„Бисери на почетници“ - компјутерџии

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Хах, морам прво тука малку :eek:ftopic:: најзакон ми беше во средно кога некому ќе му дадев да прати порака од мојот телефон и после ќе ми дадеше петденарка :):):)

Инаку, со сигурност и јас имам прашувано “нереални“ нешта ама и мене ме прашувале, нормално никој ништо не губи ако праша :) На дедо ми еднаш (тој е сметководител) му објаснував нешто во Word, и не можеше да запамти за стрелката на маусот, ја викаше “мушичка“ :) И командите во Word: File и Save, не можеше да ги запамети и не знаев како да му ги асоцирам и на крај му викам, за да отвориш нов фајл, нека ти текне на брат ти (Филе) а да сочуваш, на комшијата (Саве) :)
:pos2::pos2::pos2::pos2: e убо ти текнало да му објасниш...а другите имиња? :pos2:
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Случкава се дешава по тел.на еден мој другар.Се јавува госпоѓата има проблем со компјутерот неможе да направи нова конекција за интернетот.И дечково и вика ајде ако може одете на Start-settings-control panel.И бара госпоѓата 2-3 минути и прашува другарот...Го отворивте ли прозорецот госпоѓо?А бе дечко,неможам прозорецот ако е работава за поладно да му биде на компјутеров да го отворам фрижидерот ми е поблизу ме мрзи да станувам:pos2::pos2:
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Ај уште една случка за вечерва утре пак. ;)
Господине дали сте моментално пред компјутерот?
-Одлучно ДА ДА.
Дали го гледате долу лево копчето старт?
-Каде долу лево?
Долу лево на мониторот,дали моментално гледате во мониторот?
-Да па пред мене е мониторот а не гледам никаде старт?
Тоа е едно хоризонтално копче долу лево зелено е и пишува на него старт.
ДОБРО А ДЕЧКО ТРЕБА ДА БИДЕ УКЛУЧЕН КОМПЈУТЕРОТ ЗА ДА ГО НАЈДАМ ОВА СТАРТ???
:pos2::pos2:
 

ReNaTa

-SHY- girl
Член од
1 декември 2007
Мислења
240
Поени од реакции
6
poise mi izgledaat ko izmisleni nekoi "slucki" ama nema vrska.
 

Nitro

Veltro
Член од
11 октомври 2007
Мислења
260
Поени од реакции
2
Лелеееееееееее.... а можи да го ставиш и останатиот дел од разговорот, баш ме интересира:):):)
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Седам во интернет-кафе на интернет и чекам еден другар, а во меѓувреме во кафето на еден од копјутерите седат две девојки кој се на правен факултет во градот каде што живеам и постојано, цело време се караа за нешто во врска со компјутерот.
По некое време мојот другар пристигна и тој се познавал со нив па отиде да се поздрави. И по 15-тина минути кога си кренувавме тие уште беа таму и нешто ‘‘момолеа‘‘ и пред да излегнеме тие го викнаа другар ми и го прашаа ......
И на крај испадна дека цело време се карале во врска со exel. Правеле табела и кога ја селектирале се карале поради почетната клетка е која бела исто како да не е селектирана. Цело време и двете мислеле дека не е селектирана и се карале во врска со тоа како да ја селектираат...
:pos2::pos2::pos2:
 

DespaiR

Narc0tic
Член од
5 октомври 2007
Мислења
205
Поени од реакции
1
Ај уште една случка за вечерва утре пак. ;)
Господине дали сте моментално пред компјутерот?
-Одлучно ДА ДА.
Дали го гледате долу лево копчето старт?
-Каде долу лево?
Долу лево на мониторот,дали моментално гледате во мониторот?
-Да па пред мене е мониторот а не гледам никаде старт?
Тоа е едно хоризонтално копче долу лево зелено е и пишува на него старт.
ДОБРО А ДЕЧКО ТРЕБА ДА БИДЕ УКЛУЧЕН КОМПЈУТЕРОТ ЗА ДА ГО НАЈДАМ ОВА СТАРТ???
:pos2::pos2:
:pos2::pos2::pos2: Не е можно:pos:
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
А еден дебил кај мене у маало ме вика нешто имал проблем со ком. и идам и гледам на кабелот позади го исекол и ставил мрзливец ( онаков прекидач ) и го прашувам што си направил бе си го исекол кабелот, и ми вика па го гасев од штек сега вака ми е полесно.:nesvest::nesvest::nesvest:
 
Член од
28 април 2008
Мислења
258
Поени од реакции
9
Е навистина дида чоек :toe:
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Жива вистина шо му се десила на еден мој другар, отишол кај некој тип да му средуе комот и.....
....купил типов некоја игра на CD и сеа му кажуе на другаров „абе сум купил една игра ама нејќеше да ми се стартува, па го прашав комшијата шо се разбира шо да праам и он ми рече да пробам со алкохол, и ја земав абе 5-6 пати го поминав CD-то со 100% алкохол ама пак не бива бе“... другаров неможејќи да се воздржи се прснал од смеа пред типов.
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Hint (за неупатените): Комшијата на типот мислел на Alcohol 120% софтвер за покренување image фајлови. :)
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
17
Поени од реакции
0
neli trebalo sega site uciteli da odat na kurs po informatika i angliski,arno ama staro aro lesno ne se ucelo.
zenata sto gi uci e profesorka po informatika i im kazuva ke kliknes tamu,pa vamu,pa aj sega na save as,pa ova ona,i na kraj im vika aj sega zatvorete gi prozorcite(pazi sega maj mesec e i pekolno zestilo i site prozorci vo prostorijata se otvoreni) i ete ti go eden ucitel po fizicko odma ripa i koga si gi faka eden po eden prozorcite ......:pos2:


inaku uste eden biser mora da vi kazam,gazdata mi sto pati go ucev kako da go gasi kompjuterot arno ama ne mu faka pametot ,pa tipot stekot go otkrna ne e lesno celo vreme ukluci iskluci od stek mameto mu go e
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сцена која не требаше воопшто да се случи... на гости кај другарка...

Типката - студентка на 3та година информатика има лап топ преполнет со програми едно чудо празни new folder итн... битно немаше лиценциран антивирус и овој наоѓаше еден фајл во систем32 ама не го бришеше и јас бидејќи постојано компјутеров покажуваше некои "ерори" влегувам во Ц - виндовс - систем32 и само типкава вриска ееееј што правиш беее се вртам и и викам само да видам нешто де, и оваа ама како ? Кај најде Windows фолдер, кај влезе? :nesum:

__________________________
ии пред некој ден прибидејќи :) од кабловска на грешка ми додадоа цел 1 мегабит брзина на пакетот :pos: идат двајца типови и ми викаат ај да провереме нешто - си се јавил дека имаш дефект јас им викам НЕ овие упорно ама да влеземе да видиме кај нас на серверот ни покажува дека имаш проблеми... и после 5-6 изменувања на приказната зошто се дојдени седнаа пред компјутер се конектираа отворија СТАРТ - РАН - ЦМД и таму пиша ПИНГ и толку го исклучи и ми вика дечко проблемот е решен :nesum: јас одвај се додржав да не прснам да се смеам и им викам а нема повеќе да имам проблеми (задржав сериозна фаца) овие двајца се погледнуваат и ми вика абе до адаптерот бил проблемот и пазете објаснување (се работи за обичен адаптер) значи вака адаптерот кој го имаш има кеш меморија :)pos:) и кога си на интернет таа собира и собира податоци и нам ни покажува грешки на серверот :pos: е тука верувајте незнам како успеав да издржам да не прснам во смеа... битно не го решија проблемот и уште си возам со 1мб екстра брзина.
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
83
Поени од реакции
6
место: интернетџилница
време: не е битно
улоги: В-вработен, М-муштеривка.

М: добар ден, има мирц?
В: има.
М: ќе можи да ми приклучите
В: нема проблем (и приклучува)
.
. (подоцна)
.
В: (забележува дека типката воопшто не се труди да разговара)
.
.
М: (по половина час неуспешно ирцање) ако можи да исклучите?
В: па исклучи си сама.
М: како?
В: со глувчето стисни горе десно на „иксот“.
М: (го крева глувчето од биро, го залепува на монитор и притиска) не можи.
В: вака. (знаете како нели?)
М: (фрла 500 денари и бега ко ѓаол од темјан)



леле колку си ме изнасмеал !!!!!! 5 минути неможев да престанам да се смеам и се расплакав за сва времена од смеење. Алал да ти е ми го продужи животот!!!:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.696
Поени од реакции
11.507
ХахАХАХха, фани фани!!!
Јас не се сеќавам, ако ми текне ќе пишам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom