Новинарка. Убедена сум дека нашиот општествен синдром, ќе биде успешен предизвик за мене. И се надевам дека ќе имам леб да јадам од оваа професија. Едноставно многу се вклопува со темпераментот кој го имам како и желбата за постојана промена, акција, раздвиженост... Не можам да седам мирна... Особено ме интересира новинарството во печатените медиуми.
Иако знам дека не би требало рака под рака да одат правото и политиката, би сакал, најпрво да имам успешна кариера како правник ,адвокат во нашето правосудство, па ако даде Господ за некои 20-ина години и Премиер на Република Македонија.
Сакам да сум архитект.
Мојот дедо беше архитект, неговиот брат исто. Така да и мене ме влече нешто кон тоа.
Како втора желба ми е (беше) да бидам новинар, а како трета (најстара) да бидам доктор. Ама брзо се откажав од тоа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.