„Ера сити“ ќе биде град во град на „Скопски саем“

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ера сити“ ќе биде град во град на „Скопски саем“

Групациите „Ера“ и „Три гранит“ во следните три - четири години за 130 милиони евра ќе подигнат град во град
БОЈАН ШАШЕВСКИ

По неколкугодишни најави, ветувања и уште толку одложувања, словенечката групација „Ера“ и меѓународната групација „Три гранит“ во наредните 3-4 години на површина од околу 16 хектари конечно ќе го реализираат комплексот „Ера сити“. Во рамки на „Скопски саем“ треба да никне проект проценет на 130 милиони евра.

Компаниите-партнери уверуваат дека ваквиот „град во град“ би содржел три деловни објекти, шопинг-центар, забавен центар, две катни гаражи, хотел и енергетска станица. Почетокот на градежните зафати се најавува за годинава, а комплексот би се издигнал околу најголемиот национален саемски и изложбен простор, на локациите каде што долго стојат огромни дупки, празен правлив простор и високи огради.
Сопственикот на „Скопски саем“, групацијата „Ера“, и претставниците на „Три гранит“ на 11 февруари склучија договор за деловна соработка. Освен за „Ера сити“, како форма на соработка „Три гранит“ ќе биде вклучена и во реализација на настаните на саемот, во работењето на арената „Метрополис“ и мултифункционалната хала.
„Договорот е заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години проектот беше успорен поради кризата, но ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за полесна реализација. Очекуваме проектот да биде поддржан од повеќе банки и фондови. ’Ера сити‘ ќе биде еден од најголемите комплекси во Југоисточна Европа“, рече вчера на прес-конференција претседателот на Управата на групацијата „Ера“, Гвидо Омладич.
Како главен мотив за проектот ја истакна потребата на дополнителни содржини на она што веќе се реализира на „Скопски саем“ - 200 случувања во годината.
Извршниот директор на „Три гранит“, Арпад Торок, пак, потенцираше дека оваа групација ќе може да го пренесе искуството во градење низ 10 различни земји.
„Со нашата експертиза и знаење ќе ги задоволиме потребите на локалното население во однос на традицијата и културата, а од друга страна ќе подигнеме ултрамодерни содржини“, рече вчера Торок.


Што Ќе содржи „Ера сити“?

Двете групации на прес-конференцијата не кажаа ништо за конкретната квадратура на идните објекти. На сајтот за „Ера сити“, пак, стои дека вкупната бруто-површина на едниот деловен објект е 33.600 квадратни метри, со 11 надземни нивоа и паркинзи и технички простории. Големината на парцелата на трговскиот центар изнесувала 35.144 квадрати. Носечка дејност во главниот центар ќе има прехранбениот хипермаркет и многубројните продавници од светски познати брендови. Во него се вклучени ресторани, кафе-барови, мултифункционално кино, куглање, билијард, фитнес и слично Бруто-површината на центарот е 85.455 квадратни метри со 1.699 подрумски и 2.250 надворешни паркинг-места. Енергетската станица ќе нуди сервис во енергетско обезбедување со топлотна, но и разладна енергија за лето.
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 02:54 ---
Не видов дали има баш ваква тема за овој проект но ако има модератори си ја знаете вашата работа :icon_mrgr:

Инаку според мене вака гледано реално проект како проект тежи доста пари а кога се вложува во нешто толку пари би требало да испадне нешто стварно супер :) Најискрено се надевам дека ќе испадне нешто од овој проект кој е освен на хартија туку и да биде веќе започнат со градење па Скопје да добие уште нешто многу подобро :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не знам што е толку интересна оваа вест кога датира уште од далечната 2008 година кога исто така бомбастично се најавувала?
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8770311F93D13F4C9D645C40EE2ACE2B

Абе да не почнавте да рекламирате за изборите нешто???
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
И Молот го најавуваа како најголем на Балканот и пак ништо. Пак Сердика е поголем. А овој следниот што ќе го прават до Икеа 5 пати поголем и од Сердика ќе биде.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Абе ова е отаде Вардар ќе биде... не ми се верува.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Плукањето може да започне...
Приватен странски инвеститор и локални избори. Најди му на малиот НЗС и IQ. Значи ако се ближат некој избори приватниот сектор не смее да работи да гради да инвестира . Па кај нас секоја 1-2 години има збори и што треба 9 месеци да работи приватниот сектор 9 да спие. :facepalm:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Кај Скопски Саем и хотел Континентал..
Само толку...не бе батка не така
Ќе те чекам таму кај се гради ова т.с. големата дупка
Ај уште поточно кај воената болница...... не ти е јасно
Ај кај кумановска трошарина..... сега пак не ти е јасно
Ај на местото каде нашите бригади ја сопреа на 13 ноември во 1944 година бугарската фашистичка војска,кој бил знае.
Дојди таму во мааало Карадак,Крњево ил Ќерамидница беше.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
ЌЕ се гради автопат, ЌЕ се гради трговски центар, ЌЕ гради Субрата Рој, ЌЕ ги вработеме младите,Го владеат ова идново време нека си ебе мајката. ЌЕ ве натртеме сите и ќе ви го набутаме пак после седум години модерен робовладетелски систем...ROCK ON
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.486
Поени од реакции
2.367
ЌЕ се гради автопат, ЌЕ се гради трговски центар, ЌЕ гради Субрата Рој, ЌЕ ги вработеме младите,Го владеат ова идново време нека си ебе мајката. ЌЕ ве натртеме сите и ќе ви го набутаме пак после седум години модерен робовладетелски систем...ROCK ON
Со други зборови, живееме во Катар, под наводници...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom