„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Капиталистичкиот начин на работа е поврзан со една и само една цел а тоа е правење профит и ништо повеќе. За да една фирма оствари профит го имаме тројството од капитал, средства за работа и труд.
Фирмите овде кои вложиле капитал, често имаат застарени и срање средства за работа настрана никаква заштита, а трудот на вработените кои им прават профит го сметаат за нужно зло.

Сите можни капиталистички фирми на свет даваат апсолутен минимум можен на вработените со цел да остварат што повеќе профит за газдите и поголеми дивиденди за акционерите.
Тоа е цела филозофија, нема ништо друго.
Останува на вработените да се изборат за поголем дел од колачот. Во таа смисла наголемувањето на минимална плата на 14,5К е позитивен чекор но и тоа е премалку.

Ако некој знае, би сакал да прочитам дали е возможно за еден млад човек, да кажеме 20-40 години физички да опстане со просек плата кај нас (околу 300 евра реално, заебете оние прикаски од завод за статистика тоа е политичко гомно).
За да работникот може да преживее физички и да не умре и притоа да биде во доволно силна психофизичка форма за да биде во работен однос, надоместокот за неговата работа мора да биде над некој плафон испод кој вребаат болести и неухранетост.

Работодавците навелико злоупотребуваат тоа што семејните врски сеуште се цврсти кај нас па под ист кров живеат 2-3 генерации, па две плати, две пензии, нешто рандом на црно ваму таму се поминува од први до први.

Немаме синдикати, т.е. тие се привезок на секоја власт и се непријатели на работниците, немаме ништо, никаква организација на трудот. Немаме нит соодветна заштита па просек еднаш неделно гине по еден вработен во РМ. Колку остануваат осакатени за цел живот или времено не се знае.
Бројката на трудови инвалиди последно што видов беше околу 110.000 лица што е шокантно.

Ваквите изјави како џабе работи се дел од дебиланата која го краси македонскиот вработен во реален сектор кој ја доживува работата како да му е дадена на поклон а не дека му прави профит на газда и акционери.

Се додека работничка класа од реален сектор барем, не се организира и не започне да зема поголем дел од колачот наречен заработка на една фирма, дотогаш ќе имаме 1/4 сиромашно население и ќе бидеме земја со најмногу сиромаси во Европа.
Еден е животот бре, како луѓе си ги трошат годините безвеза со работење за 300 евра, без никаква заштита, неплатено прекувремено, мобинг, понижувања, без годишни одмори, да ми је знати што им се врти на рајава во тоа главите.
 
J

joli1

Гостин

Убав пост, делиме некои слични мислења у врска со платите.

Голема улога игра и тоа каде си стациониран у Македонија, ако си во Скопје, да, да работиш за 300 евра е сасвим смешно поради тоа што Скопје ги има најголемите трошоци за живот, но и најголемите плати. Со малку повеќе искуство и желба у Скопје лесно се наоѓа работа за 500 евра, барем според тоа што го имам видено од другари, познаници и роднини кои што живеат во Скопје.

Но, не е таков случајот на пример во источна Македонија. Градов кај што живеам има најголема невработеност во цела Македонија, па поради таа причина на работодавачите им е многу лесно да најдат заморче кој што ќе им работа неосигуран, прекувремено неплатено и на кому ќе му ја вадат маста за смешни пари, најчесто минималец или нешто малку повеќе од минималец. Пошто нели, ако не сакаш ти, има друг кој што ќе сака. А за патување од роден град до Скопје треба ептен да се исплати, месечна карта за бус, месечна карта за возење у скопските бусови, дневни трошоци, итн.

Пресуден момент у животов у врска со работа ми беше кога работев одговорна работа, тогаш бев нешто малку помлад, работата ми се состоеше од дифузирање тензични ситуации, смирување луѓе и секојдневна работа со типци кои беа ептен нестабилни, како додаток на тоа беше тоа што работав со месеци без слободен, у време кога имаше многу странци и многу работа. За неколку месеци работање без слободен, од прва у втора, од втора у прва, секојдневно, добив само 50 евра плус (за сите месеци btw), а од премореност буквално почнав да паѓам на работа, да ми се лоши и да имам проблеми со притисокот на уште ненаполнети 20 години. За ова имам пишувано мислам у друга тема за работа, каде што подобро ја имам објаснето ситуацијата, у кратки црти на крај ме скратија од плата од смешни и реваншистички причини и решив да напуштам. Тогаш сфатив дека лојалноста не се цени и дека мнозинството работници се лесно менливи.

У врска со платите, сево ова зависи до вработените, да. Ја лично имам дискутирано со многу колеги да тражиме подигање на плати поради тоа што најчесто сум ги работал најпрометните места и места од каде што се вадел најголемиот профит на фирмата, но секогаш останувало на збор. Кога доаѓало време да се зборува со менаџерот, сите освен ја се криеја и се плашеа/срамеа да тражат нешто што реално и треба да им следува, затоа до ден денес ги добиваат истите плати како пред неколку години.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
@Lester Freamon отидовме многу вон тема и се начнаа милион работи, и од моја и од твоја страна. викенд е, да олабавиме. :)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
@Lester Freamon отидовме многу вон тема и се начнаа милион работи, и од моја и од твоја страна. викенд е, да олабавиме. :)
Плус и празник е, да не збориме па колку е жешко, многу потење му удри, невела!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Убав пост, делиме некои слични мислења у врска со платите.

Голема улога игра и тоа каде си стациониран у Македонија, ако си во Скопје, да, да работиш за 300 евра е сасвим смешно поради тоа што Скопје ги има најголемите трошоци за живот, но и најголемите плати. Со малку повеќе искуство и желба у Скопје лесно се наоѓа работа за 500 евра, барем според тоа што го имам видено од другари, познаници и роднини кои што живеат во Скопје.

Но, не е таков случајот на пример во источна Македонија. Градов кај што живеам има најголема невработеност во цела Македонија, па поради таа причина на работодавачите им е многу лесно да најдат заморче кој што ќе им работа неосигуран, прекувремено неплатено и на кому ќе му ја вадат маста за смешни пари, најчесто минималец или нешто малку повеќе од минималец. Пошто нели, ако не сакаш ти, има друг кој што ќе сака. А за патување од роден град до Скопје треба ептен да се исплати, месечна карта за бус, месечна карта за возење у скопските бусови, дневни трошоци, итн.

Пресуден момент у животов у врска со работа ми беше кога работев одговорна работа, тогаш бев нешто малку помлад, работата ми се состоеше од дифузирање тензични ситуации, смирување луѓе и секојдневна работа со типци кои беа ептен нестабилни, како додаток на тоа беше тоа што работав со месеци без слободен, у време кога имаше многу странци и многу работа. За неколку месеци работање без слободен, од прва у втора, од втора у прва, секојдневно, добив само 50 евра плус (за сите месеци btw), а од премореност буквално почнав да паѓам на работа, да ми се лоши и да имам проблеми со притисокот на уште ненаполнети 20 години. За ова имам пишувано мислам у друга тема за работа, каде што подобро ја имам објаснето ситуацијата, у кратки црти на крај ме скратија од плата од смешни и реваншистички причини и решив да напуштам. Тогаш сфатив дека лојалноста не се цени и дека мнозинството работници се лесно менливи.

У врска со платите, сево ова зависи до вработените, да. Ја лично имам дискутирано со многу колеги да тражиме подигање на плати поради тоа што најчесто сум ги работал најпрометните места и места од каде што се вадел најголемиот профит на фирмата, но секогаш останувало на збор. Кога доаѓало време да се зборува со менаџерот, сите освен ја се криеја и се плашеа/срамеа да тражат нешто што реално и треба да им следува, затоа до ден денес ги добиваат истите плати како пред неколку години.
За жал многу малку во јавноста се дискутира за последиците од работата.
Имаме уште една дебиласта изрека која гласи "ot rabota nikoj ne umrel ehehe" а во реалноста имаме десетици мртви работници и илјаднци физички повредени годишно.
Настрана психички проблеми, јас имав скоро па ПТСС работејќи во граџевина со монтирање и тестирање на лифтови кога за броени секунди лифтот не ме пресече на пола. Уште ми е комшар коа помислам на тоа.
На истото работно место замалку ќе изгубев сите прсти освен палецот на десна рака кога огромно парче лим се откачи и падна на мене, инстиктивно подигнав шака да се заштитам демек, коа лимот оштар и ме пресече до коските на прстите и самите коски беа делумно пресечени, се гледаа буквално со око.
И така добив недела дена неплатен одмор, да зацелат раните као, среќа здравствениот систем беше одличен па ми ставија специјални мали лонгети за прсти, немав поим дека постоело такво нешто.
Се на се, можеби 10-на пати сум бил во ризик по живот и здравје.

Оттогаш баталив граџевина, иако платите беа повеќе од солидни (западна земја) никој неможе да ти плати доволно за да останеш без прсти или ектремитети, абе ајде сиктер им ебам тоа говнарите, најбитно им било да завршат барем недела дена пред рокот зададен од нарачателот на лифтот, со тоа станувале поконкуретни на пазарот пази логика, им ебам све живо и мртво од почеток на свет до крај на свет, марш бре, лешинари гадни.

Совет, не постојат пари на свет кои можат да ви платат за загубено здравје.
Ако работодавецот е CUNT и не сака да вложи во заштита, купете сами заштитна опрема, не е скапа а може да значи многу. Пример chain mail ракавици...
 
Жалам што си имал такви ситуации, поготово ова со лимот. Не постои пара која што може да надокнади за психофизичко здравје.

Колку ги заболе за нас работниците ја првенствено укапирав кога почна целата паника со корона, кога наместо цело паковање латекс нараквици и маски, ни донесоа само неколку, недоволен број на маски и нараквици иако работата ни се состоеше од тоа да имаме контакт со огромен број на луѓе на дневна база.

Се сеќавам и дека тражевме да ни биде ставено заштитно стакло, како би се минимализирало било какво евентуално ширење на корона, но додека тоа го направија веќе двете колешки ми беа позитивни на корона, а јас и другиот колега моравме да седиме во изолација со негативни тестови.

Целиот период додека работав таму, иако сум тип кој е резистантен на стрес и не се губи на психа при мала количина на стрес, деновите обавезно ги завршував така што гледав во ѕид некој саат време, а потоа обавезно чадев пакет-два трава и пиев неколку кригли пива само за да се стабилизирам. Ова не беше случај само кај мене, имав колеги кои што на дневна база конзумираа диазепами, хелекси, лексилиуми и други бензодиазепини само за да го изгураат работниот ден. Мнозинството колеги останаа без коса или им се појавуваа сиви влакна на коса и брада (што е случајот и со мене), иако се работеше за луѓе во свои 20ти години.

Проблемот е што тек кога ќе ја напуштиш работата, тогаш сфаќаш колку детриментална е за твоето психофизичко здравје, колку само недоволно си бил платен за тоа што си го работал и колку не била ценета твојата жртвуваност.

Сега кога ќе ми текне што се сум трпел и за кои пари сум го трпел тоа, ми иде сам на себе шамар да си удрам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Капиталистичкиот начин на работа е поврзан со една и само една цел а тоа е правење профит и ништо повеќе. За да една фирма оствари профит го имаме тројството од капитал, средства за работа и труд.
Фирмите овде кои вложиле капитал, често имаат застарени и срање средства за работа настрана никаква заштита, а трудот на вработените кои им прават профит го сметаат за нужно зло.

Сите можни капиталистички фирми на свет даваат апсолутен минимум можен на вработените со цел да остварат што повеќе профит за газдите и поголеми дивиденди за акционерите.
Тоа е цела филозофија, нема ништо друго.
Останува на вработените да се изборат за поголем дел од колачот. Во таа смисла наголемувањето на минимална плата на 14,5К е позитивен чекор но и тоа е премалку.

Ако некој знае, би сакал да прочитам дали е возможно за еден млад човек, да кажеме 20-40 години физички да опстане со просек плата кај нас (околу 300 евра реално, заебете оние прикаски од завод за статистика тоа е политичко гомно).
За да работникот може да преживее физички и да не умре и притоа да биде во доволно силна психофизичка форма за да биде во работен однос, надоместокот за неговата работа мора да биде над некој плафон испод кој вребаат болести и неухранетост.

Работодавците навелико злоупотребуваат тоа што семејните врски сеуште се цврсти кај нас па под ист кров живеат 2-3 генерации, па две плати, две пензии, нешто рандом на црно ваму таму се поминува од први до први.

Немаме синдикати, т.е. тие се привезок на секоја власт и се непријатели на работниците, немаме ништо, никаква организација на трудот. Немаме нит соодветна заштита па просек еднаш неделно гине по еден вработен во РМ. Колку остануваат осакатени за цел живот или времено не се знае.
Бројката на трудови инвалиди последно што видов беше околу 110.000 лица што е шокантно.

Ваквите изјави како џабе работи се дел од дебиланата која го краси македонскиот вработен во реален сектор кој ја доживува работата како да му е дадена на поклон а не дека му прави профит на газда и акционери.

Се додека работничка класа од реален сектор барем, не се организира и не започне да зема поголем дел од колачот наречен заработка на една фирма, дотогаш ќе имаме 1/4 сиромашно население и ќе бидеме земја со најмногу сиромаси во Европа.
Еден е животот бре, како луѓе си ги трошат годините безвеза со работење за 300 евра, без никаква заштита, неплатено прекувремено, мобинг, понижувања, без годишни одмори, да ми је знати што им се врти на рајава во тоа главите.
Најниската плата во принцип не е доволна во ниту една држава. Еве земи ја за пример Германија: ако си фамилијарен и само ти вработен за 160 саати (нели да не ти ја вадат душата) ќе земеш 1600 евра бруто, во зависност колку данок плаќаш ќе имаш околу 1300 нето. Стан под кирија за семејство, во зависност од градот ти е 800-1200 евра (не како индијанец со уште 10 души, туку како тука да живеете сами со твоето семејство). Што значи и таму нема да имаш доволно.
Разликата е што во такви земји на ваквите случаи им даваат други олеснувања + детски додаток ако има деца или екстра социјална помош.
И тука со 250 евра ќе имаш да платиш 150-200 евра кирија и си на бандаш, само што тука од државата ќе добиеш ова :kuracc:.

Заклучок: во капиталистички свет секој што е барем над 90iq е добро да научи нешто што ќе му носи просечна или речиси просечна плата, инаку го обрал бостанот. Во врска со ХТЗ опрема и почитување на човековото право сеуште сме далеку, но работите се подобрени од тоа што беа пред 10тина години. Има еден куп позиции кои треба да имаат бенефициран стаж, ама за жал сите спијат и никој не се замара да побара промени.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Жалам што си имал такви ситуации, поготово ова со лимот. Не постои пара која што може да надокнади за психофизичко здравје.

Колку ги заболе за нас работниците ја првенствено укапирав кога почна целата паника со корона, кога наместо цело паковање латекс нараквици и маски, ни донесоа само неколку, недоволен број на маски и нараквици иако работата ни се состоеше од тоа да имаме контакт со огромен број на луѓе на дневна база.

Се сеќавам и дека тражевме да ни биде ставено заштитно стакло, како би се минимализирало било какво евентуално ширење на корона, но додека тоа го направија веќе двете колешки ми беа позитивни на корона, а јас и другиот колега моравме да седиме во изолација со негативни тестови.

Целиот период додека работав таму, иако сум тип кој е резистантен на стрес и не се губи на психа при мала количина на стрес, деновите обавезно ги завршував така што гледав во ѕид некој саат време, а потоа обавезно чадев пакет-два трава и пиев неколку кригли пива само за да се стабилизирам. Ова не беше случај само кај мене, имав колеги кои што на дневна база конзумираа диазепами, хелекси, лексилиуми и други бензодиазепини само за да го изгураат работниот ден. Мнозинството колеги останаа без коса или им се појавуваа сиви влакна на коса и брада (што е случајот и со мене), иако се работеше за луѓе во свои 20ти години.

Проблемот е што тек кога ќе ја напуштиш работата, тогаш сфаќаш колку детриментална е за твоето психофизичко здравје, колку само недоволно си бил платен за тоа што си го работал и колку не била ценета твојата жртвуваност.

Сега кога ќе ми текне што се сум трпел и за кои пари сум го трпел тоа, ми иде сам на себе шамар да си удрам.
Јас имав колеги на нивни 21-22 години како што велиш бели влакна и рацете им се тресат како на некој со деменција, млади деца страшно нешто. Што ќе биде со нив за 10-15 години, ќе бидат хронични болесници, жално.

А никој никаде не споменува за таквите работи, сите молчат, тоа ми е мистерија, освен мене во друштво никој не проговорил никогаш за овие ствари, не можам да сфатам, ако знаеш зошто е тоа така, би замолил за твое мислење :)
Автоматски споено мислење:

Најниската плата во принцип не е доволна во ниту една држава. Еве земи ја за пример Германија: ако си фамилијарен и само ти вработен за 160 саати (нели да не ти ја вадат душата) ќе земеш 1600 евра бруто, во зависност колку данок плаќаш ќе имаш околу 1300 нето. Стан под кирија за семејство, во зависност од градот ти е 800-1200 евра (не како индијанец со уште 10 души, туку како тука да живеете сами со твоето семејство). Што значи и таму нема да имаш доволно.
Разликата е што во такви земји на ваквите случаи им даваат други олеснувања + детски додаток ако има деца или екстра социјална помош.
И тука со 250 евра ќе имаш да платиш 150-200 евра кирија и си на бандаш, само што тука од државата ќе добиеш ова :kuracc:.

Заклучок: во капиталистички свет секој што е барем над 90iq е добро да научи нешто што ќе му носи просечна или речиси просечна плата, инаку го обрал бостанот. Во врска со ХТЗ опрема и почитување на човековото право сеуште сме далеку, но работите се подобрени од тоа што беа пред 10тина години. Има еден куп позиции кои треба да имаат бенефициран стаж, ама за жал сите спијат и никој не се замара да побара промени.
Па не знам ете во Германија како е точно не сум работел таму, ама во земјите кои бев и тоа како минималец беше доволен за колку толку пристојна егзистенција. Нормално дека не можеше да се изнајми стан само за себе туку се бараа цимери со кои би се делела киријата.
Кај нас со минималец не може ни да се покрие кирија нит со цимери, настрана што за 200 евра може да се најде само дно стан, мувлосан со кревети распаднати од време на Тито па повеќе ќе се умориш спиејќи него што ќе се одмориш.
Е такви ситници прават страшна разлика а луѓе не се замараат ич.
Имам другар во немачка, работи високоплатена работа во рамки на дипломатска ситуација и зема 2600 евра нето од кои 600 дава за еднособен стан ама живее сам пошто не сакал да дели стан со друг, има можност за избор и тоа е.
Настрана што на крај на година добивал повраток на порез од 4500 евра.

На запад генерално е сосема возможно да се излезе од домот на родителите и да се живее самостално на 18+ со ентри левел плата, од почеток со цимери па после здравје со брачен партнер или пак преку надоградување на кариера. Сега ок не е тоа којзнае каков живот со цимери, ама зависи како ќе ти се погодат. Мене еднаш ми испадна траваш-џанак и цел стан корнеше на трава цело време, абе тоа ѕидовите и каучите имаат попримено од смрдеата, глава ме фркаше секој ден. А како карактер пак феноменален лик, ама ете.....
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Јас имав колеги на нивни 21-22 години како што велиш бели влакна и рацете им се тресат како на некој со деменција, млади деца страшно нешто. Што ќе биде со нив за 10-15 години, ќе бидат хронични болесници, жално.

А никој никаде не споменува за таквите работи, сите молчат, тоа ми е мистерија, освен мене во друштво никој не проговорил никогаш за овие ствари, не можам да сфатам, ако знаеш зошто е тоа така, би замолил за твое мислење :)
Автоматски споено мислење:

Па не знам ете во Германија како е точно не сум работел таму, ама во земјите кои бев и тоа како минималец беше доволен за колку толку пристојна егзистенција. Нормално дека не можеше да се изнајми стан само за себе туку се бараа цимери со кои би се делела киријата.
Кај нас со минималец не може ни да се покрие кирија нит со цимери, настрана што за 200 евра може да се најде само дно стан, мувлосан со кревети распаднати од време на Тито па повеќе ќе се умориш спиејќи него што ќе се одмориш.
Е такви ситници прават страшна разлика а луѓе не се замараат ич.
Имам другар во немачка, работи високоплатена работа во рамки на дипломатска ситуација и зема 2600 евра нето од кои 600 дава за еднособен стан ама живее сам пошто не сакал да дели стан со друг, има можност за избор и тоа е.
Настрана што на крај на година добивал повраток на порез од 4500 евра.

На запад генерално е сосема возможно да се излезе од домот на родителите и да се живее самостално на 18+ со ентри левел плата, од почеток со цимери па после здравје со брачен партнер или пак преку надоградување на кариера. Сега ок не е тоа којзнае каков живот со цимери, ама зависи како ќе ти се погодат. Мене еднаш ми испадна траваш-џанак и цел стан корнеше на трава цело време, абе тоа ѕидовите и каучите имаат попримено од смрдеата, глава ме фркаше секој ден. А како карактер пак феноменален лик, ама ете.....
Живеење со цимери е индијанска работа, додека си самец е ок, ама за фамилија не бива. Ако го делите 3ца и таму ќе плаќаш по 300-400 евра по човек, тука стан за 3ца ти е од 80-100 евра по човек. Затоа ти викам дека минималец не бива никаде, работни позиции со минималец се добри за: студенти, апла на почеток, транзиција ако се затвори/те избркаат од компанијата каде што работиш па да не седиш така дома.

И тука има високоплатени работи, во администрација имаш од: 500-1000 евра, во ИТ од 400 до 2000+ евра, пекари/готвачи во Скопје имаат од 700-1000 евра плата (во поголеми ресторани и повеќе), келнери во Скопје над 400 евра, градежно за обични работници ти е околу 500 а мајстори до кај 1000ка, тоа што го спомна со лифтови колку што сум слушал е над 600 евра, камери/аларми/електрика над 500+ евра. Така да пак доаѓаме на муабетот, ако имаш некакви вештини или си веел знаме ќе заработуваш солидно и тука.

Разликите во западните земји се во: квалитет на институции, сигурност во време на криза (тука социјалка ти е 100 евра и нема ни за храна, а не пак сметки/кирија), можности за вработувања (помала невработеност).
САД отстапува од сигурноста, имаат побрутален систем во однос на западно Европските и земјите на Комонвелтот.
 
Па ок, улогата на цимер подоцна ја презема партнер/ката и со две плати може да се има колку толку пристоен живот. Настрана што живеење со цимери е за почетна фаза на кариера, после веќе тоа не е случај, иако има исклучоци.
Со тек на време се надминува ентри-левел платата, како што викаш за лица над 90 IQ (јас баш и не сум нешто да мрчам околу тоа пошто иам 94IQ :toe:) можноста за напредок е реална.

Кај нас пазарот на труд е мал и ограничен па уште и државата како најголем работодавец прави тешко срање со тоа што ги вреба младите да се насочат кон сигурица на државна цицка а со тоа го минира реалниот сектор.
 
J

joli1

Гостин
Јас имав колеги на нивни 21-22 години како што велиш бели влакна и рацете им се тресат како на некој со деменција, млади деца страшно нешто. Што ќе биде со нив за 10-15 години, ќе бидат хронични болесници, жално.

А никој никаде не споменува за таквите работи, сите молчат, тоа ми е мистерија, освен мене во друштво никој не проговорил никогаш за овие ствари, не можам да сфатам, ако знаеш зошто е тоа така, би замолил за твое мислење :)
Автоматски споено мислење:
Ценам што побара мое мислење, како некој кој што е еден од помладите (активни/делумно активни) форумаши тука мислам дека е битно да ја дадам мојата перспектива на некои работи тука.

Јас би го објаснил тоа вака, постојат две причини, едната е поради лични причини, другата е поради менталитетот.

За едната група би рекол дека се работи за ранливи категории на млади луѓе, луѓе кои што поради фамилијарни проблеми сакаат да избегаат од дома па собираат пари, луѓе кои што имаат самохран родител и се сметаат задолжени да контрибуираат во семејниот буџет како и да имаат свои пари, луѓе од места каде што мењавање на работа е скоро па невозможно поради недоволен број на отворени слободни места, како и луѓе на кои што целата егзистенција зависи од таа плата.

Менталитетот го спомнав бидејќи ние во Македонија сеуште го влечеме тој најлош дел од југословенскиот менталитет, приметлив е најчесто кај постарата генерација која има работено пред распадот на Југославија и каде при секој разговор со нив мора да ти кажат како тие работеле во мали дуќани каде што во зима немало греење и трпеле, па сметаат дека е оправдано и младите во 21 век да го проаѓаат истото, па затоа имаш куп луѓе кои што се задоволни само поради тоа што се осигурани (нешто што треба да е нормалност и стандард) и не ги напуштаат работните места поради тоа.

Македонија е земја каде што работниците се ПЛАШАТ од газдите, каде што се СРАМАТ да побараат годишен одмор и покачување на плата и се што законски им следува.

Но, најбитното од се, има надеж! Морам да признаам дека моменталната младина одбива да работи за мали пари, мењаваат работи и се стремат кон подобро платена работа и подобри услови. Дури при недобивање на годишни одмори, каснење на плати, немање слободни денови и нецелосно исплаќање на К-15 анонимно ги пријавуваат работодавците и даваат откази, не трпат како што трпеле постарите генерации.

Во врска за разговарање за ова, зависи, во машки друштва многу ретко се разговара на овие теми бидејќи никој не сака да кука некому, како и поради тоа што улогата на мажот во општеството е да трпи, да го носи теретот на грб и да ја гледа и храни фамилијата како што најдобро знае.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Па ок, улогата на цимер подоцна ја презема партнер/ката и со две плати може да се има колку толку пристоен живот. Настрана што живеење со цимери е за почетна фаза на кариера, после веќе тоа не е случај, иако има исклучоци.
Со тек на време се надминува ентри-левел платата, како што викаш за лица над 90 IQ (јас баш и не сум нешто да мрчам околу тоа пошто иам 94IQ :toe:) можноста за напредок е реална.

Кај нас пазарот на труд е мал и ограничен па уште и државата како најголем работодавец прави тешко срање со тоа што ги вреба младите да се насочат кон сигурица на државна цицка а со тоа го минира реалниот сектор.
Па не баш секогаш излегува домашниот есап на пазар, т.е не значи дека и двајцата ќе бидат вработени, особено не кога имаат деца.

Бројката за интелигенцијата ја спомнав од аспект на тоа дека такви особи се когнитивно способни да разберат и научат повеќе отколку некој што е со понизок iq од тој праг. Генерално пониско од ова е симптоматично колку и дали воопшто ќе биде способна личноста да работи нешто што не е апла повтролива работа.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.820
Но, најбитното од се, има надеж! Морам да признаам дека моменталната младина одбива да работи за мали пари, мењаваат работи и се стремат кон подобро платена работа и подобри услови.
...денешнава младина одбива да работи оти имаат позадина, тато и мама со своите плати и стан, дедовци и баби со пензиите и куќи, па лесно да одбијат, дури не мораат воопшто да работат, све на готово дома не дека се нешто попаметни, но порано не било баш така, младите порано немале баш голем избор,
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Ценам што побара мое мислење, како некој кој што е еден од помладите (активни/делумно активни) форумаши тука мислам дека е битно да ја дадам мојата перспектива на некои работи тука.

Јас би го објаснил тоа вака, постојат две причини, едната е поради лични причини, другата е поради менталитетот.

За едната група би рекол дека се работи за ранливи категории на млади луѓе, луѓе кои што поради фамилијарни проблеми сакаат да избегаат од дома па собираат пари, луѓе кои што имаат самохран родител и се сметаат задолжени да контрибуираат во семејниот буџет како и да имаат свои пари, луѓе од места каде што мењавање на работа е скоро па невозможно поради недоволен број на отворени слободни места, како и луѓе на кои што целата егзистенција зависи од таа плата.

Менталитетот го спомнав бидејќи ние во Македонија сеуште го влечеме тој најлош дел од југословенскиот менталитет, приметлив е најчесто кај постарата генерација која има работено пред распадот на Југославија и каде при секој разговор со нив мора да ти кажат како тие работеле во мали дуќани каде што во зима немало греење и трпеле, па сметаат дека е оправдано и младите во 21 век да го проаѓаат истото, па затоа имаш куп луѓе кои што се задоволни само поради тоа што се осигурани (нешто што треба да е нормалност и стандард) и не ги напуштаат работните места поради тоа.

Македонија е земја каде што работниците се ПЛАШАТ од газдите, каде што се СРАМАТ да побараат годишен одмор и покачување на плата и се што законски им следува.

Но, најбитното од се, има надеж! Морам да признаам дека моменталната младина одбива да работи за мали пари, мењаваат работи и се стремат кон подобро платена работа и подобри услови. Дури при недобивање на годишни одмори, каснење на плати, немање слободни денови и нецелосно исплаќање на К-15 анонимно ги пријавуваат работодавците и даваат откази, не трпат како што трпеле постарите генерации.

Во врска за разговарање за ова, зависи, во машки друштва многу ретко се разговара на овие теми бидејќи никој не сака да кука некому, како и поради тоа што улогата на мажот во општеството е да трпи, да го носи теретот на грб и да ја гледа и храни фамилијата како што најдобро знае.
Убаво опфатено :)
Посебно за таа застарена ситуација околу машките особи кои мора да трпат и да не се жалат, пошто ете тие се мажи а маж не смее да се пожали, има да рмба и трае.
Но тие фрустрации кои влечат корен од работно место некаде ќе излезат на површина, па така навредување од работодавец ќе се однесе дома и поради тоа ќе трпат најблиските, жена, деца, т.е. оние кои воопшто не се виновни за тоа, оние кои треба да бидат сакани и пазени од мажот, наместо на магарето на самарот, тоа е права епидемија кај нас а никој не проговорува околу тоа.
Да се направи анкета колку лица тераат некако на работно место со помош на фармаколошки производи или барем алкохол ќе се дојде до шокантни податоци...
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Живеење со цимери е индијанска работа, додека си самец е ок, ама за фамилија не бива. Ако го делите 3ца и таму ќе плаќаш по 300-400 евра по човек, тука стан за 3ца ти е од 80-100 евра по човек. Затоа ти викам дека минималец не бива никаде, работни позиции со минималец се добри за: студенти, апла на почеток, транзиција ако се затвори/те избркаат од компанијата каде што работиш па да не седиш така дома.

И тука има високоплатени работи, во администрација имаш од: 500-1000 евра, во ИТ од 400 до 2000+ евра, пекари/готвачи во Скопје имаат од 700-1000 евра плата (во поголеми ресторани и повеќе), келнери во Скопје над 400 евра, градежно за обични работници ти е околу 500 а мајстори до кај 1000ка, тоа што го спомна со лифтови колку што сум слушал е над 600 евра, камери/аларми/електрика над 500+ евра. Така да пак доаѓаме на муабетот, ако имаш некакви вештини или си веел знаме ќе заработуваш солидно и тука.

Разликите во западните земји се во: квалитет на институции, сигурност во време на криза (тука социјалка ти е 100 евра и нема ни за храна, а не пак сметки/кирија), можности за вработувања (помала невработеност).
САД отстапува од сигурноста, имаат побрутален систем во однос на западно Европските и земјите на Комонвелтот.

I na zapad ne e podobro. Kaj mene e okolu 400funti mesecno sto ne e dovolno ni soba da iznajmis za mesec, a ne pa da imas za hrana.

Bas sea gleav plati u mk za ona sto ja go rabotam i se razocarav, nema ni 500evra, a nema ni oglasi. Uspeav samo 2 da najdam od 2020 i eden od 2018. Inace ja mislev platite ke bidat okolu 800-1000evra za takvite pozicii.
Автоматски споено мислење:

За жал многу малку во јавноста се дискутира за последиците од работата.
Имаме уште една дебиласта изрека која гласи "ot rabota nikoj ne umrel ehehe" а во реалноста имаме десетици мртви работници и илјаднци физички повредени годишно.
Настрана психички проблеми, јас имав скоро па ПТСС работејќи во граџевина со монтирање и тестирање на лифтови кога за броени секунди лифтот не ме пресече на пола. Уште ми е комшар коа помислам на тоа.
На истото работно место замалку ќе изгубев сите прсти освен палецот на десна рака кога огромно парче лим се откачи и падна на мене, инстиктивно подигнав шака да се заштитам демек, коа лимот оштар и ме пресече до коските на прстите и самите коски беа делумно пресечени, се гледаа буквално со око.
И така добив недела дена неплатен одмор, да зацелат раните као, среќа здравствениот систем беше одличен па ми ставија специјални мали лонгети за прсти, немав поим дека постоело такво нешто.
Се на се, можеби 10-на пати сум бил во ризик по живот и здравје.

Оттогаш баталив граџевина, иако платите беа повеќе од солидни (западна земја) никој неможе да ти плати доволно за да останеш без прсти или ектремитети, абе ајде сиктер им ебам тоа говнарите, најбитно им било да завршат барем недела дена пред рокот зададен од нарачателот на лифтот, со тоа станувале поконкуретни на пазарот пази логика, им ебам све живо и мртво од почеток на свет до крај на свет, марш бре, лешинари гадни.

Совет, не постојат пари на свет кои можат да ви платат за загубено здравје.
Ако работодавецот е CUNT и не сака да вложи во заштита, купете сами заштитна опрема, не е скапа а може да значи многу. Пример chain mail ракавици...
Nemoj da me sfatis pogresno ali kazi kolku pati sam si bil kriv bidejki si sakal pobrzo da zavrsis rabota ili si pravel nesto iako si znael deka e rizicno.

Prasuvam bidejki rabotam ova i go gledam sekojdnevno, mladi lugje za da se pokazat pred sefot pravat se zivo bez nikskva zastita i koa ke im recam nesto ko za oci da gi fakjas iako sum tamu za da se osiguram deka na kraj na smena ke si odat zdravi zivi doma.
Bas pred 2 dena soprev rabota bidejki rabotnikot nemase za obuka za masinata na koja bese kacen i iako bese svesen za ova sepak se odluvil da ja sraboti rabotata. Najlodo od se e sto ke prestanat dodeka suk tamu ali u momentot koga ke si zaminam ke go srabotat na istiot nacin.
Do sea 2-3 pati sum bil po bolnici nosejki lugje sho bas i ne mislele sto pravat i imaa sreka sto so malku pominaa.
Iako nie im davame bilo kakva oprema da im treba oni se pravat pametni demek nisto nemalo da im bide ako ne stavat harness dodeka rabotat na otvoreno skele na 20metri visina. I posle nekoj drug im e kriv.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom