Што научивте од вашите родители...

J

Johnny Stulic

Гостин
Од татко ми - На доги стајл си секогаш од позади, секогаш!

Од мајка ми - Синко нивата не ти бега, арен си влечкање рамки по дожд
 

kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
дека некад лажењето е неизбежно средство во комуникацијата :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
9 декември 2008
Мислења
24
Поени од реакции
0
Научив како не треба да постапувам со своите деца кога еден ден ќе ги имам :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Научив како да го ценам животот и можностите што ми ги пружа тој. Кај луѓето да ги почитувам човечките карактеристики, да имам толеранција за многу нешта, да бидам хумана, секогаш да им помагам на другите и да ги држам до мене блиску тие што ги сакам. Да бидам благодарна, скромна и да ги ценам благодетите околу мене. Научив да бидам самостојна, одговорно да се грижам за себеси, да не оставам работи и обврски за последен момент. Ме научија секогаш да си ги следам своите желби и никој да нема целосно влијание во мојот живот, да не дозволувам никој да ми се меша, затоа што тогаш, цел живот ќе се прашувам што ако?

Како и уште многу други работи. Благодарам уште еднаш за сево ова што ме научивте за овие 18 години.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Од таткоми научив како да факам полесно 2.50 коефициент во кладилница. :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Научив дека треба да си добар спрема другите, за и тие да бидат добри спрема тебе. Потоа научив дека некои работи не треба да им ги забранувам на моите деца, бидејќи знам како ми било мене кога ми забраниле нешто, па нејќам и моите деца така да се осеќаат. Сфатив дека човекот не треба да го проценуваш веднаш туку дека треба прво да го запознаеш подобро па потоа да процениш дали е добар или лош.
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Научив дека секогаш треба да гледам на подобрата страна во животот и никогаш не треба да се откажувам. Животот е една голема привилегија, а јас сум привелигирана личност што имам можност да го живеам. Секогаш ќе има падови, но ќе има и станувања и летања до небото и назад, кога ќе се чуствуваме среќно и задоволно. Исто така научив дека секогаш треба да се стремам за подоброто, да се натпреварувам, да осознавам нови и нови работи зошто кога тогаш ќе ми притребаат...Научив многу многу работи, кои за жал тек сега почнувам да ги ценам. Фала мамо и тато за сите ваши совети, ве сакам многу!:back:
 

Геврек

O ALQUMISTA
Член од
6 ноември 2008
Мислења
770
Поени од реакции
483
Nauciv deka treba da bidam posten i deka nikogas netreba da se otkazuvam od nesto sto ke namislam
ova vtoroto poveke mi se sviga :tv:
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
....Синко свести се , нема пријатели денес....се е од корист (ова од искуствата на татко ми ):toe:
Тоа се на татко ти искусвата,но немора да знали дека и ти имаш исто како него.Тој имал лошо искуство со неговите другари и затоа тебе ти дава совет да се пазиш за да не напраиш грешка како него.

Јас имам научено култура,почитување,да го ценам оној што ме цени.Има и други работи ама сеа не ми текнуваат.
Остнатото како што растеме си доаѓа само од себе.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
тато-реалист во смисла на животот особено во љубовта
мама-моја најверна другарка која со нејзината подршка имам далеку протуркано...
значи ми дадоја еден таканаре4ен темел кој понатаки требам да го доизградам јас
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Дека не си македонец ако ......... не си ВМРОВЕЦ (мразам политика), не си православен христијанин (мразам религија), и не си хетеросексуалец (no comment).

Научив како да мразам одредени групи на луѓе. Фала мама и тато.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
34
Од татко ми и мајка ми научив да бидам реалист, никогаш да не се откажувам од тоа што го сакам, да верувам во себе и своите способности, да не се понижувам и секојпат да се трудам да бидам успешен во работата што ја вршам и секако најбитното од татко ми - добро да ги анализирам фудбалските натпревари и да фаќам добри коефициенти. :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom