уше некој ден, аман, ве молам? :icon_conf

5. Егоизмот на народов ни. Два тона сигурно има, гарантирам. :Z

6. Елвир и Иван и Јован и Тони и Ламбе.


7. ХајФајв профили со минимум 5 дела на Коелјо во Омилени книги.

8. "Знаеш дека сакаш...! Дојди, и земи...! Бла бла бла... Бла, блааааа, бла бла, бла! БЛА! Мадона!". Бљак! :vozbud:

9. Ореви. У торта бе! :icon_conf

10. Вештица из Србије.
 
A

Antigona

Гостин
Барем да беа 10...(ама еве ќе издвојам некои)
1. преку глава ми е од фалбаџии
2. од “паметни“
3. луѓе што многу зборуваат, а ништо не кажуваат
4. оговарачи
5. луѓе што постојано се жалат за нешто
6. луѓе што по сто пати препрашуваат некои прашања, а им го знаат одговорот, само се прават глупи
7. луѓе што пробуваат да ти солат памет, а немаа благе везе од животот
8. преку глава ми е од татини галеничиња и сл. лигајци
9. од Дора Бакојани & co
10. од луѓе “што имаат многу пројдено во животот и све они знаат“ па тебе ќе ти кажуваат како да постапуваш

има уште...

Leleeeee sekoja cest za postov , apsolutno se slozuvam so napishanoto , samo namesto Dora Bakojani jas vo taa podtocka bi stavila : Preku glava mi e koga me sporeduvaat so nekoja ili so nekoj za koj prv pat slusam vo zivotot
 
?

..........

Гостин
Моментално се ми е преку глава.

А последно темата за шопинг во Солун:pred:
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
1.Лажење
2.Досада и монотонија
3.Лицемерие
4.Паѓање колквиум/испит за бод
5.Играње глупави игри(мислам на љубовни игри од типот на hard to get стратегии и сл)
6.Луѓе што се мешаат кај што не им е место
7.Одредени напади на хистерија кај пооделни членови од блиската фамилија
8.Кога надвор е премногу ладно и општо ладно време воопшто
9.Луѓе што не си стојат на ветеното и кажаното
10.Не ми текнува во моментов:pipi:
 
S

StereoLove

Гостин
Лажење
Лицемерство
Љубомора
Политика
Омраза
Кавги
Боки13
Елвир
Бумбар(емисијата)
Пијаници

That's all folks
 

NajIntelegent*

NajIntelegent*
Член од
27 мај 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
На место...

1. Школо, државна матура, интерни, екстерни, проектни задачи, ку*ци, палци, физики, математики, програмирање, алманаси, лектири и што уште не. Значи, најпрекуглава ми е од школо, ова ми е во моментов број еден, па потоа следат неколку празни места, па следните 9 работи...

2. Глупавите Грци.

3. Голем дел од политичката ''бранша'' во Македонија.

4. Муабетите за материјали, кроеви, бои и модели на матурски фустани во пакет со глупавите штикли и ташни и се.

5. Егоистични, најпаметни-и-најубави-на-светот девојки.

6. Попување.

7. Неисполнети ветувања, очекувања што водат кон разочарување.

8. Разно-разни врски, дружења, лажна почит и ласкања од корист.

9. Школо

10. Школо
Ka ja да сум го напишал ова! Ова со школово од мене уште 5 пута!
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
преку глава ми е од:
1. колоквиуми!
2. JAVA
3. C++
4. Оперативни Системи!
5. Компиутерски мрежи
6. Лажгите шо морам секој ден да ги слушам.
7. Лицемерието на луѓето
8. Грција, Нато, Еу бла бла бла... нема вести да не идат без тоа
9. Ладново надвор - УБИВА!
10. - ај едно празно нека е -
 
S

smart ass

Гостин
Аватарот на КИНЏООО!!!

Друго нема.

Благодарам.Аууууф фидерзиин.:helou:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
1. Телевизија вести весници естрада (има спас не гледај тв)
2. Разголени жени (има спас не ги гледај)
3. Лоши луѓе покварени (има спас не еби жива сила!)
4. Различно мислење (има спас не убедувај, батали!)
5. закани (имај на ум ништо не мора освен да се умре-одбери го вистинскиот миг!)
6. Плаќање сметки (има спас плаќај им де јуре)
7. Затвор ( у затвор се малите риби а голените лопови надвор)
8. Верници (има спас, не ги слушај што зборат гледај што прават)
9. Другите- (Пеколот тоа се другите рекол Жан Пол Сартр)
10. Цигари- (Шта че ти то???? Не иди на места кај се пуши не седи кај што пушат не иде позади некој што пуши и знај -пушењето е женска работа, не е тоа за мужи!)
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
1.лаги
2.лицемерие
3.наркоманија
4.алкохолизам
5.чадот од цигарите
6.политика
7.игноранти
8.промискуитетни луѓе
9.контролорите на ЈСП Скопје
10.загадувањето на природата
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
1. Синдром Шехерезад - се однесува на сите серии, филмови, медиумски начини на перење мозок на малоумната македонска публика

2. Синдром ФејсБук - под ова спаѓаат групи од најразличен вид, како и отварање профили на сопствените миленичиња

3. Политички експерти - во земја што стагнира во однос на политиката, секој може да биде политички експерт и да промовира идеи. Не е битно дали е во градинка или зема пензија.

4. Политичари кои немаат поим од политика.

5. Шмизли, дрољи, фуфи - затоа што понекогаш, цената на пантолоните од Манго е побитна од коефициентот на интелигенција

6. Колективно глумење лудило

7. Самосожалување

8. Сезнаечко општество

9. Апсурдни закони

10. Позери, емовци, квази: рапери, металци итн.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.939
Поени од реакции
1.481
1. лакоми луѓе
2. злобни лакоми луѓе
3. глупави злобни лакоми луѓе
4. ретардирани глупави злобни лакоми луѓе
5. ебани ретардирани глупави злобни лакоми луѓе
6. спонзорирани ебани ретардирани глупави злобни лакоми луѓе
7. идиотизирани спонзорирани ебани ретардирани глупави злобни лакоми луѓе
8. продадени идиотизирани спонзорирани ебани ретардирани глупави злобни лакоми луѓе
9. нечовечни продадени идиотизирани спонзорирани ебани ретардирани глупави злобни лакоми луѓе
10. едно куче од што постојано ми се с'снува без причина, и стварно не знам зошто, обично стојам океј со сите кучиња и останати животни:nesum:
 

Љупка

CLAW
Член од
30 јули 2008
Мислења
69
Поени од реакции
5
1.Ucenje
2.Pravenje lice pred lugeto a zboruvanje loso zad lugeto
3.Kazuvanje deka slusas nekoja muzika samo zaradi prifakanje od strana na drugite i pravejki se slep a mnogu dobro ja poznavas istata - vo slucajot(muzikata)
4.Iskazuvanje ljubov kon drugarceto so slednive zborovi ( srce,milo,mi te sakam) a zad nego odma ocekuvas zaboduvanje noz vgrb
5.Nepravda
6.Dosada
7.Tehnologija...
I RED DRUGI RABOTI KOJ NE MOZAM NI DA GI NABROJUVAM
 

iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
1. патување со автобус на релација Струмица - Прилеп.
2. факултет у Прилеп
3. станување у 8 сабајле
4. толку
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
1. Фејсбук:nerv:

2. Спорот со Грција за името

3. Бившата ми женска:nerv:

4. Од училиште

5. Самосожалување

6. доволно се овие пет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom