Што стана со наголемо најавуваниот инвестициски бум?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Второто -едно од ретките работи каде мислам дека не згрешив :smir:

Бајка за Снежана и седумте џуџиња :)

Важно човекот напрај фабрика...со трикови :smir:

Добра пара, ја за овие пари би се извинувал секој ден. Се извинувам.
Пак си зел некоја пара,штом почна да се извинуваш?:smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Второто -едно од ретките работи каде мислам дека не згрешив :smir:
............гребаторе..невиден, што беља си напраил деновиве????...:)
за Снежана и седумте џуџиња :)
Важно човекот напрај фабрика...со трикови :smir:
ко фабриката за чоколада на Willy Wonka :) , ама тоа бе се јаде, ова триковите на Гwујо&Co. и со маст намачкани ни кучиња не ги јадат....:)
Добра пара, ја за овие пари би се извинувал секој ден. Се извинувам.
Море три пати ..: рано на сабајле , на пладне и навечер....ко оџа од минаре :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нели скоро падна проектот Вардарска долина или јас халуцинирам:)
Направија бум но не инвестициски.Испраа милиони пред очи на сите,немаше тендер кој не беше пренадуен со цени,немаше сала која не кошташе енормно високи суми,немаше запалка која не кошташе сто илјади.Сите до една афери пукнаа,но толку лесно се заташкаа со помош на платените новинари.Само за пример вестите на сител се права трагедија.Во првиот дел Латас ги расцветува ружите,а во вториот дел -економскиот кажуваат страшни бројки,како сме пред колапс.Не знаеш дали да се смееш или плачеш во државава.
Кога ќе падне оваа власт,сите преродбеници ќе ми кукаат на тв пред Шутка,но не треба да чекаме да дојдат претходните апаши,оти ќе си ставиме катанец на земјава.Мене ми е доста од сите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Пак си зел некоја пара,штом почна да се извинуваш?:smir:
Мм, да, од кладилница :)

............гребаторе..невиден, што беља си напраил деновиве????...:)
Вака е поефтино, наместо цвеќе, алка, ресторан... :)


Што се случува со инвестицијата Свидмилк?

„Феникс енерџи“ го обжали стечајот на „Сведмилк“

Моше Баум, директор на „Феникс енерџи“ поднесе жалба за одлуката на Основниот суд Скопје 2 за отварање на стечајна постапка за „Сведмилк Македонија“. Нашата жалба до судот се базира врз неколку факти. „Феникс енерџи“ сака „Сведмилк“ да работи и да не биде ликвидирана, а досега стечајниот управник не најде начин фабриката да почне со работа. Ваква фабрика е единствена во регионот - вели Моше Баум во своето писмено обраќање.

Баум, кој за едно евро ја купи млекарницата сосе долгови од над 32 милиона евра, во текот на шестмесечната работа не им врати ниту денар на фармерите и на банките, кои се најголемите доверители. Истовремено, фабриката работеше, продаваше и извезуваше млеко, а Баум, десетици пати ветуваше дека „од утре“ ќе го врати долгот.

- Како доказ дека сме способни да работиме со фабриката на Судот му доставивме договор со „Пегасис институтот“ од Италија во вредност од 21 милион евра. Исто така, дадовме доказ за добиен тендер во Африка од една тамошна Агенција за развој. Од тендерот „Сведмилк“ месечно ќе добива 1 милион евра. Сиве овие докази покажуваат дека нашата намера за „Сведмилк“ е чист бизнис-интерес, иако во македонската јавност има друго мислење за нашата групација - вели Баум.

Основниот суд Скопје 2 официјално ја отвори стечајната постапка во млекарницата на 9 јуни 2009 година. Пред првото судско рочиште Баум, преку својот ополномоштен претставник, побара двонеделно одложување на стечајот ветувајќи дека дотогаш ќе биде доставена банкарска гаранција за исплата на долгот кон сите доверители. Но, предлагачите на стечајна постапка: Комерцијална банка, Земјоделско-сточарскиот комбинат Струмица, Прокредит банка и Тутунска банка, го отфрлија барањето на Баум како неосновано, незаконско и невалидно.
Штом работел во Африка...затоа таму владее глад :toe:

Да се потсетиме на т.н. инвестиции

Француската компанија Монтипе која требаше да гради фабрика за производство на резервни делови за автомобилската индустрија во индустриската зона Бунарџик ја откажа инвестицијата во Македонија.
Причината за тоа како што велат од Агенцијата за странски инвестиции е светската финансиска криза и намелената побарувачка за нивни производи и целосниот пад на производство на автомобили на светско ниво.
Според последните податоци од народна банка вкупните инвестиции во земјава во првите два месеци изнесувааат 50 милиони евра.. Поголем дел од сумата е реинвестираната добивка на компаниите.Споредено со минатата година, бројките се преполовени.Во истиот период минатата година вкупните инвестиции биле повеќе од 90 милиони евра. Нема најави дека ситуацијата ќе се смени.
Слободната економска зона кај Скопје остана речиси празна, и покрај најавите од Владата дека во неа повеќе нема да има место за градење. Власта полека, но срамежливо прво ги одложува, а потоа на одредено време и ги замрзнува инвестициите, кои помпезно ги најавуваше и за нив потпишуваше меморандуми.
Кумулативно, од 89 милиони евра инвестиции за првите четири месеци од годинава, дури 46,2 милиони евра отпаѓаат на кредити, кои странските компании ги позајмиле од своите фирми-мајки.Очигледно фирмите, соочени со проблеми поради кризата и недостиг од свеж капитал, најчесто се решаваат да земат заем за да ја пребродат кризата.

И покрај овие поразителни бројки, во услови кога е извесно оти годинава нема да има нови странски инвестиции, Владата се' уште е убедена дека и на ова поле добро се држиме. Новиот министер за финансии, Зоран Ставрески, веднаш по назначувањето на оваа функција, многу едноставно ги мултиплицираше инвестициите за првите три месеци од годинава.
„Доколку инвестициите од првите три месеци, 55 милиони евра, се помножат со четири ќе се добие бројка од над 220 милиона евра. Во најголемата економска криза. Во 2003, 2004 година, во златните години кога сите земји пливаа во пари, кај нас се слеваа по 100 милиони евра. Тогаш, дај да споредиме, кои години биле подобри. Инаку, странските инвестиции не се само оние инвестиции во ’Бунарџик‘, туку и инвестиции во веќе постојни објекти“, изјави Ставрески на телевизијата А1.

Тој заборава да каже дека во Македонија не се случи инвестицискиот бум што Владата го најавуваше пред три години. Иако во меѓувреме власта се обиде и со скапи рекламни кампањи, лобирања и со назначување на 21 економски промотор во 19 земји од светот, од големите инвестиции „во најава“ засега останува неоткажана само изградбата на фабриката на „Џонсон Мети“ во „Бунарџик“.
А ова беше најавувано
За шест месеци ќе врие од инвестиции во Бунарџик
Во наредните пет до шест месеци очекувам нови инвестиции и речиси целосно пополнување на Бунарџик, како и отворање на нови 1.000 до 2.000 работни места, изјави вчера Самак
За шест месеци на Бунарџик веќе нема да има место за нови инвеститори. Ова вчера го најави министерот за странски инвестиции Веле Самак, додека присуствуваше на свеченоста за поставување темели за нова трафостаница на "ЕВН Македонија" во Бунарџик.
Во зоната досега е изградена само фабриката на "Џонсон контролс", а се уште се чека потпишување на договори за закуп на земјиште и реализација на уште четири најавени проекти - "Џонсон Мети", "Монтипе", "Искра" и "Техно Хос", италијанска фирма од областа на автомобилската индустрија.
Самак: Ниту една фирма не се откажала од Бунарџик

Досега, ниту една фирма која планирала или донела одлука да гради фабрика во Бунарџик се нема откажано од Македонија.
Ова го тврди министерот без ресор Веле Самак, во демантот по повод информацијата објавена вчера во дневниот весник „Вест“ под наслов „Странците се откажуваат од Бунарџик“.
Сепак, министерот Самак потврди дека одредени фирми кои во почетна фаза ја разгледуваа Македонија како топ-2 дестинација, поради економската криза и немање на извор на финансии, одлучиле комплетно да ги одложат инвестиционите планови и одлуки да инвестираат било каде во светот.

„Ние остануваме во постојан контакт со сите фирми со кои сме имале средби, дискусии и посети за да остане Македонија во нивната свест како најважна земја за инвестирање“, изјави Самак.
Потсетувајќи дека во изминатата година повеќе фирми донесоа одлука за инвестирање во Бунарџик, меѓу кои Монтипе, Искра, Група Орланди, итн., Самак потенцира дека ниту една од овие фирми се нема откажано од Македонија.
http://www.investicii.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=135&Itemid=30

http://www.f.e.z.bunardzik.com.mk/m_index.asp
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Додека ние бараме и чекаме странски инвеститори...

“Алкалоид“ планира производство на лекови во Србија


Фармацевтската компанија “Алкалид“ од Скопје планира да започне со производство на лекови со српскиот “Инфарм“ од Земун, најавил директорот на македонската компанија во Белград, Игор Петров.
Тој им рекол на новинарите дека во првата фаза, компанијата ќе вложи четири милиони евра и ќе вработи најмалку 25 работници.
Во план, како што рекол во втората фаза е да произведат 19 видови на лекови. Петров навел дека постои можност да се извезат лекови од Србија во Русија уште и во други 15 земји.
“Откако заврши циклусот на инвестиција, ние сакаме да добиеме и статус на домашен произведувач, затоа што вработивме околу 70 луѓе“, кажал Петров.
Тој оценил дека во Србија недостасува инвестиција од Македонија и дека “Алкалоид“ ќе поттикне и други фирми да влезат во Србија, пренесува “Бета“

http://www.time.mk/story_05e0d1e679_article_03e8d7a695.html
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Додека ние бараме и чекаме странски инвеститори...

“Алкалоид“ планира производство на лекови во Србија


Фармацевтската компанија “Алкалид“ од Скопје планира да започне со производство на лекови со српскиот “Инфарм“ од Земун, најавил директорот на македонската компанија во Белград, Игор Петров.
Тој им рекол на новинарите дека во првата фаза, компанијата ќе вложи четири милиони евра и ќе вработи најмалку 25 работници.
Во план, како што рекол во втората фаза е да произведат 19 видови на лекови. Петров навел дека постои можност да се извезат лекови од Србија во Русија уште и во други 15 земји.
“Откако заврши циклусот на инвестиција, ние сакаме да добиеме и статус на домашен произведувач, затоа што вработивме околу 70 луѓе“, кажал Петров.
Тој оценил дека во Србија недостасува инвестиција од Македонија и дека “Алкалоид“ ќе поттикне и други фирми да влезат во Србија, пренесува “Бета“

http://www.time.mk/story_05e0d1e679_article_03e8d7a695.html
Алкалоид мораше да го направи тоа затоа што за само 18 месеци беа “исфрлени“ или отпишани 9 лекови на Алкалоид од позитивната листа на Србија,со образложение дека Србите си го штитат домашното производство во услови на криза.
Одтука инвестицијата од 4 милиони евра,ќе им се исплати за само еден месец со враќање па и надоградба со нови лекови на палетата од позитивната листа на Србија.Само сето тоа е бизнис “јебачина“ на која малкумина обрнуваат внимание,посебно доколку се некадарни новинари што сакаат да направат сензација,ама не знаат како.:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Навистина, што...:toe:
ШТО ОД ТРЧАЊЕТО ПО КОМПАНИИТЕ НИЗ СВЕТОТ?
Промоторите поскапи од донесените инвестиции Македонија годишно троши околу 1,5 милион евра на економски промотори во странство кои треба да донесат инвестиции во земјава, пари кои никој не знае дали ги вратиле со својата работа. Годинава, освен најави, не слушнавме дека некоја позната фирма во земјата каде што не промовираат почнала веќе да инвестира во Македонија, сметаат експертите. Македонија има испратено 23 промотори во странство и секој од нив месечно треба да оствари од 40 до 45 средби со претставници на фирми во земјата каде што престојуваат. Нано Ружин, универзитетски професор, вели дека за овие три години нема никаков резултат од нивната работа. - Станува збор за способни и квалитетни луѓе. Меѓутоа, нивната мисија треба да биде добро осмислена, тие треба да се поврзат со лоби и со бизнис-групи. Месечно промотерите добиваат просечна плата од 3.000 евра, исто така добиваат пари за репрезентации и за престој во земјата. Ова значи дека месечно за нив се издвојуваат 120.000 евра. Никој не знае дали преку инвестиции ги вратиле тие пари - вели Нано Ружин, универзитетски професор. Според него, од промоторите се бара невозможна мисија. - Подобро е да остварат десет средби со квалитетни компании отколку 40 со неквалитетни. Вакви норми имаше и за дипломатите пред да дојдат промоторите, па тие се јавуваа цело време на телефон закажувајќи средби само за да ја исполнат квотата, за да не им се намали платата - истакна Ружин. Промоторот Петар Пандилов во Холандија во интервју објавено на веб-сајтот на холандската амбасада во Македонија вели дека ги остварува предвидените средби, иако станува збор за амбициозна бројка. - Јас работам со база на податоци на холандски фирми направена според извесни критериуми, како приход и бројот на вработени. Најголемиот интерес за да се инвестира во Македонија доаѓа од фирми кои работат во агробизнис, енергетика и недвижности - вели Пандилов во интервјуто. Каков успех досега е остварен од неговата работа вчера Пандилов не сакаше да коментира. Пред неколку месеци се најавуваше голема холандска инвестиција во производство на цвеќе, која требаше да донесе многу вработувања, но до денеска инвеститорите не дојдоа. Според Народна банка, инвестициите во последниот квартал од 2008 година се намалени за 50 проценти, во споредба со истиот период во 2007 година, а слабиот интерес за директни инвестиции продолжи и годинава. Ваквата состојба ја покажува и „Бунарџик“, кој според минатогодишните најави на Веле Самак, министер за привлекување странски инвестиции, требаше да биде преполн. Денеска во „Бунарџик“ има само две фирми - „Џонсон Контрол“ со редовна работа и „Џонсон мети“ која работи пробно. Од најавениот француски „Монтипе“, словенечката „Искра“ и некои други звучни имиња нема ништо. Вицепремиерот Зоран Ставревски, пак, вели дека со инвестициите добро ни оди. - Оваа година за првите шест месеци имаме 110 милиони евра инвестиции, што со оглед на интензитетот на светската криза е солиден резултат. Македонија во добри години имаше по 100 милиони евра инвестиции - истакна Ставрески.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Замислете некого да стават во комора за хибернација,да го замрзнат ко Оназис на тој островот и да го одмрзнат по 200 години...и гледа плакати...нов инвестициски бум во македонија...ќе се обеси...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Замислете некого да стават во комора за хибернација,да го замрзнат ко Оназис на тој островот и да го одмрзнат по 200 години...и гледа плакати...нов инвестициски бум во македонија...ќе се обеси...
Или пак ќе си се врати во “комората“,барем уште едно 200 години.:smir:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ќе биде... Нели целата влада беше во Интел. Кај и да е, ќе правиме чипсови. :icon_mrgr Само да почнеме. После кај ли ќе ни биде крајот. :) :tv:
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
„Хаиер“ и „Тривју“ следната недела планираат да почнат со изградба на фабрика во Македонија

Кинеската компанија „Хаиер“ во заедничка инвестиција со јужнокорејската „Тривју“, следната недела планираат почеток на изградба на нова фабрика во Македонија, соопшти денеска премиерот Никола Груевски кој учествуваше на состанокот на Светскиот економски форум во кинескиот град Далиан.

„Хаиер“ е најголемиот производител на компјутери во Кина и еден од најголемите светски производители на комјутери, додека „Тривју“ е една од најголемите јужнокорејски комании за производство на монитори, телевизори и ЛЦД телевизори.

Груевски напомена дека според информациите што ги добила Владата, фабриката прво ќе почне со производство на ЛЦД монитори и телевизори, а потоа и на компјутери, така што ќе има дел од програмите на двете компании. - Тоа е многу добра препорака за кинеските компании кога нивниот најголем производител на комјутери „Хаиер“ ја избрал Македонија за дестинација за Европа, бидејќи тие нема да произведуваат само за Македонија. Тие практично ја избраа Македонија како база од каде што ќе произведуваат за цела Европа, истакна Груевски.

Македонскиот премиер денеска во Далиан ја посети Зоната за висока технологија каде се сретна со двајца заменици-директори на зоната Ли Веи Мин и Чук Ши на кои им ги презентираше условите за инвестирање во Македонија и предностите на слободните економски зони. Во Зоната за висока технологија на Далиан има 2.300 компании меѓу кои е и „Хуалу-Панасонок електро-информатика ЛТД“ која денеска ја посети и македонската делегација.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ќе биде... Нели целата влада беше во Интел. Кај и да е, ќе правиме чипсови. :icon_mrgr Само да почнеме. После кај ли ќе ни биде крајот. :) :tv:
Мислиш во Микрософт?Можеби беше и во Интел,ама како помошници на референти по хигиена.Слично како “бизнисмените“ кој ќе правеа Финско село во Мариово,па се изгради асфалтен пат од 400 000 евра,само за еден “пчелар“ кој повремено го користи,додека Прилеп врие од дупки,како Дрезден по бомбардирањето.:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Бравос е ова е инвестиција,
Премиерот уште нема да биде вратен, а инвеститорите веќе ќе бидат тука во Македонија!

Само жал ми е за кинезиве, ќе треба да чекаат ред, оти пред нив се инвеститорите што ги најдоа, кога беше во Франција, па тие кога беше во САД, па тие кога беше во Канада...
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Бравос е ова е инвестиција,
Премиерот уште нема да биде вратен, а инвеститорите веќе ќе бидат тука во Македонија!

Само жал ми е за кинезиве, ќе треба да чекаат ред, оти пред нив се инвеститорите што ги најдоа, кога беше во Франција, па тие кога беше во САД, па тие кога беше во Канада...
За жал..... не се само кинезите за жалење, сите горе спомнати се за жалење, а најмногу ние кои им веруваме на нашиве министри и премиер за наводните светски инвеститори, од најавуваниот инвестициски бум
остна само..."БУМ":tapp:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Бравос е ова е инвестиција,
Премиерот уште нема да биде вратен, а инвеститорите веќе ќе бидат тука во Македонија!

Само жал ми е за кинезиве, ќе треба да чекаат ред, оти пред нив се инвеститорите што ги најдоа, кога беше во Франција, па тие кога беше во САД, па тие кога беше во Канада...
незнам дали ова глупостиве т.е "ова инвестицииве " Гwујо сам ги смислува со тоа братучедите, другарчињата и неколкуте дупелисци околу него..???
, ама ептен сум љубопитен дали навистина верува во тоа препородништвото и приказните кои ги раскажува...или навечер со тоа пајташите се тркала од смеење кога ќе му текне колку му е народот " МИЛОЈКО " :vozbud:

..ако е тоа првото......хе.хе..сме наебале...није ваљда....??? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom