Што читате во моментов? (со краток коментар)

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Деветтиот том од творештвото на Цепенков. :) :)
 
D

Daftie

Гостин
Црно семе-Ташко Георгиевски
Booreing :|

Иначе, од Соломонов печат на Југослав Петровски ја читам Окото на ѓаволот и паралелно од нетрпеливост ги подчитнувам Буна на времињата - Давор Стојановски и Жената вамп и учителот - Марсел Еме.

"Демијан" од Хесе
...засега не лоша
Конечно „Степски волк“ од Хесе.

Хесе владее, и двете книги се ремек дела, а и во Демијан на почетокот има поделба на световите како во Степскиот волк, не е толку лесно забележливо, но сепак интересен концепт е.
 
Ј

јовица11

Гостин
Книгата се вика "Zato sto te volim"/"Бидејки те сакам" на Гијом Мусо, и слободно можам да речам дека е четиво кое не ме остава на мира, книгата ја читам како хипнотизирам, а кога не ја читам мислам на неа.Ова е дефинитивно најдоброто нешто кое допрело до моиве раце последниве пет години.Романот е психолошки трилер за еден пар кој кога ќе ја загуби ќерката, ќе ја загубат љубовта, домот, пријателите и се што ги опкружувало.Книгава вреди за секој платен денар:back:


 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Јас ја читам Ангели и Демони од Ден Браун...конечно стигнав да ја прочитам
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Дефинитивно не би окарактеризирала како здодевна, ниту една книга која говори за животот и мачењето на Македонците во Грција... Дефинитивно не би рекла дека е здодевна книга со таков опус и би ја ставила во класата ремек дела. Книга од која учиш за сопствените корени и колку било тешко истите да се засадат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom