1/4 ФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: калкулации, математики, проблематики...

Јас сум за да ја пукаме ЛИТВАНИЈА ДА ЈА РЕШЕТЕМЕ НА НИВНИ ТЕРЕН РАТАТАААААААААА !!!
Ако Литванците шутираат како против Србите вчера, ќе не добијат 40 разлика. Значи, последна репрезентација со која сакам да играме во четврт финале е Литванија, Турција е убедливо најдобар избор, доколку се пласира...
 
Шо и да се падне ке го кркаме според мене, нема потреба од преувеличување, и преценување на квалитетите на нашата репрезентација. Да ме сватете грешка овој е ОГРОМЕН УСПЕХ и сум горд и воодушевен од резултатите што ги прикажавме досега.
 
вака сеа, да бидеме реални никој од таа група не можеме да тепаме, но четвртина финале на европско е преголем успех и за Шпанија а не па за нас, гледам некои викаат со Србија и Литванија можеме да се носиме, Литванија е домакин и тоа и дава голема предност, Србија изгуби и сеа ја сметате за слаба а заборавате дека се вице шампиони на Европа, и на каков начин испаднаа на светско од домакинот Турција :) Така да нека нема разочарувања ако изгубиме во четврт финале ;)
 
1/4 - финале влеговме, тоа e најважно. Ова е успех, без разлика како ќе изиграме понатаму. Најдобро би било да ги избегнеме Франција и Литванија, со Србија, Шпанија или Турција би имале колку - толку шанси.
 
Ако вечерва Словенија ја добие Грција и третото место во групата ни е веќе загарантирано:)
 
Ќе проработи шутот баш за 1/4 финале, според мене ќе играме со Турција или србија, ама ова доколу бидеме први во група, бегај подалеку од литва, шпа и франција, но топка е не се знае ... чекор по чекор па ќе видиме што ќе излезе од сево ова ...
 
Голема честитка до нашите кошаркари јас ќе бидам задоволен и со четврфинале да го играме онака како треба се разбира нашите ќе се борат докрај ама искуството и квалитетот е тој нашите кошаркари се голем дел во поодминати години и со еден плејмејкер немаме шанси за медал.
 
Читам тука на темата и незнам дали да плачам или да се смејам,едни велат имаме шанси против Шпанија,други против Србија,трети против Литванија......да не се преценивме малце,реално гледано сите овие репрезентации се далеку пред нас,со нив ни добрата одбрана нема да ни помогне,со оглед дека имаме очаен процент за шут од поле.Сепак,голем успех е што влеговме во 1/4 финале и сигурно дека нашите херои ќе остават срце на терен на секоја наредна утакмица и ќе го дадат својот максимум,па што биде нека биде
 
вака сеа, да бидеме реални никој од таа група не можеме да тепаме, но четвртина финале на европско е преголем успех и за Шпанија а не па за нас, гледам некои викаат со Србија и Литванија можеме да се носиме, Литванија е домакин и тоа и дава голема предност, Србија изгуби и сеа ја сметате за слаба а заборавате дека се вице шампиони на Европа, и на каков начин испаднаа на светско од домакинот Турција :) Така да нека нема разочарувања ако изгубиме во четврт финале ;)

Па реално гледано, србите и Турците се најслабите МОЖНИ противници и екипи со кои сигурно може да се носиме, нормално е дека нив ќе ги посакуваме... Тоа што биле вицешампиони ништо не менува, и Хрватите беа кошаркарска сила. 1/4 финале е успех, но апсолутно не е точно дека не можеме против некоја од овие репрезентации да бркаме и 1/2 финале, јас ништо посебно не видов во играта на србите и Турците.
 
Со Литванија очигледно е зошто неаме шанси. Со Шпанија исто, а супер би било ако е можно и Франција да ја избегнеме. Но и да играме со било кој од овие, веќе доволно направија нашите, нема да бидат под притисок во 1/4 финале, па можеби ќе ни тргне шутот. Се е можно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom