Од времето дур Зеко уште имаше каков таков талент за уметност,и дур му остануваше време за...хммм...
уметност !!! :bip:
За себе.
Чекориш низ ходниците на запаметеното,но темнината е густа и напредуваш бавно.Чепкаш по ѕидовите на доживеаното,збираш трошки од сеќавањата,збираш мириси.Во еден од ѕидовите налетуваш на шкаф,во шкафот уште една врата,зад вратата црни фиоки.Ги отвараш полека,една по една,додека на рацете ти се постила фината прав на времето.Во црните фиоки ги наоѓаш необјавените стихови.
Тој е виновникот за сите туѓи стравови,тој е проколнат на вечна потрага,тој е љубовник на делфинот.Тој танцува со ноќната песна на јатата славеи,тој чува дел од морето во своите очи,и дел од ветрот во својата брада.Тој не знае што е тоа логика,тој само мисли преку чувства.Тој е еруптивна смеа,тој е скриена болка,неодминлив его трип,засолниште за сите деца на морето.
Нему му е дозволено да се бунтува,нему му е дозволено да ги урива звездите и да ги менува патеките на планетите.Нему му е дозволено да ја овековечи својата возбуда.Тој е син на среќата и брат на болката.
Изговарам `по ѓаволите!`,ги гризам дисковите,палам неколку цигари,интензивно мислам,верувам во телепатија но се чини дека телепатијата не верува во мене,па повторно зјапам во телефонот,потоа во прозорецот...
Уште едно по ѓаволите...некој со крв ќе плати.
Толку многу зборуваш за неа,што твоите пријатели имаат се помалку трпение.Твоите непријатели немаат трпение,но зборуваат за тебе.Во секој случај,тука не е важна рамнотежата туку твојот непрекинат монолог.Дури и ти се помалку можеш да го слушаш.Го бараш вистинскиот начин да не мислиш на неа.Имај верба.
Кога сите врати што ти биле отворени ќе ги најдеш заклучени,ќе станеш прв ортак на збунетоста и свршеник на болката.Стануваш зависник од енергија.Сето тоа во еден ден.Ми текнува,толку траеле и трагедиите во стара Грција.
Никогаш не избрзувај.Она што е твое ќе дојде,ќе те чека,сеедно.Јас знам,јас сум пропатувал,јас имам добра километража.Не избрзувај,ако е можно.Кроти го јазикот зад вознимерените усни,не избрзувај,велат оти кажаното не се враќа.Она што било е она што го имаме.Затоа,уживај во она што го имаш,за утре да имаш повеќе.Не брзај.
`
за следниот:
Го гледам начинот на кој што те вовлекува во играта,и знам колку е тешко да одолееш.Таа прави да изгледа како да е навистина лесно да добиеш,па мислиш дека едноставно не можеш да промашиш.
Пред да ризикуваш братче,морам нешто да ти кажам - таа игра со наместени коцки. :wink:
Не можеш туку-така да ја закачаш.Ако мислиш да и се приближиш,подобро ќе ти биде да смислиш подобра причина.ААко те прими кај себе,биди внимателен:можеш да излеташ надвор побргу отколку што си влегол.Ако те бакне,возврати и.Ако вика,ако куќата ја превртува наопаку од лутина,бакни ја пак.Однеси ја во кревет,скроти ја,за обајцата да уживате во вашиот нов мир.Ако не сака да оди во кревет,дај и се на првото згодно место.
за опрост.
Виновен е Александар Бел,виновен е мојот часовник,зашто многу повеќе ме сакаат кога доцнам,виновно е облачното небо и сите мои амбиции да станам просечен.Виновни се виолините на циганите,и ветрот во празните станови,и преполните болници,и сите неми затвори.Виновни се сите неизговорени обвиненија,повиновни и од изговорените,и виновна е празнотијата во мојата соба.Тука владее ураганот.
Кога ќе дојде време за збогување,нема потреба од зборување,нема ништо за простување,нема потреба од пресметување.Се е готово,приказната завршила.Конец.Можеби еден долг бакнеж.Како печат и потпис.
Кажав за болката,и за страдањата нешто спомнав,ако продолжам премногу ќе биде,вишок ќе направам,потполно непотребен...
Ќе ми дојде денот,реков веќе,и се ќе витосам преку рамо,чекорејќи по нагорнината кон светлината.