Мислам дека најголем проблем со многу млади женски (овие постариве не ги знам доволно) е тоа што тие не знаат точно што сакаат, барем не знаат да го искажат со зборови. Најверојатно зошто не ни седнале да размислат што ги привлекува што не; што им одговара; кај може да прават компромис, каде не; по кои принципи се водат. Практично не се познаваат себе си.
Па се водат по тоа што комшиката им кажала, што пишува во Теа шема, што направила Натали Портман на филмот. Муабетот сакам плави очи, академско образование, стил на облекување е крајно глупав, зошто тоа драги мои жени, не е никаков критерирум, тоа може евентуално да биде изговор.
Ама како компензација имаат листа од стотина работи кои сигурно не ги сакаат. Е ова веќе ја прави трагична работата, зошто тука имаш од најдетални до најбанални работи, списоков е поистенчен од тој на контрацептивни пилули.
Но целава оваа работа не е ништо во споредба со тоа колку многу емоционало нестабилни луѓе има, некоја нова мода што би рекол Виктор. Па денес те сакам утре не, потребите ми се менуваат ко времето надвор...Ама ова не е женска категорија, туку универзална.