Еве, медиумите пренесуваат за иницијативата да се возобнови статуата на Колос во Родос. Пак некоја германска ујдурма, повторно ќе го “хеленизираат“ Колос. Демек бил посветен на “грчкиот“ бог “Хелиос“.
Со оглед на ова, повторно станува интересна темата и историјата на Колос за која постојат разни верзии. Но јасно е дека македонскиот Бог на Сонцето бил претставуван во разни облици на територија на денешна Грдција. Јасно е дека ваква грандиозна статуа на Родос е изградена токму за време на македонското владеење на Средоземието. За мене, единствено толкување за Колос е следното: Родос во тоа време бил значајно стратешко место. За да се потврди доминацијата на ова исклучително важно место тоа морало и на симболичен начин да биде претставено преку Колос како симбол на македонскиот Бог на Сонцето (нешто слично како со поставување на статуата на Лавот кај Херонеја). Но какви све не приказни за Колос се измислуваат, демек жителите на Родос си подигале статуа, па дури каков наивен повод се измислува од хеленофилите за изградба на ваква величествена статуа.
Но еве што пренесуваат дел од нашите печатени медиуми:
Ќе се прави нов Колос од Родос
Жителите на грчкиот остров Родос одлучија повторно да ја подигнат статуата на Колосот, која своевремено била прогласена за едно од седумте светски чуда. По повеќе неуспешни обиди, челниците на островот велат дека овојпат нема да се откажат и оти со тоа ќе го остварат сонот на сите жители на Родос. Со помош на германски дизајнерски тим, што го предводи берлинскиот архитект Герт Хоф, тие ќе го реализираат овој мегаломански проект, а се надеваат и на финансиска помош од меѓународната заедница.
- Статуата архитектонски ќе биде уникатна, бидејќи нема да биде копија на оригиналот - изјави претставникот за јавноста на островот Родос, Никос Карамбелас.
Локалните власти неодамна го претставија проектот во Дубаи. Новиот кип нема да биде од дрво и нема да биде подигнат во Анкандија, најисточното пристаниште на Родос, во чест на богот на сонцето Хелиос, како што раскажуваат легендите, но исто како и неговиот претходник ќе можат да го видат сите бродови што ќе се најдат во близина на островот.
Своевремено Колосот од Родос го изградил вајарот Харес од Линдос, во чест на помирувањето меѓу жителите на Родос и Македонците. За изградбата на 33 метри високиот Колос биле потребни 12 години, а бил завршен 282 година пред новата ера. За жал, тој е урнат во катастрофален земјотрес 226 година пред новата ера.
(објавено во Нова Македонија, 27.11.08)