„Итра“ манипулација со цени и реклами

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
психологија на цените:P

Се среќаваме со цени на производи кои завршуваат некако чудно- 199 , 49, 79, 899, 9999, сето тоа е итра манипулација на маркетолозите - за да народот купува што повеќе и повеќе

Многу истражувања докажале дека цените кои завршуваат на 99, се попривлечни отколку со округлите цени
Во Франција психолозите направиле експеримент во пицерии каде се манипулирало со цените (Guéguen et al., 2009) по следниот редослед: првото мени било со цени на пици, кои завршуваат на 00, второто мени – со цени, кои завршуваат на 99, и трето– со цени на 00, освен една пица, чија цена била 7.99 евра.
Резултатите биле доста неочекувани ,таму не упалило :pos:

Во-првите -каде цените завршувале со 99, само по себе не биле привлечни за групата- затоа што за 8 евра имале избор - пица да одберат онаква каква сакаат - а не да ја земат понудената од 7,99

Но, сепак некои сметаат дека сумата 9999.99 и 10000 поразлично се прима од луѓето. Што мислите вие
и колку е ефективно истото???

Мене ова страшно ме нервира-
или оние бедни реклами на ТВ што oдеа- „веќе во продажба новиот џип ХХХ за само 19.990 евра„
а и зборот „ЗА САМО„ ме вади од кожа
Зар не постои ли некој поприкриен начин за „дерење„-да те натераат даа купиш и тогаш кога немаш вистинска потреба од производот , отколку ова ???!!!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Се е тоа маркетинг :)
Ова го учев во средно, ако не сум ја фрлила книгата, може ќе напишам нешто во врска со тоа (нели, објаснувања), ама ако има економисти овде, уште подобро :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Toa „САМО“ вади од кожа. Кога ќе видам реклама и зборат „...<рандом производ> за само 10.999 <одбери валута>“ веднаш ми е одбивна.

Инаку кога бев средно баш професорот по бизнис ни имаше дадено резултати од некоја анкета баш за ова со -99, а и често пати имам приметено од пријатели и роднини дека последните цифри не ги ни забележуваат туку она што го гледаат се првите две цифри. Пример ако нешто е 10999 ден. повеќето ќе речат „Хеј 10 илјади за ова...“
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Се е тоа маркетинг :)
Ова го учев во средно, ако не сум ја фрлила книгата, може ќе напишам нешто во врска со тоа (нели, објаснувања), ама ако има економисти овде, уште подобро :)
ма каки економисти, каки маркетинзи - се“ е тоа лук и вода
и за жал- добар дел од народот „паѓа„ на такви финти
САМО недалава, за САМО ххх денари, не пропуштајте.....:sick: бљувотини

 
П

Пепси_

Гостин
abe brat koga nemas pari ni toa SAMO nema da te privlece nitu toa 9kite na krajot :D

ce odis ce si zemis od toa kolku so imas u djepot.


a inace mene ne mi vlijaat takvi cifri i falenja. treba da si apla glup ili amerikanec pa da se istrcis kako ofca ni 2 ni 3 odma da go grabnis i da ti go otkucat na kasata :icon_lol:
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
И јас ова го имам во средно по Бизнис учено, баш за овие трик цени. И според мене нема ништо лошо или иритирачко во ова. Маркетингот е уметност на убедување и привлекување на потенцијалните конзументи да го купат твојот производ. Фактички и кога имаш просечен производ, успешна маркетинг кампања ќе направи истиот да се продава како алва.
Замислете што би правеле вие кога би продавале некој производ? Нема да примените трик цени? Зачудувачки, има голема разлика кај купувачот кога во една продавница некој производ ќе биде 5999 ден., а во друга истиот тој производ ќе биде 6000 ден. И не гледам зошто ова би ме иритирало или нервирало.

Следни се рекламите. Во секој слоган има привлечни зборови, или се користат фрази од типот "Мора да го пробаш/имаш", "Понуда која не смееш да ја пропуштиш", "За само XXX денари", итн., пропратени со супер преувеличани и совршени кадри од производот или тоа што се рекламира. До некоја мера ова може да се нарече перење мозок или наведување на луѓето да купат одреден производ. Но запамтете дека за тоа не се криви компаниите кои ги прават рекламите и цените, туку самите потрошувачи. Задача на компаниите е да се изрекламираат што подобро и да остварат ПРОФИТ, додека задача на потрошувачите е да се едуцираат и информираат добро за секоја своја одлука.

Значи во денешниот свет на немилосрдна конкуренција, без овие трик цени и маркетиншки трикови дури и да го имате најдобриот производ на цел свет, нема да направите ништо, и ќе завршите банкрот за многу брзо време.Така да ја немам ништо против ова, најнормална работа и многу интересна психолошка зезалица.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.498
психологија на цените:P

Се среќаваме со цени на производи кои завршуваат некако чудно- 199 , 49, 79, 899, 9999, сето тоа е итра манипулација на маркетолозите - за да народот купува што повеќе и повеќе

Многу истражувања докажале дека цените кои завршуваат на 99, се попривлечни отколку со округлите цени
Во Франција психолозите направиле експеримент во пицерии каде се манипулирало со цените (Guéguen et al., 2009) по следниот редослед: првото мени било со цени на пици, кои завршуваат на 00, второто мени – со цени, кои завршуваат на 99, и трето– со цени на 00, освен една пица, чија цена била 7.99 евра.
Резултатите биле доста неочекувани ,таму не упалило :pos:

Во-првите -каде цените завршувале со 99, само по себе не биле привлечни за групата- затоа што за 8 евра имале избор - пица да одберат онаква каква сакаат - а не да ја земат понудената од 7,99

Но, сепак некои сметаат дека сумата 9999.99 и 10000 поразлично се прима од луѓето. Што мислите вие
и колку е ефективно истото???

Мене ова страшно ме нервира-
или оние бедни реклами на ТВ што oдеа- „веќе во продажба новиот џип ХХХ за само 19.990 евра„
а и зборот „ЗА САМО„ ме вади од кожа
Зар не постои ли некој поприкриен начин за „дерење„-да те натераат даа купиш и тогаш кога немаш вистинска потреба од производот , отколку ова ???!!!
ЗА САМО НЕВЕРОЈАТНИ 99999999.99!!!
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Гадна манипулација. Се “заебав“ еднаш така. Ми порачаа нешто да купам а тоа кошташе 169 евра и кога ме прашаа преку телефон јас кажав 160, после кога сметките си ги израмнувавме ми дадоа 160 евра, само си се поднасмеав и ги земав. После ја видоа сметката и се поправија. Ако не видеа ке си ќутев, моја грешка беше што да праам. :icon_lol:
 
A

AnFem

Гостин
Нормално, луѓето учат маркетиншки трикови за да намамат конзумеристи и да остварат профит. Сакавте капитализам, ете ви го. Нема потреба од лутење и „вадење од кожа“.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Следни се рекламите. Во секој слоган има привлечни зборови, или се користат фрази од типот "Мора да го пробаш/имаш", "Понуда која не смееш да ја пропуштиш", "За само XXX денари", итн., пропратени со супер преувеличани и совршени кадри од производот или тоа што се рекламира. До некоја мера ова може да се нарече перење мозок или наведување на луѓето да купат одреден производ. Но запамтете дека за тоа не се криви компаниите кои ги прават рекламите и цените, туку самите потрошувачи. Задача на компаниите е да се изрекламираат што подобро и да остварат ПРОФИТ, додека задача на потрошувачите е да се едуцираат и информираат добро за секоја своја одлука.

Значи во денешниот свет на немилосрдна конкуренција, без овие трик цени и маркетиншки трикови дури и да го имате најдобриот производ на цел свет, нема да направите ништо, и ќе завршите банкрот за многу брзо време.Така да ја немам ништо против ова, најнормална работа и многу интересна психолошка зезалица.
делумно се слагам со тебе:)
но, јас лично несакам -такви да не речам игри - без разлика што цел свет тоа го практикува
мене лично ми смета:icon_lol: исто онолку колку и она 2+1 гратис.....да не набројувам
ама изгледа граѓаните изобилуваат со извесни и познати стереотипи, ко на пример:
Дефицит - секогаш добар и ценет .Од таквиот производ никојпат нема да може да биде премногу . Подобро кога производот го има во строго огтраничени количини .И тогаш настапуваат „манипулаторите“ со осмислена рекламна акција : «дрн,дрн... останати се уште САМО 10 примероци од автомобилот «порше»!
иииииииииии, глеј ЧУДО:pos: истите се купуваат преку ноќ

второ: Скап производ - значи добар производ .
ова ти е сигурно познато- :unsure:
и трето: Сите така прават- значи , така е правилно. Пример со женските бунди -сите одеа во Костур (гејлада) по истите, или на времето во Италија по фармерки , значи, штом одат сите -навистина се добри бундите фармерките..... итн
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Се е тоа маркетинг :)
Ова го учев во средно, ако не сум ја фрлила книгата, може ќе напишам нешто во врска со тоа (нели, објаснувања), ама ако има економисти овде, уште подобро :)
Имаше предмет психологија на маркетинг :icon_lol: Јбг, постојат доста луѓе кои за 1 денар би ги прошетале сите маркети, некои вистина од мака, а добар дел од досада.Веројатно на голема количина би имало некаква реакција, а да купиш 5 работи со ,9/,99 цена и да заштедиш 5 или 0,05 денари :confused: Ама психолошкиот момент дека ‘нешто ќе заштедат‘...

Друга ситуација, пример од тој заебан маркетинг.Денес во еден маркет одат чипси со цена од 36 денари, утре под истата цена напишано со јак фонт или упадлива боја промоција.Првиот ден 120 парчиња продадени, вториот 400.
Лесно се лажат луѓето, посебно во западните општества.Кај нас тешко, освен во почетна еуфорија.Примерот со Карфур.

Мене лично најдосадни и контраефект реклами ми се тие од типот:
- ние сме најдобри (веројатно обратно од вистината, па да привлечат),
- во најдобрата продавница / маркет (внатре избор и љубезност нула),
- најдоброто кафе во Македонија (кафето отров),
- најдобрите сокови / вина / пива (вкусот киселина),
- патувајте со најдобрите (возилата распаднати),
- традиционално најдобри (живот на стара слава),
- најдобрите услови за кредитирање само кај нас (со мали букви дополнителните услови се...),
- соработувајте со најдобрите (дериме на големо)...

и после гледаш сите фирми се најдобри, бизнисот процветал :sick:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Имаше предмет психологија на маркетинг :icon_lol: Јбг, постојат доста луѓе кои за 1 денар би ги прошетале сите маркети, некои вистина од мака, а добар дел од досада.Веројатно на голема количина би имало некаква реакција, а да купиш 5 работи со ,9/,99 цена и да заштедиш 5 или 0,5 денари :confused: Ама психолошкиот момент дека ‘нешто ќе заштедат‘...

Друга ситуација, пример од тој заебан маркетинг.Денес во еден маркет одат чипси со цена од 36 денари, утре под цената напишано со јак фонт или упадлива боја промоција.Првиот ден 120 парчиња продадени, вториот 400.
Лесно се лажат луѓето, посебно во западните општества.Кај нас тешко, освен во почетна еуфорија.Примерот со Карфур.

Мене лично најдосадни и контраефект реклами ми се тие од типот:
- ние сме најдобри (веројатно обратно од вистината, па да привлечат),
- во најдобрата продавница (внатре избор и љубезност нула),
- најдоброто кафе во Македонија (кафето отров),
- најдобрите сокови/вина/пива (вкусот киселина),
- патувајте со најдобрите (возилата распаднати),
- традиционално најдобри (живот на стара слава),
- најдобрите услови за кредитирање само кај нас (со мали букви дополнителните услови се...),
- соработувајте со најдобрите (дериме на големо)...

и после гледаш сите фирми се најдобри, бизнисот процветал :sick:
Па види, и мене прво ми беше чудно, што овие во градчево во САД кај што живеев, имаа точно 3 маркети (немаа трафики, колонијали), и точно знаеа каде и колку се цените. На пример, купува кај мене во маркет, ама бананите му се 25 центи поефтини во Волмарт, а прашакот му е 60 центи поефтин во Албертсонс. И не ги купува од кај мене, заштедува 85 центи. И за се правеа така, буквално за се, макар 5 центи да се во прашање. Си купуваа тоа што е најефтино тука, па тоа што е најефтино таму. А не е дека немаа пари. Имаа повеќе од потребно за одличен живот. Ама секој цент се цени.

Сум приметила дека тука, еве моиве, кога купуваат, свесно знаат дека пример мандарините се поефтини во Кам, ама ги купуваат од локалниот Тинекс, заедно со се друго што нели купуваат.
Или пример, во Тинекс има некој прашак за перење што и треба на мајка ми, ама во Кам го нема, па се ќе купи од Тинекс, наместо да купи се друго од Кам и да заштеди можеби и 20-30 денари, можеби и повеќе, зависи. За да не влага 2 пати во маркет.

Мислам дека е тоа глобално на нашиов пазар, иако пресметките постојат. Да бидеме искрени 20-30 денари, не се толку малку, ако се земе во обзир дека купуваш работи - секојдневно, што значи не заштедувам 20-30 денари на телефон, туку на нешто што и за 5 дена пак ќе го купам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Мислам дека е тоа глобално на нашиов пазар, иако пресметките постојат. Да бидеме искрени 20-30 денари, не се толку малку, ако се земе во обзир дека купуваш работи - секојдневно, што значи не заштедувам 20-30 денари на телефон, туку на нешто што и за 5 дена пак ќе го купам.
Aбе едно е 20 - 30 денари или нешто плус на едно купување, а друго се денар или два.Првиот случај месечно 600 - 900 денари (една минимална сметка за интернет / ВИП претпата / повратна за еден студент) под претпоставка секојдневно заштедување на тие 20-30, вториот само 30 - 60 денари.Значи за тие цени од типот на 199 или 19,9, особено вторава цена во денари не е нешто значајна споредено со 20, освен ако не си огромен трговец на големо или јака фирма.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
делумно се слагам со тебе:)
но, јас лично несакам -такви да не речам игри - без разлика што цел свет тоа го практикува
мене лично ми смета:icon_lol: исто онолку колку и она 2+1 гратис.....да не набројувам
ама изгледа граѓаните изобилуваат со извесни и познати стереотипи, ко на пример:
Дефицит - секогаш добар и ценет .Од таквиот производ никојпат нема да може да биде премногу . Подобро кога производот го има во строго огтраничени количини .И тогаш настапуваат „манипулаторите“ со осмислена рекламна акција : «дрн,дрн... останати се уште САМО 10 примероци од автомобилот «порше»!
иииииииииии, глеј ЧУДО:pos: истите се купуваат преку ноќ

второ: Скап производ - значи добар производ .
ова ти е сигурно познато- :unsure:
и трето: Сите така прават- значи , така е правилно. Пример со женските бунди -сите одеа во Костур (гејлада) по истите, или на времето во Италија по фармерки , значи, штом одат сите -навистина се добри бундите фармерките..... итн
Да, класични примери за масовен маркетинг. Има и уште многу други што се набројани погоре.. Еве, и покрај тоа што и двајцата сме свесни, ги фаќаме овие финти и не можеме да бидеме изманипулирани, тебе ти сметаат, мене не. Јас гледам на тоа поинаку, баш како што кажа - игри, едноставно уметност и вештина да се привлечат што повеќе купувачи, ништо друго. Можеби затоа што имам и самиот учествувано во неколку маркетинг кампањи и имам учено маркетинг на производ, па ова го гледам од друга перспектива.

Од друга страна, мнозинството од луѓето се тотално несвесни за ова што го збориме, еве пример мајка ми, по некоја случајност баш сега пред некои пола саат збори со пријателка: "Еј види машина за перење со сушење за 24 000." Јас го зимам проспектот, и читам 24 999. Она деветките воопшто не ги ни регистрира! Значи ако во некоја друга продавница истата машина прочиташе дека е 25 000, за само тој 1 денар разлика машината ќе ја купеше од првата продавница. За нас чудно, ама 80 посто од потрошувачите во светот се "ловат" на вакви финти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom