Не е бане маргиналец и не смее да биде оставен да ровари наоколу.
Мора да постои добро смислена политика и стратегија која ќе доведе до негово уништување. Сите би преферирале да биде судски санкционирана неговата криминална активност, но до тогаш најверојатно ќе се оди со ситни поддупнувања.
Не ми е јасно зошто не е прифатен позитивно овој чекор на сдс од страна на народот. Добро е што на таква мафијашка групација и се врати главата која најмногу и ги заглави и донесе до денешната состојба.
Со бранко на чело ќе биде многу полесно да биде идентификувана од народот како крајно криминална и со тоа непожелна.
Она кое е нужно и кое го очекувам од власта е формирање на солидно дело во кое ќе бидат собрани успесите на државникот, со добри, стабилни докази, со тужба која ќе издржи и притисоци и поткуп и конечно да биде сместен шизикот и оние околу него во ќорка (би преферирал некој да го среди на друг начин за да не смета и од затвор, но колку толку и ова е ок.)
Значи, ако власта, Груевски, Јанкуловска, не превземат чекори за елиминација на бране, покрај целиот негов криминал, покрај се` она кое го направил, тоа во јавноста ќе даде сигнал дека тие меѓусебно си шуруваат, дека постои некој договор кој му дава имунитет.
Знам дека апсењето на лидерот на опозицијата ќе донесе негативни поени во странство, кои ќе бидат користени од наши полтрони дека власта е автократска, но ова е нешто кое мора да биде завршено.
Мора, Бранко и се она кое е нешто и некој во сдс, било јавно било позади, да одговара.
Тоа ќе биде процес на векот, ќе има забава за народот и конечно доказ дека судскиот систем функционира како треба.