Што е работава со темава?
Баш не гледам таков тренд на зборување српски, напротив. Голем дел од Македонците моментално учат албански.
Да се каже дека сите зборуваат српски во Македонија е претерано, затоа што голем број Македонци не знаат да зборуваат српски. Дека се обидуваат, се обидуваат, но тоа не значи дека го знаат одлично или солидно (особено помладите генерации, кои не ни живееле во Југославија).
Цела источна Македонија користи бугарски зборови, и што со тоа? Дали тие луѓе зборуваат бугарски или македонски...?
Југославија одамна умре, книги на српски (или српскохрватски) веќе нема ни по школите, ни по факултетите, а никој не ве тера сосила да гледате Звезде Гранда, Пинк и слично (кои нашите телевизии ги пуштаат заради недостаток на сопствена квалитетна програма). Постои една работа која се вика далечинско, употребете го и сменете го каналот.