„Твоја“ партија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.378
Поени од реакции
18.267
„Твоја“ партија ги собраа потребните потписи и ќе настапат на избори.

Адвокатот Александар Торевски на денешната средба на „Твоја“ партија, во која е како претседавач на управен одбор, порача дека партијата ќе оди самостојно на предвремените парламентарни избори.

„Твоја“ партија веќе се регистрираше и ќе настапиме на изборите во април. Поминавме макотрпен пат и нема да ги разочараме граѓаните. Не сме задоволни од општествената реалност во државава. Мене ми е мило што граѓаните покажаа желба дека сакаат да не видат на политичката сцена. Одиме сами на овие избори. Немаме месни комитети и штабови. Општеството оди во погрешна насока и да не звучи претенциозно дека јас ќе сум спасителот на Македонија, но потребна е промена“, порача Тортевски.

Професорката Мирјана Најчевска акцентот го стави на животната средина и образованието во Македонија, кои според неа се во вистински проблеми.

„Одговорноста е на сите политичари. Животната средина во Македоија е мртва. Факт е дека треба да се издвојат многу средства и потребно е време за да се доведе тоа во некој ред. Од друга страна, образованието не смее да се третира како трошок. Наместо партизација, апелираме на професионализација во сите сектори во државата. Ние сме интернет партија и ќе ги користиме сите можни начини преку социјалните мрежи за да допреме до граѓаните“, истакна Најчевска.

Како што истакнаа од партијата, Тортевски ќе има двегодишен мандат како претседавач, без право на повторен избор.
 
M

Macedon1um

Гостин
Просечен Македонец левел - го нервира тоа што од независноста до денес се вртат само криминалните картели на дпмне и сдсм, ама фрла дрва и камења на секоја новоформирана партија

Лично јас ќе гласам или за нив или Левица во зависност од програмите што ќе ги извадат, реално тоа ни е опција во моментов
 
Последно уредено:

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.372
Поени од реакции
3.546
Respekt za Najcevska
Ja hejtav porano no sega ja smetam za licnost so ogromen moralen i politicki integritet.
Nikogas ne zastana na edna ili na druga strana. Ja kritikuva pozicijata bez razlika koja partija e na vlast.
Geroski, Ordanovski i ostala kompanija moralni dzudzinja mozat samo da se poklonat na vakov karakter.
 
Една од ретките што јавно буквално го помоча Михајло Маневски гробарот на правото во Македонија

Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.378
Поени од реакции
18.267
Лично јас ќе гласам или за нив или Левица во зависност од програмите што ќе ги извадат, реално тоа ни е опција во моментов
Тоа е изборот и за мене во моментов, или Левица или овие Твоја.

Најческа ме нервира, ама Тортевски ми е арен човек.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.165
Поени од реакции
18.079
Respekt za Najcevska
Ja hejtav porano no sega ja smetam za licnost so ogromen moralen i politicki integritet.
Nikogas ne zastana na edna ili na druga strana. Ja kritikuva pozicijata bez razlika koja partija e na vlast.
Geroski, Ordanovski i ostala kompanija moralni dzudzinja mozat samo da se poklonat na vakov karakter.
И мене ми делува жената дека си се држи до принципите и ги критикува властите од двете партии. Меѓутоа очигледно е дека има блага форма на жизофренија, кој ја прати на фб вајда му е јасно тоа :icon_lol:
 
M

Macedon1um

Гостин
Тоа е изборот и за мене во моментов, или Левица или овие Твоја.

Најческа ме нервира, ама Тортевски ми е арен човек.
Не ја пратам многу ама во споредба со многу други на нашава политичка сцена, она ми е ок

Еве го Тортевски на дебатата во Телма во споредба со лидериве на останатите помали партии изгледа како интелектуален џин. Најчевска ќе била носител во изборна единица 1, Тортевски најверојатно ќе трчал во 5ката што му е одличен потег тој регион Битола ми изгледа како еден од поосвестените и желен за промени
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.694
Поени од реакции
16.962
Среќа ликов собра 1000 потписи преку Твитер. Да не беше Твитерон немаше да собере ни 100 потписа, а и до последен ден едвај ги собра 1000.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.915
Поени од реакции
5.758
Ново влашко лоби преку 10-то ако не се лажам бидејки престанав веќе да ги бројам.Исто како и кибриташите на камени мост мислат дека на иста финта цел век можат да лажат неколку генерации.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Не знам чија партија е оваа, ама не е моја :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Торте дур лапал пари од СЈО, сегде по дебати збореше како СЈО беа најдобри, пример како треба да биде обвинителство итн итн, а кога секнаа парите од СЈО и кога го уапсија катето почна да збори „абе ја од почеток знаев дека она нема капацитет, ама ќутев за поголемо добро“. Кое поголемо добро бе, моите пари у џеб шо ги стави ?
И да го гласам него ? Не фала :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom