Секое кажано “НЕ“ во кревет те симнува скалило подолу од терминот “курва во кревет“... како за момчето така и за девојката.
Викаш “живееме во едно помодерно време во кое никој веќе нема обичен и монотон секс“. Не е точно. Како си било пред сто години, така си е и сега. Монотон секс си постои и ќе си постои. Тоа е тоа што мажите го мразат, а жените не го обожаваат.
Поентата на насловот на темата во слооден превод би било: “Мажите сакаат девојката да биде курва во кревет, а дама пред светот“ што некој и го спомна на првата страница и е сосема точно и не гледам ништо страшно во тоа. Желби пусти желби. Жената го посакува истото. Моќен маж кој е динамит од час и половина во кревет. Желби пусти желби.
Да се биде “курва во кревет“ не е лоша работа, и терминот е сосема нормален, оставете го, аман.
Значи тука сме де. Не смее да се каже не во кревет. Ако не кажуваш си курва, а ако кажеш не си, а и си досаден љубовник.
А за модерното време ... постои монотон секс кај тие што таков си го сакаат или па го нејќат, па затоа е таков. Но тоа го нема кај тие што уживаат во сексот и го практикуваат како нормално и убаво нешто. И зошто чувствувам некоја нелогична поделба на работиве? Зошто има курва или монотона и досадна жена? Аман.
И терминот како термин е лош. Па и да се задржиме на терминологија де, што да не. Кажи ми што е за тебе курва без наводници?
Се мислев дали да пишам повторно или не.Станува збор за курва во кревет.Што не значи мажот што ќе побара она тоа да го направи и на крај да му наплати туку да биде искусна и да знае што сака и што прави.Значи да биде спонтана и не само она туку и мажот.
Па зошто во тој случај да мора да се нарече курва? Зошто да има било какво име за нешто толку нормално? А кога веќе мора да има, зошто да не е добра љубовница во кревет, наместо курва?
Па тропате глупости и ти и оние кои на темава се изјаснуваат за девојките кои се слободни во кревет како да се проститутки. Јас не знам вие на која планета живеете ама у мој варош - курва у кревет значи девојка која знае како да ужива во сексот и како да го задоволи партнерот.
Тоа вие како си го замислувате терминот курва и дали ве иритира на истиот начин како што мене ме иритира склопот од букви ВМРО и СДСМ тоа е ваш проблем. Темата “курви во кревет“ е јасно што значи.
А чекај. Слободните во кревет се курви или проститутки? Кој кажа дека слободните во кревет се проститутки? Не спомнува никој наплата, така да не наметнувај нешто што не е кажано.
Сепак темата "курва во кревет" не е јасно што значи, дека секој различно си ја сфаќа.
Abe nemozam da si poveruvam deka pak ke se povtoram, pocnav so muabetot sekoj maz saka " kurva " vo krevet, neznaci deka treba da naplakas, ili deka toa treba da ti bide profesija, sakav samo da kazam mazite go sakaat mn raznovidniot sex, oralka, anal, vaginalen, megu ciciki.... i se drugo a zasto i zenata ako go prifaka seto toa ne bi mozela da mu go dade na svojot partner?( pa posle ne se cudete zosto vi se neverni) ma da i toa nemora da znaci pak ke naglasam "ako i prai keif" ako ja pali takov sex nikoj nikogo ne tera nesto so sila so nejke bas vo toa e razlikata vo pravata profesija na kurvata(sto ke i kazat toa pravi bidejki e platena za zadovolstva),taka da ne preteruvajte procitajte ima mn ubavi citati sto nema potreba da ve nervira zborot "kurva"!
Ако жената го прифаќа тоа што мажот го сака, пак ќе кажам дека ќе си го прави и не мора да се нарече курва.
Тоа болдираното ти е вишок во постов, доколку нели мислиш како што пишуваш во останатиот дел.
И уште еднаш ... зошто да се нарече курва ако прави тоа што сака за да биде задоволна таа и партнерот? Знае некој на тоа да ми одговори?
Туку кога ќе размислам, вие кои немате ништо против курвите во кревет повеќе спомновате проститутки, дека тие се тие што наплаќаат за услугите.
Сакам да глумам во кревет се што ми одговара, па макар била и “курва„,сеедно, после таква сексуална стимулација, мојот партнер сеуште е покрај мене, се чувствува прекрасно, и јас исто, и двајцата сме задоволни, и нема тука ништо страшно.На крајот на краишта, за убав сексуален акт, потребни се и такви игри
Одлично. Чувај си го и биди курва во кревет, ама некои тоа го можат и без глумење. Знаеш, една жена е подобра и само кога не глуми и тоа што му го пружа на партнерот е вистинско, природно и со силни чувства и потреба. Убав сексуален акт не се темели на глума!Неможам да го разберам и тој вториот дел. Како може да ти е убаво и тебе нешто што го глумиш. Сама се лажиш или?
Тешко мене ... што уште ќе прочитам на темава ... од збунети позбунети постови ...
И јас не постирам повеќе, затоа што очигледно го прифаќате само она што вам ви одговара, и очигледно дека не ме разбираш што сакам да кажам, а за тоа дека се негирам себеси во голема заблуда си, треба убаво да прочиташ што пишувам во целост.
Ако се откажуваме сите од реплицирање, само затоа што на одредена тема другите имаат различни ставови од нас, форумите ќе престанат да постојат. :helou: