@Lbaneso
Лаеш НЕ касаш !
- Член од
- 19 ноември 2009
- Мислења
- 2.425
- Поени од реакции
- 798
„Гардијан“: Албанец од Македонија сопственик на најдобриот ресторан во светот
Ресторанот на македонскиот Албанец Рене Реџепи е прогласен за најдобар во светот, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на најновата ранг листа што секоја година ја прави угледното и престижно, специјализирано британско списание „Ресторан“.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, ресторанот на Реџепи „Нома“, се наоѓа во Данска и во него овој „талентиран гастроном“, кој во истовреме е и главен кувар, се подготвуваат само јадења од нордиските земји. За Рене Реџепи се вели дека е исклучително талентиран готвач кој знае да приготвува „вистински чуда“, правејќи јадења од диви растенија, цветови и горчливи листови, што се служат со најсвежи морски плодови.
Реџепи по таткото е Албанец од Македонија, додека по мајката е Данец. Првото место на неговиот ресторан „Нома“ е изборено во силна конференција со бројни ресторани од светот, меѓу кои и шпанскиот „Ел Були“, што претходно четири години по ред беше прогласуван за најдоброто место за јадење.
Лондонскиот весник пренесува дека во ранг-листата на „Ресторан“, меѓу првите десет ресторани во светот, дури четири се во Шпанија, три во САД, еден во Италија, како и за прв пат досега по еден ресторан од Хрватска и Словенија.