Johnny Tran
You OK, Freckles?
- Член од
- 25 јануари 2011
- Мислења
- 1.943
- Поени од реакции
- 1.363
Ако не сте биле од оние фанатици кои ја играле видео играва со часови, тогаш сигурно, во најмала рака, сте слушнале за неа. Сега, играта создадена во 1994 година, „Need for Speed“ ќе се префрли на големото платно.
Студиото DreamWorks е во преговори и се очекува наскоро да потпише договор за откупување на правата за „Need for Speed“ и истата да ја смести на филм, пишува Hollywood Reporter. Во однос на сценариото, веќе се зборува дека Џон Гетинс, сценаристот на „Real Steel“ и неговиот брат Џорџ Гетинс се задолжени за адаптирање на приказната за филмска верзија.
Сè уште не е познато кои би се појавиле во главните улоги, но се очекува и предвидува дека филмот ќе има статус на акционен блокбастер.
Инаку, „Need for Speed“ е игра со возење, чија првична верзија се појави уште во 1994 година, а оттогаш е продадена во повеќе од 100 милиони примероци. Во нејзиниот животен век, направени се дури 15 верзии на играта - за компјутер, конзоли и мобилен телефон.
ИЗВОР
баш ме интересира каков ќе го направат