Облак се вие, орлите пиштат,
планини пеат за Караџата.
Запеј ми, запеј Кожуф планино
старата песна за Караџата.
- Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде је Македонија?
- Ето таму горе, Кумановско поле
Охрид, Битола, дур' до Пирина.
Шчици се бичат, спици се прават,
на Македонци во нокти клават,
в' огинот гори, железо се топи,
на Македонци под мишки клават.
- Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде е Македонија?
- Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци
Неготино, Дојран, дур' до Солуна.
Ај нека знае цела Европа,
до каде е Македонија:
ето тамо горе, Тетовско поле,
Гостивар, Струга, дур' до Кичево.
Има ли уште кој да не знае
каде е македонската земја?