Marionka_z
Omnia mea mecum porto
- Член од
- 16 јануари 2009
- Мислења
- 208
- Поени од реакции
- 29
Научив многу...
Научив да верувам во себе и да верувам дека ако имам доволно верба, успехот нема да изостане.
Научив да бидам искрена, она што сум; научив да бидам позитивна и насмеана.
Научив дека не треба да се предавам, туку да се борам.
Научив да бидам одговорна и вредно да работам; научив дека без труд нема ништо.
Научив да им помагам на луѓето секогаш кога им треба помош, дури и ако не ја заслужуваат.
Научив дека колку повеќе оставаш зад себе, толку повеќе наоѓаш пред себе.
Научив дека парите и не се толку важни во животот; се живее и без нив, ако има доволно љубов, хармонија и разбирање во семејството.
Научив да ризикувам, да не жалам за минатото, да одам само напред... научив да сонувам.
Научив дека и кога нешто е премногу тешко или црно, сепак треба да ја задржам смислата за хумор и да гледам на посветлата страна од животот.
Се што знам за животот научив од нив, а знам и дека имам уште многу за учење...