Моментално ништо чекам да земам некоја добра книга, но овие 2 недели на плажа прочитав 4 книги
-Венчавка со Буда - Веј Хуј (интересна книга и сега очекувам ново дело на оваа писателка да видам што понатаму)
-Најголемиот трговец на светот- Ог Мандино (па има добри и поучни работи, но ништо посебно така да нови книги од овој автор не фала)
-Захир - Пауло Коелјо (реченицата ...треба да престанеме да бидеме она што мислиме дека сме, за да станеме она што навистина сме... објаснета во 350 страни, со тоа што отпочетокот навистина ми се допадна но како се ближеше крајот се повеќе не, па претерал малку со неговата фантазија Коелјо)
-Порака во шише - Николас Спаркс (ми беше при рака морав и по втор пат да ја прочитам, ја сакам книгава)