Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Психотопија од Петар Волнаровски и Сидарта од Херман Хесе
 
Сахара-Клав Калсер

супер книга,авантуристичка до бесвест, едвај чекам да ја дочитам
 
„Џеб пун ражи” од Агата Кристи, „Ловец” од Џени Лоу и се` уште ја влечам „Дервиш и смрт” од Селимовиќ.
 
Аааааа лош наслов си одбрал за влечење... До влечи ја, и веднаш без да застанеш земи ја "Тврдина", исто од него. Нешто како второ продолжение на Дервишот е...
 
Џејн Ејр од Е.Бронте ама на српски е и многу се нервирам.Ама ке гледам да ја најдам на македонски.Иначе книгата е супер.
 
,,13 проблеми” од Агата Кристи,
,,За кого бијат камбаните” од Хемингвеј и
,,Страници за нашата љубов” од Николас Спаркс.
Трите паралелно, зависно од расположение :)
 
walker_girl напиша:
,,13 проблеми” од Агата Кристи,
,,За кого бијат камбаните” од Хемингвеј и
,,Страници за нашата љубов” од Николас Спаркс.
Трите паралелно, зависно од расположение :)

Леле колку читаш. :nesum: Јас така правев ... Тогаш стајв интернет и се сјебав...

,,Страници за нашата љубов” од Николас Спаркс.

Добра е оваа???
 
"Дениција" од Петре М. Андреевски.
 
Само што ја почнав "Terre des hommes" ("Земја на луѓето") од Antoine de Saint Exupery. Почетокот ветува...
 
Во моментов ја читам Tajna sedam satova од Агата Кристи на српски. Некаде на средина сум. Пред тоа го читав Ден Браун Кодот на Да Винчи, Ангели и демони и Дигитална тврдина. Стварно добри книги!
 
Bada Bing! напиша:
Леле колку читаш. :nesum: Јас така правев ... Тогаш стајв интернет и се сјебав...



Добра е оваа???

Уште сум на почеток од ,,Страници на нашата љубов” ама ми изгледа одлична, а плус и многумина ми имаат кажано дека е добра книга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom