Ништо не научив, само се потсетив на тоа што го знаев од претходно.
Дека најтешкиот дел е моментот кога треба да се раскине.
И дека потешко од тоа е само периодот на транзиција, кога треба да се одвикнеш од човекот, од средбите, од пораките, од случувањата.
Дека мажите никогаш не го сакаат во реалност тоа што кажуваат дека го сакаат само за да испаднат коректни пред народот.
И дека не знаат да прифатат загуба.
И пак се потврди дека е најтешко да раскинеш кога не постои конкретна причина (на пр. изневерување), туку едноставно си оладил. Затоа што секогаш бараат причина и понекогаш си мислам дека полесно ќе им биде да се носат со „Запознав друг“, отколку со „Не те сакам повеќе“.
А ко за беља, кај мене никогаш не се случува поради драматична причина. Едноставно избледува.
Се потсетив и пак се покажа дека љубовта не ми е приоритетна, и дека се друго е поважно од мојот партнер. Се надевам дека нема да завршам ко болна кариеристка што не се врти дома и ќе се разведе едно 4 до 6 пати. А веројатно ќе.
А едно нешто можда научив само: колку луѓе, толку карактери. Не постои ист лист во гората. И на сечиј карактер мора да се приспособуваш, со секој да се однесуваш различно, а не знам за тоа колку сум волна.