Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Па не би рекол дека само финансиите се во игра, логистиката има огромна улога особено во делот на компромитации и разно разни пити гомнарки кажано во УДБашки жаргон.Или ќе бидат државни или на олигарсите или странски, но јасно е дека без пари и реклама нема гласови. Искрено гледајќи дека на премиерот му наредуваат како на мало дете што може, а што не, не гледам скандал во тоа дека новите партии се финансирани од странство. Не дека не ми пречи, но не сметам дека од старт би биле помалку поволна опција заради тоа, со оглед на тоа дека 100% од партиите се командувани.
Инаку научна фантастика е да влезе било кој од ,,Левица" и ,,Твоја" со оглед на Донтовиот систем. Евентуално во скопската, каде луѓето помалку бркаат работно место преку партија. Во другите единици да собереш 10К гласови е тешко, со оглед на тоа дека гласачите се или СДС или ДПНЕ.
Многу ликови кои беа надежни за општата јавност стихијно се повлекоа, пасивизираа или маргинализираа на МКД политичка сцена, да не одам поединечно сега кои.
Врежано ни е во гените нас странското влијание, особено на соседните земји, за разлика од пред 100г тоа сега е посуптилно и во денешно време нема потреба од агресвните методи кои се користеле во минатото. Горе долу пак србомани, гркомани, бугарофили, балисти...нажалост.