Американската компанија „Форд“ ја купи романската фабрика за автомобили „Automobile Craiova“, јавија локалните медиуми.
„Форд“ платила 57 милиони евра на романската Влада, со што стана сопственик на 72,4% од акциите на фабриката.
Купопродажниот договор го потпишаа раководителот на европскиот оддел на „Форд“, Џон Флеминг и премиерот на Романија, Калин Попески Таричану.
Флеминг соопшти дека новата фабрика ќе биде искористена за засилување на присуството на „Форд“ на европскиот пазар, без притоа да соопшти кои модели ќе се произведуваат во Романија.
Производството на романските автомобили „Форд“ ќе започне кон крајот на 2008 година. Годишно, се планира да бидат произведувани 300.000 автомобили, од кои што 90% ќе се извезуваат на европскиот пазар.
„Форд“ за модернизација на фабриката во Романија ќе инвестира 675 милиони евра
A1