Се среќавате со другар/ка после некое време .. ве прашува како ви оди животот, што има ново и вие му/и кажувате дека сте среќно заљубени. Што е и нормално следат прашањата како се вика, од каде е, колку сте заедно и дали имаш слика да ми го покажеш? Вие имате слика на мобилен, на компјутер, во албум и не е битно каде .. битно дека вашиот близок познаник го гледа вашиот партнер од главе до пете .. и вие како и секој нормален очекувате најмалку коментар у стилу “добар/а е“, “не е лош/а“, “уф, колку е секси“ или било што позитивно, нели за да не ве повреди вас и вашата суета познаникот ако треба и ќе излаже .. но, во случајов се случува спротивното .. познаникот го гледа вашиот партнер и без влакна на јазикот вика:
жена за маж: грд е, има голем нос, криви очи, големи уши, мали усни, глупава насмевка, дебел е, премногу е низок, ако подобро го загледам личи на геј, има криви заби - дефинитивно не е за тебе итн...
маж за жена: ружна е, има многу голем г`з, мали цицки, дебели нозе а воедно и криви, дебели прсти на рацете, дебел врат, голем нос, големи уши, мали усни, дебело лице итн итн итн итн итн..
Муабетот ми беше .. не со кои зборови вашиот познаник го опишува вашиот партнер .. туку, како вие реагирате во вакви ситуации? Што мислите дека најчесто е причината за таквите “невкусни“ коментари? Дали е можно познаникот да е љубоморен? Што ако станува збор за личност од вашиот спротивен пол? Мислите дека е можно вашиот/та другар/ка да е педер/лезбејка? Или едноставно ја кажува вистината затоа што ви мисли се најдобро? Се замарате ли воопшто?