Секој со приоритетите и секој со паметот. Ако не сакаш да работиш овде за 400 евра и да бидеш самостојна, бујрум оди странство и работи за поголема плата. Светот ви нуди толку можности денес, али кој да ги искористи, нели.
Не е деградирачки да седиш дома и да гледаш деца. Тука веќе влегуваме во тема брак каде се се подразбира дека се делат финансиите и одговорностите се скроз поинакви него кога сум во врска. Али шо знам, не сакам никогаш да се доведам во ситуација да му барам пари на маж ми за едно паковање влошки, или да си ја донесам во прашање состојбата на моите деца пошо една плата е малце за живот, а мене ми е свилен газот и не сакам да работам, упс, да се деградирам за 400 евра.
Дечко ми може никогаш нема да ми стане маж, во години сум кога темата брак не се ни спомнува. На никого не му растат парите на дрво и сметам дека одлика на еден зрел човек е разумно менаџирање на сопствените финансии. Мене ми смета ако ми го плаќа секое излегување пошо имам совест и знам како ги заработил тие пари. Нема потреба тој да работи 10 сати во денот за да јас живеам како кралица. Ако татко ми не ми овозможил таков живот, никој маж натака не е должен да ми го обезбеди тоа.