Што мислите за еутанизацијата?
Едитирано од модератор: Вметнат цитат, за подобро доловување на поентата на темата.гладиус напиша:Еутаназијата е всушност исклучување на медицинските апарати на потполно неспособни личности кои немаат никакви шанси некогаш да се разбудат од длабока кома. Исто така еутаназијата може да ја побараат и смртно болни личности и луѓе кои цел живот се во депресија. Попозната како убиство од милосрдие, таа најчесто е табу тема во целиот свет.
Православната и Римо-католичката црква јасно ги имаат искажано своите негодувања кон оваа тема, и најстрого ја осудуваат ваквата одлука...
Голем број на невладини организации и движења за правата на човекот ширум целиот свет, исто така се против еутаназијата, и ја осудуваат како играње Господ, и законско убиство... Засега еутаназијата е законски дозволена во само 4 земји. Холандија, Белгија, Орегон и Вашингтон...
Што мислите вие? Дали е во ред да одлучуваме за туѓиот живот, или треба да се остави човек да вегетира на апарати знаејќи дека никогаш повеќе нема да се разбуди и врати(или да му се овозможи последната желба на човек која засекогаш ќе го спаси од маките)?