Saladin
被爆者
- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 10.792
- Поени од реакции
- 13.704
Затоа најчесто стапуваш у врска која се крунисува со брак.После долга врска се ти е чудно некако и тешко е да се навикниш дека конечно си сам и слободен.![]()

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Затоа најчесто стапуваш у врска која се крунисува со брак.После долга врска се ти е чудно некако и тешко е да се навикниш дека конечно си сам и слободен.![]()
Затоа најчесто стапуваш у врска која се крунисува со брак.![]()
Но најчесто е такаНе мора да значи![]()
А ако за време на долга врска си го имал сето тоа, шо е следно по неа? Повеќе секс, дрога и рокендрол?После долга врска следи секс, дрога и рок & рол.
ДаА ако за време на долга врска си го имал сето тоа, шо е следно по неа? Повеќе секс, дрога и рокендрол?![]()
А ако за време на долга врска си го имал сето тоа, шо е следно по неа? Повеќе секс, дрога и рокендрол?![]()
Во глобала, на врската си и` ставила крај ти, иако негов бил изборот по погрешниот пат. Се поставува прашањето дали ти лично сакаш да е вратите во врска. Иако викаш дека довербата е доста битна работа, се има разнишано оној момент кога дозна за неговиот погрешен пат, сепак длабоко во себе сакаш да му се вратиш, но бараш некаква гаранција за тоа да не продолжи понатака по истиот пат.Помина доста долго време од последниот пат кога пишував на форумот... И помина повеќе од месец од денот кога последно го видов него... Секој ден се празнам на другарките ама изгледа не ми е доста, ќе пишувам овде, можеби некој ќе продолжи да ја чита мојата приказна...Го запознав кога имав 17 години, трета за четврта средно.. Се затрескав..Па кога почнавме да излегуваме бев на седмо небо, му ги обожавав очите, клепките, рацете, погледот... Кога прв пат ме гушна конечно почуствував дека припаѓам некаде... Чувствував толку многу љубов, среќа... Сега имам 23 години...Во ноември ќе бидат 24. Бев матурантка-тој ме испрати на матура, бев апсолвентка-тој ме испрати на апсолвентска. Моите другарки за време на факултетските денови постојано запознаваа машки, имаа секс со нив, се журкаа, а јас бев горда што го имам него, што вечер ќе заспијам кај него в соба, па ќе ме разбуди да ме донеси дома. Бев толку сигурна. Растев, се менував, созревав, а во него и понатаму бев сигурна, верував дека ќе останам со него. Толку бев скромна, толку малку ми требаше за да сум задоволна. Можам да пишувам до утре и да набројувам што се ми беше тој мене...Ќе издвојам: најдобар другар, ебач, дечко, поткрепа. Скоро секој ден од последната година, од овие 6, не поминуваше без кавга. Нервозен, незадоволен, несреќен. Никогаш не ми ја кажуваше причината. Колку вечери со ред се гушев во перницата плачејќи силно... Се прашував зошто, што сум згрешила, зар јас повеќе не сум доволна причина и мотив за да го живее животот, да си најде работа, да не спие до 5 поручек...Се прашував зошто не сака дење да излеземе надвор, да пиеме кафе, да разговараме за се и сешто и секој. Постојано се окривував себеси дека не сум доволно добра, дека не го правам среќен како порано. Навика ко навика, секоја вечер заедно...Вечери без љубов, без гушкање, полни со кавги, со солзи...Ми викаше, јас плачев, па се смирувавме...Па пак викотници...Ме пцуеше...Ме навредуваше..Јас повторно и повторно се обвинував.. Имаше моќ да ме убеди дека е тој во право. Дојде и таа вечер. Почеток на лето, после полноќ следуваше нашата годишнина- 6 години врска. Влеговме во неговата соба, турско кафе, цигари, немир, сомнеж...Се трудев да разговараме нормално..И разговаравме...Пробував да не зборувам за парите кои ми ги земаше а никогаш не добив јасно објаснување за што ги троши се до оваа вечер... Зборувавме и наеднаш го снема..Изгуби свест...Почна да се треси...Да се грчи...Да умира...Личеше на епилептичен напад.. Јас почнав да врискам-не ме слушаше...Не можеше... Мислев дека ќе си замини на оној свет... Се грчеше а јас бев беспомошна...Само го молев Господ да не ми го зема... Додека да стигне брзата помош се освести.. Се врати..Не се сеќаваше што се случи. Стигнавме на болница. Ова беше втор пат како добива ваков напад, на првиот не бев присутна и никој не ми кажа се до таа вечер. Кога првиот пат доби напад му направија секакви тестирања, дали е епилептичар и слично. Пошто нападот се повтори, докторите беа зачудени и го нападнаа со прашања. Призна дека пие трамадоли. Тогаш сватија дека нападите се резултат на тоа. Кога го кажа тоа, цела зграда се урна врз мене... Ме уби...Ме уништи... Ме гледал во очи и ме лажел долго долго време. Моето се ме уби на нашата годишнина. Сакав да ме снема, да умрам, да не постојам...Ме обвинуваше дека јас сум го оставила кога му требало помош, кога му било тешко...Како може да е толку себичен? Ме лажел, ме крадел, ме обвинуваше дека не знам да го направам среќен, го нервирав без причина, ме испраќаше дома насолзена и уништена..А тој всушност бил зависник...Сега се ми е јасно. Секоја вечер ми пишува, ме моли, ми кажува како ме сака, како јас сум неговото се...Не сака да прифати дека е крај, дека таа што го сакаше безусловно ја уби и ја отфрли лажејќи. Таа што сакаше да му роди деца, да остари со него. Тој не го доживеа ова што го доживеав јас. Тој не беше излажан. И вечерва е една од тие мачни вечери во кои ми фали и во кои повторно ја преживувам милион пати страшната глетка... Истовремено е и вечер во која сфаќам дека немам на кој да му се вратам...Врска без доверба е едно огромно ништо. Тој ме направи ништо. Некој можеби ова го дочита до крај, а јас одам да палам уште една цигара, иако си ги измив забите. Ама ми гори душата. Ако го дочита ова до крај, да пoставам едно наивно прашање: зошто ни кога душата ќе му ја подариш на човек не е доволно?
Помина доста долго време од последниот пат кога пишував на форумот... И помина повеќе од месец од денот кога последно го видов него... Секој ден се празнам на другарките ама изгледа не ми е доста, ќе пишувам овде, можеби некој ќе продолжи да ја чита мојата приказна...Го запознав кога имав 17 години, трета за четврта средно.. Се затрескав..Па кога почнавме да излегуваме бев на седмо небо, му ги обожавав очите, клепките, рацете, погледот... Кога прв пат ме гушна конечно почуствував дека припаѓам некаде... Чувствував толку многу љубов, среќа... Сега имам 23 години...Во ноември ќе бидат 24. Бев матурантка-тој ме испрати на матура, бев апсолвентка-тој ме испрати на апсолвентска. Моите другарки за време на факултетските денови постојано запознаваа машки, имаа секс со нив, се журкаа, а јас бев горда што го имам него, што вечер ќе заспијам кај него в соба, па ќе ме разбуди да ме донеси дома. Бев толку сигурна. Растев, се менував, созревав, а во него и понатаму бев сигурна, верував дека ќе останам со него. Толку бев скромна, толку малку ми требаше за да сум задоволна. Можам да пишувам до утре и да набројувам што се ми беше тој мене...Ќе издвојам: најдобар другар, ебач, дечко, поткрепа. Скоро секој ден од последната година, од овие 6, не поминуваше без кавга. Нервозен, незадоволен, несреќен. Никогаш не ми ја кажуваше причината. Колку вечери со ред се гушев во перницата плачејќи силно... Се прашував зошто, што сум згрешила, зар јас повеќе не сум доволна причина и мотив за да го живее животот, да си најде работа, да не спие до 5 поручек...Се прашував зошто не сака дење да излеземе надвор, да пиеме кафе, да разговараме за се и сешто и секој. Постојано се окривував себеси дека не сум доволно добра, дека не го правам среќен како порано. Навика ко навика, секоја вечер заедно...Вечери без љубов, без гушкање, полни со кавги, со солзи...Ми викаше, јас плачев, па се смирувавме...Па пак викотници...Ме пцуеше...Ме навредуваше..Јас повторно и повторно се обвинував.. Имаше моќ да ме убеди дека е тој во право. Дојде и таа вечер. Почеток на лето, после полноќ следуваше нашата годишнина- 6 години врска. Влеговме во неговата соба, турско кафе, цигари, немир, сомнеж...Се трудев да разговараме нормално..И разговаравме...Пробував да не зборувам за парите кои ми ги земаше а никогаш не добив јасно објаснување за што ги троши се до оваа вечер... Зборувавме и наеднаш го снема..Изгуби свест...Почна да се треси...Да се грчи...Да умира...Личеше на епилептичен напад.. Јас почнав да врискам-не ме слушаше...Не можеше... Мислев дека ќе си замини на оној свет... Се грчеше а јас бев беспомошна...Само го молев Господ да не ми го зема... Додека да стигне брзата помош се освести.. Се врати..Не се сеќаваше што се случи. Стигнавме на болница. Ова беше втор пат како добива ваков напад, на првиот не бев присутна и никој не ми кажа се до таа вечер. Кога првиот пат доби напад му направија секакви тестирања, дали е епилептичар и слично. Пошто нападот се повтори, докторите беа зачудени и го нападнаа со прашања. Призна дека пие трамадоли. Тогаш сватија дека нападите се резултат на тоа. Кога го кажа тоа, цела зграда се урна врз мене... Ме уби...Ме уништи... Ме гледал во очи и ме лажел долго долго време. Моето се ме уби на нашата годишнина. Сакав да ме снема, да умрам, да не постојам...Ме обвинуваше дека јас сум го оставила кога му требало помош, кога му било тешко...Како може да е толку себичен? Ме лажел, ме крадел, ме обвинуваше дека не знам да го направам среќен, го нервирав без причина, ме испраќаше дома насолзена и уништена..А тој всушност бил зависник...Сега се ми е јасно. Секоја вечер ми пишува, ме моли, ми кажува како ме сака, како јас сум неговото се...Не сака да прифати дека е крај, дека таа што го сакаше безусловно ја уби и ја отфрли лажејќи. Таа што сакаше да му роди деца, да остари со него. Тој не го доживеа ова што го доживеав јас. Тој не беше излажан. И вечерва е една од тие мачни вечери во кои ми фали и во кои повторно ја преживувам милион пати страшната глетка... Истовремено е и вечер во која сфаќам дека немам на кој да му се вратам...Врска без доверба е едно огромно ништо. Тој ме направи ништо. Некој можеби ова го дочита до крај, а јас одам да палам уште една цигара, иако си ги измив забите. Ама ми гори душата. Ако го дочита ова до крај, да пoставам едно наивно прашање: зошто ни кога душата ќе му ја подариш на човек не е доволно?
Во глобала, на врската си и` ставила крај ти, иако негов бил изборот по погрешниот пат. Се поставува прашањето дали ти лично сакаш да е вратите во врска. Иако викаш дека довербата е доста битна работа, се има разнишано оној момент кога дозна за неговиот погрешен пат, сепак длабоко во себе сакаш да му се вратиш, но бараш некаква гаранција за тоа да не продолжи понатака по истиот пат.
Љубовта секогаш е ризик фактор. Иако ти се имаш заљубено во некогашната слика на него (кога сте биле помлади), тој (а со тоа и ти) се имате променето. Колку таа промена ќе ве прави компатибилна за понатака, толку љубовта ќе трпи трансформации а со тоа и ќе се зацврснува. Но никогаш не треба да силиш нешто, само затоа што некогаш било толку убаво. Можеби само треба да се обидеш.
Како да се обидеш, тоа можеме само да ти дадеме совет, два, се` е до тебе како ќе прифатиш и направиш. Дали после инцидентов имате седнато на сериозен муабет? Или ти се имаш само повлечено откако дозна? Ако е второво, твојата причина за крај е ништо повеќе шокот кој го имаш доживеано но не и тоа дека работите не можат да се поправат. Пошо веќе откако знаете за проблемот, можеш многу да му помогнеш ако имаш желба да го вратиш. Но пак ќе повторам, ризик фактор е сево ова. Изискува труд и посветување, пребродливо е и откако ќе се среди треба да се негува. И секогаш ќе бара доза на резерва во случај работите пак да не скренат по погрешен пат. Но по сето она што го прочитав погоре, зарем не вреди да се обидеш? Нема многу што да загубиш, ако повторно го направи истото, имаш голема причина да ставиш крај. Вака работите се се`уште недефинирани, се кладам у себе се јадеш што го имаш оставено иако тој те има повредено. Барем пробај со некаков разговор со него, голема е шансата да го одвратиш.