Хмм, зависи до индивидуата и начинот на кој размислува.Кај некои оваа поговорка важи, кај некои воопшто не важи.Кај мене пример во друштво, ако некој се реши да направи нешто (и ако се работи за посериозна работа) а јас оценам дека тоа е лошо, и дека не е во ред да се прави тоа, тогаш нема што да одам по него, и да ги реализирам заедно со него неговите идеи.Кога се работи за мене говорам, за другите не знам.Инаку кога станува збор за ситници (шеги, места на излегувања во град и.т.н.) тогаш да, сметам дека оваа поговорка кај сите важи.Едноставно индивидуата кога видела дека (пр.) друштвото на Петко размислува за поважните работи во животот исто (ако не исто, многу слично) како самата индивидуа, а начинот на искажување на зафрканции, излегувањата во град и.т.н. им се тотално различни по вкус, тогаш сметам дека секој од нас е спремен на таква мала промена, која воопшто нема допирна точка со начинот на размислување на сосем други полиња.Едноставно индивидуата гледа како да се адаптира, и сите се спремни да дадат „мала жртва“, мала адаптација од која можат да добијат многу повеќе.Тоа е мое мислење за поговорката: С’ ким си-такав си!